Белгиските земјоделци најавија блокада на пристаништето Зибриж - Канал 5

Белгиските земјоделци најавија блокада на пристаништето Зибриж

Белгиските земјоделци, огорчени од зголемените трошоци, еколошката политика на Европската унија и евтиниот увоз на храна, планираат од денеска да ги блокираат пристапните патишта до белгиското пристаниште Зибриж, објави весникот „Де Тијд“.

Белгиските земјоделци најавија блокада на пристаништето Зибриж

Демонстрантите планираат да го блокираат пристапот до пристаништето во Северното Море, второто по големина во земјата, најмалку 36 часа, почнувајќи од 14 часот, објави весникот, цитирајќи ги организаторите и полицијата, додавајќи дека блокадата на патот може да трае до утревечер.

– Полицијата добила информација за акцијата во пристаништето Зибриж, изјави портпаролот на пристанишните власти.

Тој рече дека не е јасно за каква акција станува збор.

Земјоделците, исто така, го блокираа сообраќајот во близина на холандската граница на автопатот Е19 денеска наутро, при што конвој трактори се упати кон пристанишниот град Антверпен, објави државната телевизија.

Белгискиот премиер Александар Де Кро денеска треба да се сретне со здруженијата на земјоделците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина.

Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар.

Потоа натпреварот беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.

Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.

YouTube video

Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.

Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти.

Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер