Белорусија ослободи 123 политички затвореници - Канал 5

Белорусија ослободи 123 политички затвореници

Белорусија ослободи 123 политички затвореници, меѓу кои и истакнатата опозициска активистка Марија Колесникова и добитникот на Нобеловата награда за мир, Алеш Бјалатски.

Белорусија ослободи 123 политички затвореници

Неочекуваниот потег следи по договорот со САД за укинување на санкциите врз источноевропската земја, објавува Би-Би-Си.

Договор од Минск

Ослободувањето дојде по разговорите во Минск со Џон Коул, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Белорусија. За возврат, САД ветија дека ќе ги укинат санкциите за извоз на поташа, клучна состојка во производството на ѓубрива што претставува голем дел од белоруската економија.

Претседателот на земјата, Александар Лукашенко, е близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и не е признат од Европската унија како легитимен лидер.

Американскиот претставник Џон Коул изјави: „Како што односите меѓу двете земји се нормализираат, ќе бидат укинати повеќе санкции“.

Крај на агонијата за Колесникова

Марија Колесникова помина пет години во затвор, од протестот во 2020 година, а поголемиот дел од тоа време беше во самица. Нејзината сестра Татјана, која неуморно се залага за нејзино ослободување, ја потврди веста за Би-Би-Си откако можеше да разговара со неа преку видео повик.

Се очекува група ослободени затвореници наскоро да пристигне во Вилнус, главниот град на соседна Литванија, каде што веќе се собираат луѓе пред амбасадата на САД за да ги поздрават.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гибралтар и Шпанија потпишаа историски договор. Крај на границите

Европската Унија и Обединетото Кралство потпишаа историски договор со кој се укинуваат граничните контроли и се овозможува слободно движење на луѓе и стоки меѓу Шпанија и територијата Гибралтар, која е под британска контрола.

Гибралтар и Шпанија потпишаа историски договор. Крај на границите

Договорот беше потпишан во Брисел во вторник од страна на европскиот комесар за трговија Марош Шефчович и британскиот министер за Европа, Стивен Доути. Присутен беше и премиерот на Гибралтар, Фабијан Пикардо, објави француската новинска агенција АФП.

Спогодбата ги отстранува сите физички бариери и контроли на копнената граница меѓу Гибралтар и Шпанија и вклучува планови за поблиска интеграција на територијата со Шенген зоната и единствениот пазар на ЕУ, додека целосно го штити британскиот суверенитет над Гибралтар, на барање на Лондон.

Крај на проверките

Од среда, нема да има повеќе проверки на документи на граничниот премин меѓу Гибралтар и шпанскиот град Ла Линеа, кој илјадници луѓе го преминуваат секој ден. Гибралтар, мала територија со население од речиси 40.000 жители на крајниот југ од Иберискиот Полуостров, прима околу 15.000 шпански работници секој ден, што претставува речиси половина од нејзината работна сила.

Договорот меѓу Лондон и Брисел беше постигнат во јуни минатата година по години тешки преговори, во кои учествуваше и Шпанија. Тој следеше по референдумот за Брегзит во 2016 година и излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Шпанскиот премиер Педро Санчез треба да го посети Гибралтар во среда. Санчез го поздрави договорот, велејќи дека „по стотици години, конечно ќе биде можно да се сруши последниот ѕид во рамките на Европската унија“, пренесува АФП.

Гибралтар, над кој Велика Британија го презеде суверенитетот во 1713 година со Утрехтскиот договор, е од огромно стратешко значење, особено за поморската трговија бидејќи Гибралтарскиот теснец ги одделува Европа и Африка и ги поврзува Атлантскиот Океан и Средоземното Море.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица

Нацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решение во насока што е покорисна за граѓаните и поблиска до нивните реални потреби.

Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица

„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана.

Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт планот не отвора нова урбанизација, туку коригира постојно решение во насока што е покорисна за граѓаните и поблиска до нивните реални потреби.

„Со овој план ја исполнуваме нашата предизборна заложба кон повозрасните сограѓани. Наместо елитни апартмани, на оваа локација ќе имаме дом за стари лица, нешто што навистина му е потребно на Центар“, порача Герасимовски.

Урбанистите на Општина Центар појаснија дека новиот нацрт план не го зголемува, туку значително го намалува обемот на градење. Наместо 43.429 квадратни метри, колку што биле дозволени со стариот план, сега се предвидени 29.459 квадратни метри, односно 33% помалку. Дополнително, наместо поткровје, дозволена е градба П+2, а изградбата е ограничена на 40%.

Поради безбедноста на теренот и околните објекти, предвидено е само едно подземно ниво, а зелените површини се зголемени на 40%, што е двојно повеќе од законскиот минимум.

„Не станува збор за ново подрачје што првпат се урбанизира, туку за простор кој со години бил дел од урбанистичко планирање, а сега конечно добива план што е поодговорен, побезбеден и поблиску до потребите на граѓаните“, појаснија урбанистите на Општина Центар.

Предлог одлуката за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за Градска четврт Ј 05-Барутана, беше изгласана на денешната седница на Советот на Општина Центар со 13 гласа за и 9 против.

Општина Центар-Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер