Белгиските обвинители истражуваат можна руска вмешаност во кампањата за европските избори - Канал 5

Белгиските обвинители истражуваат можна руска вмешаност во кампањата за европските избори

Белгиските обвинители истражуваат можно руско мешање во претстојните избори за Европскиот парламент по информациите што ги добиле од разузнавачките служби, изјави денеска премиерот Александар Де Кро.

Белгиските обвинители истражуваат можна руска вмешаност во кампањата за европските избори

Инспекторите, рече Де Кро, откриле дека руските групи форсираат проруските кандидати за да ја ослабат поддршката на ЕУ за Украина во борбата против руската инвазија започната пред две години.

„Целта е да се изберат што е можно повеќе проруски кандидати за Европскиот парламент и со тоа да се зајакне проруската реторика во таа институција. Слабеењето на европската поддршка за Украина и служи на Русија на бојното поле“, истакна Де Кро.

Тој додаде дека истрагата била покрената откако чешките власти откриле дека руски агенти, активни во Брисел, се обидувале да стекнат влијание и да им платат на пратеници за да промовираат проруска агенда.

И покрај тоа што во Белгија е забележана вмешаност на Русија во европските избори, Де Кро вели дека плаќањата во готовина не биле реализирани на тој начин.

Западот ја обвинува Русија дека се обидува да го поколеба јавното мислење за време на изборните кампањи, но Русија цврсто го негира тоа.

Пред европските избори во јуни, партиите кои ја критикуваат поддршката на ЕУ за Украина ги вклучуваат францускиот Национален митинг, австриската Партија на слободата и германската АфД, за кои се прогнозира дека ќе освојат повеќе гласови отколку на изборите пред пет години.

Де Кро рече дека побарал итен состанок на Агенцијата на ЕУ за соработка во правосудството (Eurojust). Тој, исто така, смета дека Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) треба кривично да го гони случајот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Утринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. 

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици.

Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините.

Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Еден од најдобите кошакари на светот, српскиот центар Никоја Јокиќ изминатата недела го водеше Денвер до скор од 3-1 во победи. 

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Кошаркарите на Денвер Нагетс минатата недела загубија од Феникс Санс, а ги победија Бостон Селтикс, Хјустон Рокетс и Чикаго Булс.

Никола Јокиќ прикажа маестрална игра во тие натпревари – постигна 28 поени против Феникс, 24 против Бостон, 26 против Хјустон и 37 против Чикаго, притоа остварувајќи 18 скока и 11 асистенции.

Минатата недела тој беше прогласен за МВП на Западната конференција, со просек од 28,8 поени, 12 скока и 9,5 асистенции. Од друга страна, на Истокот, Вашингтон Визардс загубија од Хјустон и Мемфис, а остварија победи против Торонто, Чикаго и Орландо.

Нивниот најдобар играч во тој период беше Ентони Дејвис, со просек од 26,5 поени и 9 скока, како и речиси 60 проценти успешност во шутот од поле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер