Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство
1Николоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
БалканБериша: Албанија нема повеќе од 1,4 милиони населениеВо Албанија не престануваат реакциите околу пописните резултати, посебно во однос на бројот на населението и етничката припадност.Лидерот на Демократската партија (ДП) Сали Бериша, кој по одлуката на судот да му се врати правото на печат и логото, повторно е на чело на најголемата опозициска партија, го обвини актуелниот премиер Еди Рама дека за време на неговото владеење од земјата избркал 40 отсто од населението и оти прикажаната бројка од нешто над 2,4 милиони жители е чиста манипулација. - Ова го велам затоа што деновиве вистинската статистика на Институтот за статистика на ЕУ, статистиката на САД и Велика Британија се соочува со статистиката на Еди Рама која е полна со измами, измислици и монструозни обиди да го прикрие геноцидот што го изврши со својот режим врз Албанците, рече Бериша. Презентирајќи, како што рече, потврдени податоци за 8 години, не за 11 години, односно во периодот 2014-2022 година, ЕВРОСТАТ констатирал дека повеќе од 950 илјади жители ја напуштиле Албанија во земјите на ЕУ. -Режим на Рама кој како никој друг во земја без граѓанска војна протера над 1 милион и 100 илјади жители од Албанија за 8 години. Во ЕУ 950 илјади, статистиката на Велика Британија потврдува дека во оваа земја заминале 46 илјади во САД 42.5 илјади, значи околу 1милион и 80 илјади, рече Бериша. Според него во оваа бројка не се вклучени десетици илјади албански граѓани кои заминале во Канада, Норвешка, Швајцарија, земјите од Персискиот Залив и други земји во светот. Тој тврди дека во земјата нема повеќе од 1,4 милиони население наспроти Институтот за статистика 2.402.113 жители, според пописот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаНиколоски на средба со в.д. амбасадоrката на САД во Македонија, Никол Варнс: Во фокусот инфраструктурните проекти и стратешкото партнерствоЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски истакна дека Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји. Со почит, Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетмина загинаа во украински напад кај МоскваНајмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.Тагови: напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употребаВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење. Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08