И покрај тврдењата на црногорските медиуми дека Груевски ја напуштил Црна Гора и влегол во Србија преку граничниот премин Добраково, официјален Белград се уште е без став и рамнодушен на се погласните шпекулации дека бегалецот престојувал и ручал во луксузен белградски хотел.
-Министерството за внатрешни работи на Србија, кое е единствен извор на информации за тоа кој влегува и излегува од земјата, веќе три дена се оглушува да одговори на прашањето дали Груевски за време на бегството престојува на територијата на Србија. Тоа дали тој има пасош и државјанство или не, воопшто не значи дека тој не престојувал на територијата на Србија, вели Миодраг Совиљ, новинар на N1
Главната енигма во дипломатскиот трилер останува и како Груевски од Србија влегол во Унгарија, по шпекулациите за сомнителен лет на приватен авион на релација Белград-Будимпешта. Ако заминал по копнен пат, опција бил некој од шесте гранични премини меѓу Србија и Унгарија или илегалните премини во околината. Најпрометен премин е Хоргош, каде прв поголем унгарски град е Сегедин, поседува транзитен центар и е оддалечен два часа возење до Будимпешта. Во морето од непознаници и Брисел и натаму смета дека дел од правните надлежностите сепак се на самите земјите членки на Унијата.
-Свесни сме за ситуацијата со господинот Груевски, ние не коментираме судски процедури во тек, рековме дека владеењето на правото е суштински приници на Еу, кое се однесува и на земјите членки и на земјите кандидатки. Судските процедури не смеат да се политизираат, изјави Маја Коцијанчич, портпарол на Европската Комисија
Унгарската влада вчера отфрли каква било вмешаност околу бегството на Груевски. Соопшти барањето политички азил за нив е правно, а не политичко прашање..