Белоруска олимпијка направи скандал и побара азил на аеродромот во Токио (ВИДЕО) - Канал 5

Белоруска олимпијка направи скандал и побара азил на аеродромот во Токио (ВИДЕО)

Белоруската атлетичарка Кристина Циманоскаја тврди дека била одведена на лет за Белорусија против своја волја, откако ги критикувала тренерите на Олимпијадата во Токио.

Белоруска олимпијка направи скандал и побара азил на аеродромот во Токио (ВИДЕО)

На аеродромот во Токио Ханеда, таа истрчала кон полицијата за да добие заштита од неа и да го избегне летот до дома.

"Нема да се вратам во Белорусија. Мислам дека сега сум безбеден. Јас сум со полицијата", изјавила Циманоскаја за фотографот на Ројтерс, кој бил на местото на настанот.

Во официјалната изјава, Белорускиот олимписки комитет ги навел советите на лекарот за нејзината емоционална и ментална состојба како причина за нејзиното повлекување од Игрите.

"Кристина Циманоскаја, која јавно ги критикуваше режимот и спортските службеници, се испраќа од Токио назад во Белорусија. Очигледно, претставниците на белоруската репрезентација ја однесоа на аеродром. Изгледа како киднапирање. На прашањето дали се плаши од враќањето во Белорусија, таа одговори: „Да“, напишала новинарката од Минск, Хана Љубакова на Твитер.

Атлетичарката тврди дека нејзиниот стручен штаб дошол во нејзината соба и и` рекол да се подготви за патувањето и дека потоа ја однеле на аеродром пред да и се даде можност да се натпреварува во спринт (200 метри) и штафета (4х400).

Покрај тоа, таа тврди дека била исфрлена од тимот затоа што зборувала за проблемите со белоруските тренери на Инстаграм. Таа јавно ги критикувала за негрижа и неспособност, па лидерите на тимот одлучиле да ја испратат дома на несоодветен начин. На крајот, таа побарала азил од јапонските власти.

Според новинарката Хана Љубакова, Циманоскаја пристигнала на аеродромот во придружба на психолог и Васил Јурчук, претставник на Белоруската национална олимписка федерација.

Нивната задача била да ја отстранат од Олимписките игри и да ја спроведат до авионот за Белорусија, но таа истрчала и побарала помош од јапонската полиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг

Експлозивни дронови пронајдени во близина на аеродромот во Лајпциг покажуваат дека Германија е под закана, изјави канцеларот Фридрих Мерц откако беше објавено дека бил откриен уште еден ваков уред.

Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг

„Нападот со беспилотни летала во Лајпциг, меѓу другото, покажува дека се соочуваме со многу реални закани. германија е под зголемен надзор од хибридни напаѓачи“, рече Мерц. Германските власти за борба против тероризмот отворија истрага на 5 август откако еден вработен на аеродромот во Лајпциг пронајде дрон што носел експлозивна направа, на која детонаторот очигледно откажал. Истражителите пронашле уште еден дрон на 14 август во близина на аеродромот во Лајпциг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за Јотова: Нема да навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век

„Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат“.

Мицкоски за Јотова: Нема да навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век

Тоа изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на бугарската претседателка Илијана Јотова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Во повеќе делови од земјава денеска се активни пожари на отворен простор.

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно 11 пожари, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати. Продолжува интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа каршијака, а директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека сериозен пожар избил пожар во општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. Наведе дека итно биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не биле доволни да се сопре огнената стихија којашто се движела со голема брзина, поради што ги пренасочил ер-тракторите коишто од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината китка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер