Белингем им одговори на критичарите - Канал 5

Белингем им одговори на критичарите

 Ѕвездата на Реал Мадрид по постигнувањето на голот на синоќешниот дуел со Монако им се обрати на критичарите. 

Белингем им одговори на критичарите

Англискиот репрезентативец беше на мета на критичарите дека „многу сака да пие алкохол и дека е чест гостин на ноќни клубови“.

- Имаш два избора или да плачеш и кукаш, или да прифатиш и уживаш. Направив мала шега, за навивачите, изјави Белингем.

Англичанецот беше меѓу играчите кои доби свирежи од трибините за време на првенствениот дуел со Леванте. Голот на Белингем беше негов прв во 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода маж од Боговиње, пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќа

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода маж од Боговиње, пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќа

На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и претрес во дом на Ф.М. (50) во с.Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси во Охрид, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

На 05.08.2026 во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид ги лишија од слобода Р.С.(50) и С.Б.(46), двајцата од Охрид.

Претреси во Охрид, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

При претрес во домот на Р.С., извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен исто така со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, шприц исполнет со кафеава материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината.

Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Денеска сме тука во Ново село поради инцидентот кој што се случи синoќa. Инцидент кој што не требаше да се случи, но кога веќе се случи, благодарение на организираната криминална група на Христијан Мицкоски, не смее и не треба да се премолчи. Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината. А вистината е дека водата во Гостивар и во половина држава е загадена и не е за пиење.

И кога веќе медиумскиот линч на организираната криминална група не помага, тие физички се пресметаа со децата. Со децата на Ново село, со децата на Македонија, кои што единствено нешто што правеа, ја говореа вистината.

Бараме итна истрага, итна реакција на Министерството за внатрешни работи, итна истрага на обвинителството, кои беа тие луѓе? Затоа што беа активисти на ВМРО, затоа што беа луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Тие луѓе кои што посегнаа по тоа да физички се пресметаат со младите деца кои повторно ќе кажам, ја говореа вистината.

Упатувам порака, децата не се сами. Не беа сами синќа, не се сами денеска, нема да бидат сами ниту утре. Ова е знак дека власта е исплашена. Исплашена е заради тоа што излегува вистината за загадената вода, излегува вистината за економијата, излегува вистината за Европа, излегува вистината за тоа дека сега сме слепо црево на Европа.

Доаѓа време на правда и вистина. И ќе одговараат. Ќе одговараат за сите криминали, а најмногу за тоа што посегнаа по децата поради тоа што единствено нешто што децата правеа ќе повторам по трет пат, ја говореа вистината.

Оваа власт нема да не замолчи. Ако ова е порака дека секој кој што мисли различно и кој што ја говори вистината, ќе биде замолчен и со него физички ќе се пресметат, упатувам јасна порака - нема да им успее. Доаѓа време на вистина и правда.

YouTube video

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Ново Село

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер