Белински: Пишувајте книги за деца, но да ги читаат со задоволство и возрасните! - Канал 5

Белински: Пишувајте книги за деца, но да ги читаат со задоволство и возрасните!

Пишувајте книги за деца, но така што и возрасните ќе ги прочитаат со задоволство. Советот на рускиот теоретичар Белински е еден од заклучоците на писателите за деца на денешната трибина која Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ја организираше во рамки на кампањата за популаризација на книгата кај најмладите.

Белински: Пишувајте книги за деца, но да ги читаат со задоволство и возрасните!

Авторите кои творат за нив сметаат дека освен лектирните изданија, малку има книги за деца кои тие би ги читале по свој избор и е мала домашната продукција.

Професорката од Филолошкиот факултет Весна Мојсова-Чепишевска рече дека и лектирите во училиштата треба да се ревидираат, да се анализира дали насловите кои ги читале претходните генерации се исто толку интересни и за новите кои растат со интернетот.

- Имаше лани таква иницијатива во Бирото за развој на образованието, но ништо не се случи. Остана само работната група. Литературата за деца е малку подразборавена и потурната. Учениците ги читаат само книгите кои како задача им ги даваат наставниците. Треба да се слушнат децата што тие сакаат да читаат, рече Мојсова-Чепишевска на трибината на која покрај писатели за деца присуствуваа и третоодделенци од ОУ „Коле Неделковски“.

Горјан Петревски 44 години пишува за деца и отсекогаш го бранел ставот дека литрературата е една и не треба да се дели за возрасни и за деца и дека читателите се создаваат во детството. Според него, вината за незаинтересираноста за читање не треба да се бара само во читателите, туку во програмите на издавачките куќи, неквалитетни преводни изданија и кај самите автори зашто, рече тој, читателите се создаваат преку добра литература. Подвлече и дека тинејџерите имаат свој свет, погрешно е да им се обраќаат како на „дечиња“ и дека границите сега се погоре и тие сакаат сериозни теми.

- Оваа литература, навредувана и омаловажувана, за жал, е во слеп-сокак. Не од денес или од вчера, туку од многу поодамна... Имаме зачмаена состојба. Се плашам сосема да не згасне и да снема читатели кои се создаваат во најрана возраст. Маргинализирањето ме вознемирува зашто сиот свој работен век речиси целосно и го посветив нејзе, рече Петревски во своето излагање кое го наслови „До големината на децата треба да се порасне“.

Му влева оптимизам дека нештата ќе се подобрат од најавите на Министерството за култура каде писателите имаа средба минатиот месец, кога министерката Елизабета Канческа-Милевска најави дека продукцијата за деца силно ќе се поддржува и оти годинава таа е 60 проценти поголема од минатите години.

Писателот Братислав Ташковски денеска истакна дека голема е моралната одговорност да се пишуваат книги за деца зашто тие се најискрениот читателски аудиториум и за нив, рече тој, не важат силни метафори и стилски перформанси.

Александар Кујунџиски, пак, кој оваа година од Друштвото на писателите на Македонија ја доби наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца, рече дека недостигаат средби на авторите со учениците.

- Ним многу им значи живиот збор за да ги засакаат книгите, а и самите да почнат да пишуваат. Творештвото за деца заслужува повеќе, рече Кујунџиски кој предложи, а тоа го очекува од новото раководство на ДПМ по изборното собрание во април, да има манифестации за литературата за деца.

Меѓу манифестациите кои, како што рече, се узурпирани, ја посочи „Караманови средби“ која треба да ја имаат најмладите зашто Ацо Караманов бил поет-младинец кој живеел само 17 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер