БалканБелград доби нова автобуска станица, првите поаѓања в неделаВо Белград денеска беше отвoрена нова меѓуградска автобуска станица, во блок 42 на Нов Белград, каде што порано беше „Бувјакот“, а првите тргнувања ќе бидат в недела на 29 септември, јави дописникот на МИА од Белград.Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ на отворањето на автобуската станица (БАС) рече дека оваа инвестиција е вредна 17 милиони евра. Тој најави дека ќе се распише тендер за изградба на голема станична зграда и да паралелно ќе се гради и железничка зграда, а изградбата на двете згради треба да заврши до крајот на 2027 година. Тој додаде дека очекува старата автобуска станица што се наоѓа во центарот до некогашната главна железничка станица, на Савскиот плоштад после 50 години да биде затворена до недела. Според градоначалникот на Белград, сега се создадени услови за затворање и на стариот Савски мост (Железниот мост), а новиот наречен Српски мост ќе биде готов до 2027 година. Како што претходно беше најавено, за време на работите кои започнаа во 2017 година, изградена е плато на станицата со 65 перони - 12 влезни, 53 излезни и паркинг со 186 места, од кои 89 се наменети за патници кои пристигнуваат, а 97 за патници кои заминуваат. Резурвирани се осум перони за поаѓање за приградскиот сообраќај, 22 за меѓуградскиот, 14 за меѓународниот сообраќај и девет за вон линијскиот - туристички сообраќај. Изградена е такси станица со 25 места и „подготвителен паркинг за автобуси“ со 80 места. Од новата автобуска станица ќе поаѓаат и ќе пристигнуваат и сите меѓународни автобуси од и за Македонија. Новата автобуска станица (БАС) има шалтер сала, комерцијални објекти, угостителско-трговски објекти, детско катче, амбуланта и банкомати. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
СветПовторно Иран и САД разменија оган, цените на нафтата пораснаа утринава Иран лансираше „повеќе“ балистички ракети во „обид за ненадеен напад“ врз американските сили на Блискиот Исток, соопшти американската војска, со што се прекина затишјето во борбите.Сите ракети беа „успешно пресретнати“, соопшти централната команда на сад . Иран соопшти дека целта била американска база во јордан.во меѓувреме, американската војска и силите на Саудиска Арабија ги нападнаа „терористите поврзани со Иран“ во Ирак, како одмазда за нападите со беспилотни летала. Новите напади ставија крај на краткиот прекин на непријателствата меѓу САД и Иран, кој имаше за цел да ги врати преговарачите на масата за преговори. Иранската исламска револуционерна гарда, исто така соопшти дека погодила три танкери за нафта во Ормутскиот теснец, според новинската агенција ТАСНИМ. Цените на нафтата пораснаа утринава поради загриженоста дека ескалацијата на конфликтот би можела дополнително да го наруши транспортот на енергија низ теснецот. Во утринското тргување во Азија, глобалната референтна цена на суровата нафта од типот брент порасна за 4,3% на 87,70 долари за барел, додека нафтата што се тргува на американскиот пазар беше повисока за 4,2% на 82,62 долари. Најновите напади се совпаднаа со посетата на израелскиот премиер Нетанјаху на Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа и присуствуваше на погребот на американскиот сенатор Линдзи Греам.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево и топло со температура до 38 степениСпоред Управата за хидрометеоролошки работи времето денес во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаБез вода дел од општина Ѓорче ПетровВодоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности.Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Ѓорче Петров“ со булевар „Македонска Војска“ прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ѓорче Петров“, булеварот „Македонска Војска“, „Виа Игнатиа“, „Мице Козар“, „Стоби“, „Александар Мутурков“, „Крсте Гермов-Шакир“ и дел од „Шидска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20