3Иран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедноста
3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Плазма“ финале во Сплит
Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
2Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
РакометБелорусија, Србија и Унгарија се пласираа на ЕП во ракометСо дуелот меѓу Летонија и Унгарија кој заврши со победа на гостите 23:35, комплетирано е 5.коло во квалификациите за Европското ракометно првенство што следната година ќе се одржи во Хрватска. Со оваа победа Унгарците го обезбедија второто место во групата, а со тоа и своето учество на Европскиот шампионат. Селекцијата на Белорусија забележа победа над Романија, со која Белорусите покрај својот го осигураа и пласманот на Србија на ЕП. Комплетни резултати и пласман по одиграните средби од 5.коло: Група 1: Холандија – Данска 24:36 и Летонија – Унгарија 23:35. Табела: *Данска 9 бодови, *Унгарија 7, Холандија 4, Летонија 0. Група 2: Србија – Полска 34:34 и Романија – Белорусија 22:33. Табела: Белорусија 7, Србија 7, Романија 4, Полска 2. Група 3: Босна и Херцеговина – Шпанија 19:25 и Финска – Австрија 36:39 Табела: *Шпанија 10, Босна и Херцеговина 4, Австрија 4, Финска 2. Група 4: Чешка – Исланд 27:24 и Украина – Македонија 27:27 (во Суми од 18 час) Табела: Чешка 6, Македонија 6, Украина 5, Исланд 4. Група 5: Португалија – Германија 26:29 и Швајцарија – Словенија 20:33 Табела: *Германија 10, Словенија 5, Португалија 5, Швајцарија 0. Група 6: Црна Гора – Шведска 28:24 и Словачка – Русија 24:25 Табела: *Шведска 8, Црна Гора 6, Русија 4, Словачка 2. Група 7: Литванија – Франција 25:26 и Белгија – Норвешка 27:43 Табела: *Франција 8, Норвешка 6, Литванија 6, Белгија 0. *Пласман на Европското првенство покрај домаќинот Хрватска досега имаат изборено: Данска и Унгарија (1 група), Белорусија, Србија (2), Шпанија (3), Германија (4), Шведска (5), Шведска (6) и Франција (7). Натпреварите од последното 6.коло ќе се играат претстојниот викенд. Македонија во Скопје ја пречекува Чешка во дуелот кој ќе се игра во недела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
КултураСветски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески воодушеви со концерт на ХераклеаСимон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, синоќа одржа концерт во античкиот театар во Хераклеа во Битола. На концертот присуствуваа и градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова. Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња, а во истовреме и еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот. Неговата кариера вклучува настапи со Лондонска Филхармонија, Филаделфискиот Оркестар и Кралската Ливерпулска Филхармонија. Добитник е на наградата за дебитант на годината од Кралското Филхармониско Друштво и на престижната награда „Gramophone“. Критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна техника и длабока музикалност. Македонскиот пијанист Симон Трпчески се етаблираше како еден од најистакнатите музичари на светската сцена, настапувајќи со повеќе од 100 оркестри на четири континенти, под водство на водечки диригенти и во најпрестижните концертни сали. Трпчески е препознатлив по својата моќна виртуозност и длабоко експресивен пристап, како и по својата харизматична способност да воспостави врска со најразлична публика ширум светот и по својата посветеност кон зајакнувањето на културното наследство на Македонија. „Да го слушнете Трпчески во Антички Театар Хераклеа е привилегија – класична музика од светско ниво во амбиент кој е стар повеќе од два милениума. Ова е настан кој ретко се случува“ велат од „Прагма продукција“ која го организираше концертот со поддршка на Општина Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожариПолициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп.На 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишија од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. Претходно, на 13.08.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, на место викано „Падарица“ во Прилеп, го лишија од слобода И.Ч. од Прилеп, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор, при што кај него била пронајдена и запалка. По целосно документирање против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедностаСè уште нема напредок кон мировни преговори или во однос на движењето на нафтените танкери низ стратешкиот теснец Ормуз, ниту пак има знаци дека завојуваните страни се движат кон ставање крај на конфликтот што го започнаа САД и Израел на 28 февруари. „Овој теснец ќе се отвора и затвора само под иранска команда, и сè додека не ја прифатите реалноста на поразот и не престанете да се препуштате на фантазии, Иран ќе продолжи да ја спроведува блокадата“, објави денес рано наутро на платформата „Икс“ (X) заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади. Министерот за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека Иран не донел одлука за продолжување на преговорите со САД. Во интервју објавено денес во Иран, тој рече дека Вашингтон мора да ги исполни условите поврзани со теснецот за да може да продолжи пловидбата по овој воден пат, преку кој пред војната се транспортираше една петтина од светската нафта. Трамп ги повика Американците да прифатат малку повисоки цени на бензинот додека трае конфликтот со Иран. Вчера, на политички собир во Гарден Сити, Њујорк, тој изјави дека плаќањето „малку повеќе за гориво“ е оправдана цена за да се осигури дека една „многу злобна земја“ нема да дојде до нуклеарно оружје – што тој го наведе како една од причините за војната. Според податоците на Американската автомобилска асоцијација, во рамките на трендот што ја поттикна инфлацијата и ги разочара гласачите, просечната цена на галон бензин во САД вчера изнесуваше околу 4,08 долари, што претставува зголемување од 29% во споредба со претходната година. Трамп, кој е републиканец, ја водеше својата кампања за реизбор ветувајќи намалување на трошоците за енергија, додека демократите настојуваат последиците од војната да ги претворат во клучна тема на ноемвриските избори за Конгресот. „Ормускиот теснец не може да се окупира со твит или со носач на авиони, ниту пак со издавање наредба или одржување предизборен говор“, изјави Харибабади.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter