Белград под двоен притисок од САД : Бараат признавање на независноста на Косово

Белград е под двоен  притисок од САД од каде бараат призбнавање на независноста на Косово , како и решавање на убиството на браќата Битиќи , кои се американски државјани.

Американскиот Конгрес бара да се реши убиството на браќата Битиќи, тројца косовски Албанци со американско државјанство, додека Белата куќа бара признавање на независноста на Косово, цитираат белградските медиуми кои се повикуваат на „Гласот на Америка“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, преку специјалниот пратеник Ричард Гренел, кој неодамна се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, рече дека Србија мора да го признае Косово, тврди „Блиц“, повикувајќи се на неименувани извори упатени во разговорите Вучиќ-Гренел.

„Беше многу тежок разговор. Гренел буквално постави услов - Србија мора да го признае Косово. Тој исто така рече дека Америка ќе влијае на Европската унија да го зголеми притисокот врз официјалниот Белград“,пишува Блиц.

По состанокот на 10 октомври меѓу Вучиќ и Гренел , Сузана Васиjeевиќ, советник на српскиот шеф на државата за медиумите потврди дека разговорот бил непријатен за српската страна.

„Она што беше чудно беше што за прв пат самиот претседател (Вучиќ) напиша официјална нота од состанокот затоа што разговорот беше очигледно доста тежок и тој не беше подготвен вчера да разговара со нас.“, рече Васиjeевиќ ден по таа средба.

Трамп го назначи Гренел за свој пратеник во разговорите Белград-Приштина, иако Вашингтон претходно го назначи Метју Палмер, кој исто така е на агендата за постигнување решение за Косово, како специјален претставник за Западен Балкан.

Претставничкиот дом на Конгресот на Соединетите држави за прв пат едногласно усвои резолуција со која се бара од Србија да го реши убиството на тројцата браќа Битиќи, Илија, Агрон и Мехмет и останува уште да ја донесе резолуцијата.

Во документот се наведува дека напредокот во решавањето на случајот треба да зависи од развојот на идните односи меѓу Соединетите држави и Србија.

„Неприфатливо е ниту едно лице досега да не биде прогласено за виновно за убиството на браќата Битиќи или какви било други кривични дела поврзани со нивната смрт, и дека никој не се соочува со обвиненија за тие злосторства“, се наведува во резолуцијата.

Според резолуцијата, Србија треба да даде приоритет на решението за ова убиство како истрага и гонење на оние кои се одговорни за злосторството.

Исто така се тврди дека Горан Радосавjeевиќ Гури, поранешен командант на полициската единица за жандармерија на МУП на Србија, кој го контролирал подрачјето во кое се случило убиството, работи како консултант за компанија во Белград, а исто така е и висок функционер на владејачката Српска напредна партија, во која претседателот Вучиќ е претседател.

Семејството Битиќи им се заблагодари на американските конгресмени, истакнувајќи дека „се надева дека специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер и пратеникот за преговори меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, ќе ги слушнат овие пораки и ќе му дадат приоритет на случајот на убиството на браќата Битиќи со што ќе се задоволи правдата за жртвите воените злосторства “.

Браќата Мехмет, Агрон и Илија Битиќи беа уапсени во 1999 година по влегување во Србија, под обвинение од тогашните српски власти за нелегално преминување на границата, но беа убиени откако ја издржаа казната и биле пуштени на слобода.

Нивните тела беа откриени во јули 2001 година во масовна гробница во Петрово Село, источна Србија, во областа на логор контролиран од единицата командувана од Горан Радосавjeевиќ Гури. Телата биле пронајдени со врзани раце и прострелни рани на тилот и на вратот.

55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

Османи: Успеавме државата да ја поставиме на пиедесталот на меѓународната сцена

Денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните достигнувања на дипломатијата во последните четири години. На 55 години, или повеќе од половина век, од создавањето и развојот на дипломатската служба, Османи ја истакна цврстата заложба и непоколебливиот стремеж на дипломатите за максимален придонес кон изградбата на нашата држава како отворено, културно богато, развиено и плуралистичко општество. Воедно, потенцира дека вистински успех е етаблирањето на државата во меѓународнaтa сцена како модерна и стабилна земја, успешен модел на функционална мултиетничка демократија, членка во сите важни регионални и меѓународни организации, земја која ги почитува меѓународните принципи и правила и земја која помага на другите земји при потреба.

“Во изминатите четири години направивме многу, како во однос на исполнувањето на главните стратешки приоритети во надворешната политика, така и во однос на реализацијата на нови проекти и иницијативи и со гордост можам да заклучам дека и покрај условеноста од комплицираните регионални и меѓународни случувања, успеавме Македонија да ја поставиме на пиедесталот на меѓународната сцена како активен, доверлив и кредибилен фактор во глобални рамки“ истакна Османи.

Меѓу клучните достигнувања Османи ги издвои: почетокот на преговорите за членство во Европската Унија и целосната стопроцентна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ; Стратешкиот дијалог со САД; поддршката на Украина; заедничкото учество со сојузниците во мисиите предводени од НАТО долж Источното крило на Алијансата, во рамки на зајакнатото истурено присуство во Латвија, во Романија и во Бугарија.

“Направивме видливи промени во регионални рамки, наметнувајќи се како регионален лидер во промовирањето на добрососедската политика преку изнаоѓање решенија на долгогодишните отворени билатерални прашања и преку промовирање стабилност во регионот. Како посебна додадена вредност за промовирање на државата во меѓународната сцена и во регионот беше иницирањето и развивањето на платформите: Преспа форум за дијалог, кој во јуни 2024, ќе го доживее своето четврто издание, неформалната платформа за политичка соработка Иницијатива Б6 и Иницијатива 8 за поддршка на инвестициските проекти долж Коридорот 8” додаде Османи.

Османи ги изброи и следните успеси: членството во Црноморската економска соработка во 2020 г., во Меѓународната организација за сеќавање на холокаустот во 2021 и во Унијата за Медитеранот во 2022 г.; успешното претседавање со Фондот за Западен Балкан во 2021 г., со Медитеранските партнери на ОБСЕ во 2022 г., со ОБСЕ и со САД-Јадранската Повелба во 2023г. и актуелното претседавање со ПСЈИЕ кое ќе го завршиме во јуни оваа година, а во чии рамки како посебно значаен дел ќе биде одржано и четвртото издание на Преспа форумот за дијалог како и екипирањето на дипломатско конзуларните претставништва, унапредувањето на економската дипломатија, проектот МКарта, поставувањето базни и мобилни станици и СОС дежурната линија во ДКП-та.

Историјата на институција надлежна за надворешната политика започна на 29 април, пред точно 55 години, во Скопје, кога беа зачнати корените на дипломатската служба со формирањето на Бирото за односи со странство. По стекнувањето на независноста во 1991 година, ова исто тело прерасна во Секретаријат за односи со странство, за три години подоцна, конечно да се трансформира во Министерство за надворешни работи.

Премиерот на Австралија семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“

 Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече семејното насилство „национална криза“, откако илјадници луѓе ширум земјата се собраа да протестираат против насилството врз жените.

Илјадници луѓе од цела Австралија вчера протестираа за да привлечат внимание на смртта на 27 жени во текот на оваа година во земјата со 27 милиони жители. Се верува дека секоја од нив починала како резултат на родово засновано насилство.

„Митинзите се повик за акција на сите нивоа на австралиската влада за да направи повеќе за да се спречи родовото насилство“, рече Албанез.

„Сосема е јасно дека треба да направиме повеќе. Не е доволно само да покажеме емпатија“, нагласи премиерот за телевизијата „Најн Нетворк“ (Nine Network).

Тој додаде дека „фактот што во просек на секои четири дена една жена умира од рацете на нејзиниот партнер е едноставно национална криза“.

Во текот на викендот низ Австралија се одржаа 17 собири, а на протестот во Мелбурн учествуваа околу 15.000 луѓе.

Албанез рече дека во среда ќе организира состанок на лидерите на австралиските држави и територии за да разговараат за координиран одговор од властите. /МИА

Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница.

Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина бидејќи ја сметаат за политички мотивирана. Да се ​​биде политички мотивиран на овој начин не придонесува за стабилизација на односите во Босна и Херцеговина, особено за стабилизација и нормализирање на бошњачкиот и српскиот народ, изјави Додик за сараевската телевизија „Фејс“.

„Мислам дека Вучиќ работи добро, дека е одговорен државник на Србија и дека го разбира контекстот во кој секоја осуда на српскиот народ ја затвора можноста за некои идни развојни позиции на самиот народ“, рече Додик.

Претседателот на Република Српска најави дека ќе му предложи на Вучиќ РС и Србија заеднички да ја отфрлат резолуцијата на Соборот на српскиот народ, што ќе се одржи веднаш по гласањето на резолуцијата.

Дoдик најави и дека ќе побара Србија, како меѓународно призната земја и членка на ОН, формално да продолжи да ги оспорува елементите на таа резолуција.

Сакаме Србија да разбере дека треба да одиме по патот на одвојување во Босна и Херцеговина, рече Додик, а на забелешката на новинарот дека бара Србија да ги поддржи во отцепување, тој одговори дека тоа не е отцепување, туку разделување.

На повтореното прашање дали од Вучиќ на Саборот јасно ќе биде побарано да ја поддржи РС во отцепување, тој рече дека немаат план за отцепување, туку дека сакаат да одат на раздвојување.

„Има ентитетска линија... Раздвојување е да ги преземеме сите функции што ги имаме, да обезбедиме пари во буџетот за сите вработени што работат во Министерството за одбрана, да ги повлечеме војниците, да ги повлечеме луѓето што работат во Централната изборна комисија, да прогласиме дека нема да се спроведуваат одлуките на судот и обвинителството и кој и да е орган на Босна и Херцеговина на територијата на Република Српска“, посочи Додик. /МИА

притисни ентер