Бендевска – Џоу: Односите со Кина се базираат на меѓусебна почит и заемна поддршка - Канал 5

Бендевска – Џоу: Односите со Кина се базираат на меѓусебна почит и заемна поддршка

Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Весна Бендевска, оствари средба со заменик-министерот за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, Чен Џоу, кој е во посета на земјава.

Бендевска – Џоу: Односите со Кина се базираат на меѓусебна почит и заемна поддршка

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, присуствуваа и пратеничката Даниела Белимова и заменикот генерален секретар на Собранието, Бојан Стојаноски, при што беа разменети мислења за односите меѓу двете земји, за досегашната соработка на повеќе полиња и за можностите за нејзино продлабочување.

Заменик-министерот Џоу се согласил со оценката на потпретседателката Бендевска дека односите меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина се базирани на два принципи: меѓусебна почит и заемна поддршка, уште од почетоците на независноста на нашата земја.

Потпретседателката Бендевска ги истакнала стратешките определби на нашата држава, како полноправна членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ.

Во однос на билатералните односи, Бендевска посочила дека, иако остваруваме успешна соработка во многу области, како образованието, туризмот, здравството и културата, постојат можности за повисоки форми на економска соработка, односно за интензивирање и збогатување на размената меѓу двете држави.

Акцент бил ставен и на можностите за интензивирање на парламентарната соработка, меѓу другото и преку размена на искуства на одредени целни групи, како млади, жени, граѓански-организации или медиуми.

Во тој контекст, заменикот генерален секретар Стојаноски ги истакнал капацитетите на службата на Собранието на РСМ, посочувајќи дека е добредојдена размена на мислења и знаења, особено во насока на исполнување на стратешките правци на законодавниот дом.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дали постои дил меѓу Мицкоски и Јахоски – Пуцко Петрол за случајот „Мазут“?

СДСМ денеска од пред Јавното обвинителство побара одговор на клучното прашање кое ја интересира целата јавност: дали постои дил меѓу Христијан Мицкоски и Асмир Јахоски од Пуцко Петрол за случајот „Мазут“, тежок 167 милиони евра?

СДСМ: Дали постои дил меѓу Мицкоски и Јахоски – Пуцко Петрол за случајот „Мазут“?

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочи дека постојат сериозни сомнежи за политичко влијание врз правосудниот систем и селективна правда откако овој случај беше прекинат од обинителството.

„Како тоа се одредува притвор за недокажани 1.800 евра, а се прекинува постапка за 167 милиони евра?. Како тоа бодигардот на Мицкоски условно се пушта за претепување, а за недокажани 1.800 евра се одредува притвор?“

Причината за ваквите одлуки е целосната партизација на институциите.

„Во Македонија нема правда туку целосно партизирано судство и обвинителство.“

Димитријевиќ нагласи дека ова го потврдуваат и европските институции.

„Тоа го констатира и Европскиот парламент во извештај, нема напредок во реформите, особено во владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата.“ додаде тој.

Генералниот секретар на СДСМ го повика обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за кои јавно рече дека ги има.

„Јавниот обвинител Ненад Савески на брифинг со новинари застана зад обвинителката која го запре случајот „Мазут“ проценет на 167 милиони евра. Но, Савески кажа и една многу важна работа, дека „доколку во иднина се појават нови околности или релевантни докази, случајот може повторно да биде активиран„. Само неколку часа после брифингот на Савески и овие негови изјави, министерот Панче Тошковски, во интревју на телевизија рече дека има докази кои јавноста не ги знае и дека сите ќе бидеме шокирани. Ете го клучот, ете го решението, бараме јавниот обвинител да го повика Панче Тошковски да му ги достави доказите за кои јавно зборува дека ги има.“ рече Димитријевиќ.

СДСМ најавува дека за овој случај ќе има одговорност.

„Ова ние нема да го заборавиме. По ослободување на заробените институции и враќање на власта во рацете на граѓаните, овој случај повторно ќе биде отворен“, порача Димитријевиќ.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холивудскиот актер Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ по три години повторно во Драмскиот театар Скопје

По бројните изведби во САД, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и во дијаспората, пред македонската публика в петок, на 12 јуни, во 20 часот ќе настапи холивудскиот актер со балканско потекло, Жељко Џек Димиќ, со својата монодрама „Ој, животе“.

Холивудскиот актер Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ по три години повторно во Драмскиот театар Скопје

По бројните изведби во САД, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и во дијаспората, пред македонската публика в петок, на 12 јуни, во 20 часот ќе настапи холивудскиот актер со балканско потекло, Жељко Џек Димиќ, со својата монодрама „Ој, животе“, претстава која во изминатите години предизвика исклучителен интерес и силни емоции кај публиката низ регионот.

Монодрамата „Ој, животе“, создадена според култниот текст на актерот и публицист Јосип Пејаковиќ, е проект што Димиќ го адаптира, го режира и го изведува веќе неколку години. Претставата ја следи судбината на човек кој доброволно заминува на издржување затворска казна наместо својот помлад брат, а низ исклучително актерско мајсторство пред публиката оживуваат повеќе ликови, ситуации и животни судбини.

Критиката и публиката ја издвојуваат способноста на Димиќ во текот на целата изведба самостојно да создаде цел свет од различни карактери, водејќи ја публиката низ смеа, тага и длабока човечка емпатија. Претставата е мајсторски редок спој на хумор, емоција и животна вистина. Медиумите редовно нагласуваат дека токму мешавината на комедија и силна животна драма ја прави оваа претстава исклучително блиска и препознатлива за посетителите од целиот Балкан.

Димиќ е актер со богата меѓународна кариера. Остварил над 85 филмски, телевизиски и театарски улоги. Освен на англиски јазик, тој игра улоги на српски, руски, чешки и на италијански јазик.

Џек Димиќ во Холивуд е познат по своите улоги во американски телевизиски и филмски продукции, меѓу кои се сериите: „Ред и закон“, „Место на злосторот“, „Црна листа“, „Замок“, „Сина крв“, како и во сериите што во последните години се снимаат во регионот ̶ „Државен службеник“, „Сенки над Балканот“, „Ургентен центар“, „Воена академија“, „Клан“, „Династија“, „Вера“ и многу други. Џек Димиќ го играл научникот Никола Тесла во филмот „Народот на Тесла“, кандидат за Оскар за долгометражен играно-документарен филм во 2020 година.

Во интервјуата што ги дава по повод најновите изведби, Димиќ истакнува дека и покрај долгогодишната кариера во Америка, со особена радост настапува на мајчиниот јазик и исклучително ја цени непосредната комуникација со публиката од регионот. Токму затоа претставата „Ој, животе“ прерасна во негов најличен и најемотивен театарски проект. Димиќ нагласува дека: „ ‘Ој, животе’ не е само монодрама – тоа е приказна за жртвата, семејството, човечката добрина и силата на духот, раскажана од актер чија кариера ги поврзува Њујорк, Холивуд и Балканот“.

Гостувањето во Македонија претставува ретка можност љубителите на театарот да проследат актер кој успешно ги спојува холивудското искуство и балканската театарска традиција, носејќи на сцената претстава која веќе години наназад освојува публика на различни континенти. Гостувањето е овозможено во соработка со Амбасадата на Босна и Херцеговина во РСМ и НУ Драмски театар Скопје.

Билетите во знак на одбележувањето на 80-годишнината на Драмски театар Скопје и овој месец ќе бидат со попуст и изнесуваат 300 денари. Може да се набават преку онлајн продажбата или на билетарницата на Драмскиот театар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лука Модриќ ќе се пензионира!

Еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња, Хрватот Лука Модриќ, одлучи да ја заврши својата играчка кариера по претстојното Светско првенство.

Лука Модриќ ќе се пензионира!

Нико Шира, италијански новинар, објави дека Лука Модриќ донел голема одлука по неколку недели размислување.

Еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња одлучи да ја заврши својата играчка кариера по претстојното Светско првенство!

Освојувачот на „Златната топка“ во 2018 година сака да ја предводи хрватската репрезентација на уште едно големо натпреварување со капитенската лента.

Лука е рекордер во селекциите од екс Југославија со 197 настапи во редовите на Хрватска, а во кариерата во клупскиот фудбал има скор до 932 натпревари, 99 гола и 143 асистенции.

Главната причина за одлуката за играчот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид беше фактот што Милан не се квалификуваше за Лигата на шампионите за следната сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер