Бердих е нов селектор на чешкиот Дејвис куп тим - Канал 5

Бердих е нов селектор на чешкиот Дејвис куп тим

Томаш Бердих е новиот селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Чешка, соопшти денеска Тенискиот сојуз на оваа земја. 

Бердих е нов селектор на чешкиот Дејвис куп тим

Бердих го замени Јарослав Навратил како селектор на Чешка.

Чешка не успеа да се пласира на завршниот турнир од Дејвис купот, откако на турнирот во Валенсија забележа порази од Австралија, Франција и Шпанија.

-Во Дејвис купот доживеав незаборавни моменти од мојата тениска кариера. Ниту еден момент не се двоумев да ја прифатам понудата, изјави Бердих по тој повод.

Бердих (38) во својата играчка кариера со Чешка двапати го освои Дејвис купот, во 2012 и 2013 година./МИА

Борозан останува во Вардар и следната сезона

Ракометниот клуб Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигнаа договор за продолжување на соработката. 

Борозан останува во Вардар и следната сезона

- Корпулентниот лев бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања.

Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство, физичка доминација и разорен шут беше еден од клучните играчи во освојувањето на Купот. Продолжувањето на договорот е доказ за заемната доверба меѓу играчот и раководството на клубот, информира РК Вардар.

Борозан го носеше дресот на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година. Како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, три Купа, трипати СЕХА лигата. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.

Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна гора“.

По Вардар од Велес утрово заплови 25 јубилејна меѓународна Вардарска регата „Гемиџии 2025“

Од денеска до  24 јуни низводно Вардар плови јубилејната 25 меѓународна Вардарска регата „Гемиџии 2025“, а втора година по ред од Велес се’ до Солун.

По Вардар од Велес утрово заплови  25 јубилејна меѓународна Вардарска регата „Гемиџии 2025“

На регатата која заплови утрово од под Мало Мовче на Вардар во Велес со собир на учесниците и организаторите од Општина Велес, тие по традиција се поклонија и положија свежо цвеќе на Споменикот во чест на Гемиџиите кај Вардар во Велес, а потоа и со фрлен венец по Вардар.

На годинашната регата се вклучени околу 60-тина учесници, најголем дел од Велес, како и гости - учесници од повеќе земји, информира за МИА, Ангелче Гушев старешина на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“, организатор на регатата со поддршка на Општина Велес и фирми спонзори.

Тој појасни дека изминатиот месец имале интензивни поправки на препарирање на пловните објекти. Денеска запловија со десет гумени чамци, но големата дрвената Гемија и годинава не може да плови поради преминот кон Грција.

На првата етапа од Велес низводно по Вардар, која е во тек, учесниците вечерва ќе одморат и ноќеваат на воениот полигон Криволак, утре на 20 јуни ќе пловат се’ до Демир Капија каде и ќе ноќеваат. следниот ден се плови до Марвинци, по што се минуваат 6. км по суво, преку граница и се стигнува вечерта и се ноќева во Евзони. Потоа се плови низ Вардар во Грција, на 22 јуни учесниците ќе одморат и преспијат во Акропатомис и последната вечер на 23 јуни се стигнува по Вардар во Солун, а вечерта на плоштадот во Солун, ќе имаат заедничка средба со Солунските скаути, а кои се нивни добри пријатели и соработници. .

- Годинава имам извиднички активности во Евзони, во Поликастро и во Солун. Централната манифестација е на плоштадот во Солун , дружење помеѓу солунските и велешките извидници и нашите гости, најави Гушев.

Тие годинава на Вардарската регата запловија десеттина дена порано додека Вардар е сеуште пловен, а воедно додека ќе пловат ќе добиваат дополнителен дотур на вода од „Електрани на Македонија“, кои им ја даваат нивната поддршката за непречено пловење по Вардар.

Регатата е помогната финансиски од Европскатга скаутска органзиација, а што им овозможи набавка на нови пловила, нови мотори, за пловење низ делтата на Вардар пред Егејско море

Инаку токму со големи дрвени Гемии , велешките трговци пловеле низводно Вардар од крајот н 19 и почетокот на 20 век, носејќи роба од Велес за Солун. По тој пример од фотографија на тогашните Гемии, велешките мајстори пред 15- ттина години направија и копија на Гемија, а која потоа пловеше по Вардар на изминатите Вардарски регати од Велес до Гевгелија.

Муцунски на одбележување на 70-годишнината од Конференцијата во Месина, во Таормина, Италија

На покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски учествувал и се обратил на министерската конференција

Муцунски на одбележување на 70-годишнината од Конференцијата во Месина, во Таормина, Италија

На покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски учествувал и се обратил на министерската конференција по повод одбележувањето на 70-годишнината од Конференцијата во Месина, што се одржа во Таормина, Италија.

Како што напиша на неговиот фејсбук профил, министерот Муцунски во обраќањето истакнал дека членството во Унијата претставува генерациска инвестиција и најамбициозен трансформациски проект за државата, преку кој се зајакнуваат демократијата, економскиот раст и општествената отпорност.

- Ја реафирмирав цврстата посветеност на земјата кон забрзување на евроинтегративниот процес, во согласност со јасно утврдени критериуми и стандарди, нагласувајќи ја потребата од предвидлив, фер и принципиелен пристап, без билатерализација и идентитетски отстапки. Ја подвлеков и важноста од одлучност и европско единство во контекст на актуелните геополитички предизвици, укажувајќи дека за земјите од регионот европската интеграција останува единствениот одржлив пат кон мир, просперитет и демократски напредок, објави Муцунски на ФБ.

Во рамки на дводневната конференција била усвоена и заедничка декларација со која се потврдува стратешката важност на проширувањето на Унијата како инструмент за стабилност, раст и соработка на континентот и во неговото соседство.

притисни ентер