Белградски медиуми: Ќе биде сослушан малолетникот кој уби девет ученици и чувар и рани седуммина во училиштето „Рибникар“ - Канал 5

Белградски медиуми: Ќе биде сослушан малолетникот кој уби девет ученици и чувар и рани седуммина во училиштето „Рибникар“

Во зградата на Специјалниот суд во Белград денеска, на судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, треба да биде сослушан нивниот син К.К., кој на 3 мај 2023 година уби девет соученици и училишен чувар.

Белградски медиуми: Ќе биде сослушан малолетникот кој уби девет ученици и чувар и рани седуммина во училиштето „Рибникар“

Во зградата на Специјалниот суд во Белград денеска, на судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, треба да биде сослушан нивниот син К.К., кој на 3 мај 2023 година уби девет соученици и училишен чувар, а рани шест ученици и една наставничка, во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Таа постапка е затворена за јавноста, па затоа никој официјално не објавил дека малолетникот ќе биде сослушан, но на тоа укажува фактот дека во текот на претходната постапка, судењето беше преместено од Палатата на правдата во друг суд само кога К.К. беше испрашуван, јавија белградски медиуми.

К.К. треба да биде донесен од здравствената установа каде што се наоѓа речиси три години.

Таткото Владимир и мајката Миљана од почетокот на судењето ја негираат вината.

Тоа судење е затворено за јавноста по предлог на Вишото јавно обвинителство во Белград, со цел да се заштитат интересите на малолетниците и приватноста на оштетените, а постапката се повторува бидејќи Апелациски суд во Белград ја поништи првостепената пресуда со која Кецмановиќ беа осудени на неколку години затвор и побара судењето да се повтори.

Владимир Кецмановиќ беше осуден на затворска казна од 14 и пол години со првостепената пресуда за кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице и тешко дело против јавната безбедност, додека неговата сопруга Миљана Кецмановиќ е осудена на затворска казна од три години за кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице.

Со истата пресуда, Немања Маринковиќ инструктор на стрелиште каде што К.К. вежбал пукање, осуден на една година домашен затвор за лажно сведочење.

Покрај кривичната постапка, против Кецмановиќ се водеа и пет граѓански постапки врз основа на тужби поднесени од членови на семејства на убиените и ранетите, од кои сите беа завршени во прв степен.

Момчето К.К., кое во времето на тоа злосторство се уште немало 14 години и затоа не е кривично одговорно, пукаше на 3 мај во тоа белградско училиште со два пиштола на својот татко, кои ги зел на 1 мај 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер