Белорусија најави контрамерки на американските санкции

Белорусија денеска најави одмазнички мерки против Вашингтон, кои предвидуваат намалување на американскиот дипломатски персонал во земјата, откако стапија на сила новите американски санкции против Минск.

„Не можеме да го игнорираме овој непријателски потег“, рече портпаролот на белоруското Министерство за надворешни работи, Анатолиј Глазов во изјавата по стапувањето во сила на американските економски санкции против девет белоруски државни компании.

Како што се наведува во соопштението, мерките за одговор вклучуваат „намалување на дипломатскиот, административниот и техничкиот персонал“ на американската амбасада во Минск и „заострување на постапката за издавање белоруски визи“.

Белорусија исто така ја одзеде лиценцата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) за работа на нејзина територија, прецизира тој.

Санкциите на САД против девет белоруски државни компании биле воведени во април по задушувањето на демократските протести во Белорусија.

По спорните избори во 2006 година, Вашингтон ги забрани сите трансакции со тие компании. Министерството за финансии на САД ги укина тие санкции во 2015 година и го поздрави извесниот напредок, но американската влада кон крајот на март предупреди дека суспензијата нема да биде обновена.

„Овие се нелегитимни дејствија спротивни на меѓународното право и нивната цел е да извршат притисок врз суверена држава“, критикуваше Глазов додавајќи дека тие ќе влијаат на „обичните белоруски граѓани“.

Минатата недела Вашингтон објави дека работи со Европската унија на дополнителни санкции против Белорусија по присилното пренасочување на авионот на Рајанер кон Минск и апсењето на опозициски активист во авионот.

Американскиот амбасадор во Минск беше отповикан во 2008 година на барање на белоруските власти по американските санкции против белорускиот претседател Александар Лукашенко. Оттогаш, американската дипломатска мисија е предводена од вршител на должност.

Лукашенко се соочи со невидени масовни протести откако беше избран за петти мандат на спорните избори во август 2020 година.

Тој одбива каква било отстапка и ги уапси или прогонува повеќето свои противници, тврдејќи дека Западот води кампањи во обид да го симне од власт.

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

притисни ентер