Бен Афлек е подготвен „да ја теши“ Џенифер Лопез - Канал 5

Бен Афлек е подготвен „да ја теши“ Џенифер Лопез

Џенифер Лопез (51) официјално вчера потврди дека нејзината врска со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45) е засекогаш завршена, а се чини дека веста особено го израдува нејзиниот поранешен партнер, актерот Бен Афлек (48).

Бен Афлек е подготвен „да ја теши“ Џенифер Лопез

- Сфативме дека подобро функционираме како пријатели. Ќе продолжиме да се поддржуваме еден со друг во заедничките работи и проекти. Си посакуваме се најдобро еден на друг и на нашите деца - објави сега веќе поранешната двојка, која е заедно од 2017 и се свршија во 2019 година. Тие имаа намера да се венчаат минатата година, но нивните планови беа одложени неколку пати поради пандемијата на коронавирус .

Нивната врска падна во сериозна криза откако се дознало дека Алекс се допишувал со други жени. Џенифер очигледно не можеше да го преболи тоа.

„Изгубената доверба не може да се врати“, изјавил извор близок на латино дивата.

Но, поранешниот свршеник на популарната актерка и пејачка, Бен Афлек, наводно чекал на низок старт веќе некое време, и сега е подготвен да преземе акција за да ја врати својата поранешна љубов – откако херојот на филмот „Арго“ со неговата 32-годишна колешка Ана де Армас раскина во јануари, и се чини дека Лопез е сè уште неговото тивко страдање. Ова го покажал неодамна кога во едно интервју јавно ја пофали нејзината беспрекорна фигура.

- Како е можно да изгледа исто како во 2003 година?! Каде е скриен тој извор на твојата младост - ја пофали Афлек.

- Не случајно Бен се надева на Џеј Ло сега кога е повторно соло. Меѓу нив сè уште постои силна, меѓусебна привлечност. И покрај раскинувањето, тие останаа во многу добри односи. Немаат што да загубат ако се обидат повторно ... Бен беше многу трпелив и со задоволство би и дал уште една шанса на нивната врска. Кој знае, можеби наскоро повторно ќе гледаме Бенифер! - открива извор близок до актерот, кој бил со Лопез од 2002 до 2004 година.

Двојката требало да се венча на 14 септември 2003 година, но се било откажано само четири дена пред церемонијата, поради прекумерното медиумско внимание со кое Афлек не можел да се справи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејството

Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. 

Вучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејството

Србија ќе организира сè за достоинствен погреб на Ратко Младиќ доколку тоа го побара неговото семејство, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој рече дека се подготвени како државата да помогнат, но оти Србија сè уште нема официјално известување од Хаг за смртта на Младиќ. Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

-Сега видовме дека Хаг сакаше Младиќ да почине зад решетки. Тие не сакаа генералот да почине во Србија, да умре каде што сакаше. Тоа е антицивилизациско однесување, однесување без преседан и без оправдување.- изјави Вучиќ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот Саудел двапати го погоди источниот брег на Кина во петок наутро. Властите евакуираа луѓе и ги запреа возовите и фериботите, објави Ројтерс.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот го погоди градот Таиџоу околу 8 часот наутро по локално време и градот Венџоу еден час подоцна. Ова е трет тајфун што ја погодува покраината Жеџијанг оваа година.

Саудел ќе донесе обилни дождови во Жеџијанг и Фуџијан, покраина на југоисточниот брег, со можност за локални поројни дождови, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Додека тајфунот се движи кон внатрешноста, може да донесе обилни дождови во други региони на покраината, вклучувајќи ги Хубеи, Гуангси и Јунан.

Владата на Венџоу нареди евакуација на повеќе од 820.000 луѓе, додека властите во Таиџоу суспендираа осум линии за патнички фериботи и идентификуваа 52.000 луѓе кои треба да бидат евакуирани, објави државниот радиодифузер „CCTV“.

Железничкиот оператор „China Railway Shanghai Group“ привремено ги суспендираше некои услуги на неколку линии во Жеџијанг од четврток до петок, според „CCTV“.

Фуџијан во четврток започна итни мерки против тајфунот. Проектите по должината на брегот се суспендирани, а 57 патнички фериботски линии се затворени.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Македонија вечерва осум активни пожари

Во Македонија до 18 часот се регистрани осум активни пожари, информираат од ЦУК. Во општина Сарај гори во селото Копаница, каде што е зафатена ниска вегетација.

Во Македонија вечерва осум активни пожари

Пожар е активен и на подрачјето меѓу селото Трново во општина Гостивар и селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Во општина Чашка активен е пожарот над селото Нежилово, во месноста Сватови, каде што гори ниска вегетација и поединечни дрвја. Пожар има и во селото Копанце во општина Јегуновце, каде што е зафатена мешана шума. Во прилеп активни се три пожари – над касарната, кај старите гробишта, како и во селото Црнилиште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер