Бериша треба да му плати 50 илјади леки на Рама за клевета

Судот во Тирана, поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, го прогласи за виновен за клевета врз основа на тужба поднесена од актуелниот премиер Еди Рама.

Ова е четврти пат како Рама добива судски процес за клевета против Бериша.

-Судијката Енкела Бајо, во одлуката наведува дека објавата на Бериша на Фејсбук од 29 октомври 2018 година се оценува како клевета. Со донесената одлука делумно се прифаќа барањето на адвокатите на Рама за износот на отштета, па така Бериша треба да му плати 50 илјади леки (околу 500 евра) наместо бараните 100 илјади леки, објави Топ чанел.

Поранешниот премиер, сега лидер на побројното крило на опозициските демократи, објавил порака во која врз основа на допрен глас тврди дека „поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако, му давал пари на Рама со торби“.

Претходно премиерот Рама има добиено три други судски постапки за клевета со Сали Бериша, како што ги доби и судките постапки со Љуљзим Баша, Албана Вокши, Арбен Имами и Јорида Табаку, кои исто така, беа прогласени за виновни за клевета против него од страна на судот. /МИА

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

притисни ентер