Бени Шаќири нов директор на МКЦ - Канал 5

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

Музичарот Бени Шаќири е назначен за нов директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), потврдија за МИА од МКЦ.

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

Од МКЦ за МИА велат дека Бени Шаќири е назначен за директор уште на 10 јануари.

-Градот го криел решението на Бени Шаќири. Тој дури сега доаѓа на работа, останатите двајца кандидати имаат осум дена рок на жалба, со ова им се ускратува правото на жалба, наведуваат од МКЦ.

Покрај Шаќири, кандидатури поднесоа и продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, сопруг на заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

Шаќири доаѓа на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје

Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел и молчел додека граѓаните со години пиеле неисправна вода .

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје

Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел, молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода.

Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини?

Во периодот кога Филипче беше министер, до институциите биле доставувани анализи и наоди кои укажувале на микробиолошки неисправна вода во повеќе населени места, меѓу кои Студеничани, Зелениково, Петровец, Крушево и локации во Скопје. Наместо навремено информирање и решителна реакција Филипче молчел и не постапувал, а граѓаните не биле навремено известени.

Во 2021-та година, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец. Документи стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните. Тука конкретно освен пронајдокот на бактеријата Ешерихија Коли, има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но, граѓаните тоа не го знаеле и никој не ги известил.

Во документи од 2019-та, некои 2018-та, во време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз се на власт, во Скопје била земена мостра во Аеродром во бушен бунар чешма, која вели дека не одговара на Правилникот за безбедност на вода токму поради зголемен број на колиформни бактерии. Истото она што се случува во Гостивар. Граѓаните завршувале по болници, не знаеле што им е, но Филипче знаел.

Доколку Министерството располагало со вакви информации, зошто јавноста не била информирана? Кој одлучил овие наоди да не бидат јавно презентирани? Кој ќе ја понесе одговорноста доколку имало институционални пропусти?

Очекуваме надлежните институции да ги разгледаат сите околности, да утврдат дали имало пропусти во постапувањето и, доколку се утврди одговорност, таа да биде соодветно санкционирана.

Граѓаните заслужуваат отчетност од сите, без разлика дали се на власт или во опозиција.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СООПШТЕНИЕ на „И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката!

Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите,рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните факти.

СООПШТЕНИЕ на „И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката!

„Во последниот период сме сведоци на организирани обиди од една мала група луѓе да се наруши кредибилитетот на луѓе кои целиот свој професионален живот го посветиле на науката, истражувањето, инженерството и образованието на нови генерации стручни кадри. Наместо аргументирана дебата, тие се соочуваат со лични дисквалификации и неосновани обвинувања, само затоа што нивните ставови не се совпаѓаат со ставовите на дел од активистите.

Никој нема монопол врз јавната дебата и секој има право да го изрази своето мислење. Но, кога станува збор за сложени инженерски, геолошки и технолошки прашања, државата мора да ги слуша луѓето кои поседуваат соодветно образование, долгогодишно искуство и професионална одговорност. Само тие можат компетентно да ги оценуваат техничките процеси, современите технологии и нивното влијание врз животната средина.

Не може кредибилитетот на професори, научници и инженери да се поткопува со јавни кампањи кои не се темелат на стручни анализи, туку на дискредитации и притисоци. Таквиот пристап не придонесува за јавниот интерес, туку ја поткопува довербата во науката, институциите и експертското знаење.

Уверени сме дека иднината на Македонија не смее да се гради врз страв, шпекулации и политички притисоци, туку врз факти, законски процедури и независни стручни проценки. Само така можат истовремено да се заштитат природата, здравјето на граѓаните и економскиот развој.

Би било поразително за државата доколку стратешките одлуки зависат од јавен притисок, а не од научните сознанија, експертските анализи и институциите надлежни да ја утврдат исполнетоста на сите законски и еколошки стандарди. Македонија има потреба од силни институции кои ќе ги почитуваат знаењето и струката, а не од општество во кое научниот глас се замолчува со дискредитации.„

И ЗДРАВЈЕ И РАБОТА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија.

На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Граѓани на социјалните мрежи тврдат дека утрово помеѓу два и три часа се потребни за да ги минете двете пасошки контроли кон Грција на граничните премини Богородица и Дојран.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер