Екоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица
1Екоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
2Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
СветБелгискиот воен претставник во САД поднесе оставка по критички напис за политиката на ТрампСпоред изданието, Вербист поднел оставка на функцијата на почетокот на оваа недела откако ја „загубил довербата“ на Пентагон и му бил даден рок да ги напушти САД за неколку недели. Воениот претставник на Белгија во САД, бригадниот генерал Барт Вербист поднесе оставка на функцијата откако објави текст во кој, меѓу другото, оцени дека политиката на американскиот претседател Доналд Трамп создава „хаосот и непредвидливост“, тврди белгискиот весник „Морген“. Според изданието, Вербист поднел оставка на функцијата на почетокот на оваа недела откако ја „загубил довербата“ на Пентагон и му бил даден рок да ги напушти САД за неколку недели. Станува збор за текст објавен во месечното списание на Вооружените сили на Белгија, „Белгискиот воен журнал“, во кој Вербист оценува дека првите шест месеци од вториот мандат на претседателот Трамп биле „брутални“ и несомнено отвориле ново поглавје во меѓународните односи. Според Вербист, САД под водство на Трамп „се впуштиле во јасна промена на курсот и во домашната и во надворешната политика“. - Не е јасно дали многуте промени се водени од добро осмислена стратешка визија или од дневна политика, наведува генералот во текстот, оценувајќи дека Трамп со своите одлуки „постојано се стреми да ги добие медиумските наслови“. Информацијата за оставката на Вербист за јавниот радиодифузен сервис ВРТ ја потврдиле и од Кабинетот на белгискиот министер за одбрана Тео Франкен.Тагови: Белгија Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕкоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица„Нема да копате, отворивте војна со народот, народот не заборава и народот не се предава“ – порачаа од еколошкото движење „Здрава Котлина“ „Нема да копате, отворивте војна со народот, народот не заборава и народот не се предава“ – порачаа од еколошкото движење „Здрава Котлина“ по одлуката на Вишиот управен суд да ја поништи одлуката со која беше запрено спојувањето на концесиите за експлоатација на рудникот кај Иловица – Штука. Од таму велат дека пресудата не значи „зелено светло“ за работа на концесионерот Еуромакс, туку, судот само утврдил процедурални пропусти во владината одлука од 2023 за поништување на спојувањето на концесиите. Според нив, Вишиот управен суд не се произнел по суштинското прашање, дали концесиите се законски оти одамна се истечени роковите според Законот за минерални суровини. Од еколошкото движење за Канал 5 велат дека втор дом немаат, и дека за единствениот жестоко ќе се борат. -Ние сме тука, ние ќе се бориме, а тие колку имаат желба да трошат енергија и ресурси за да се борат со нас, треба да им биде јасно. Треба да им биде јасно, ние втор дом немаме, тој е еден, па ако мислат дека туку така лесно ќе поминат преку нас мислам дека се лажат. Нас не ни е нешто ново, ние некогаш на мајтап си велиме ние се дома, тие доаѓаат кај нас, ние друга опција освен да се браниме и да штрајкуваме, и да вршиме притисок на властите бидејќи властите беа тие кои ни ветуваа. Ова што ни се случува од нашиве власти е играње – мачка и глушец- Цветанчо Ѓорѓиев – Еко-движење „Здрава Котлина“ Од „Здрава Котлина“ додаваат дека е симптоматично што државата не ја обжалила одлуката во предвидениот рок и дека Владата и натаму има механизми да го одбие спојувањето на концесиите на Еуромакс. Тие велат дека Струмица и 70тина села од околината ја користат подземната вода која при експлоатација би се загадила со сулфур и цијанид.Од владата пак, по одлуката порачаа дека станува збор за наследен процес од претходната влада и дека судската одлука мора да се почитува, но и еколошките стандарди. -Приоритет останува создавање на услови за економски раст, нови инвестиции и отварање работни места, но тоа никогаш нема да биде на сметка на здравјето на граѓаните, природните ресурси и животната средина. Заштитата на јавниот интерес, почирување на највисоките еколошки стандарди и целосната законитост на постапките остануваат принципи од кои Владата нема да отстапи. - Влада на Република Македонија Канал 5 се обиде да стапи во контакт со концесионерот „Еуромакс“ која го развива проектот Иловица – Штука и доби концесии во 2012 година за став, но до подготовка на прилогот не добивме одговор одговорија. Дел од медиумите пак пренесуваат дека од компанијата пресудата ја толкуваат како целосно враќање во сила на одобрението за спојување на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“, а воедно и дека очекуваат комуникација со властите за да го финализираат новиот договор, потребен за натамошен развој на проектот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува амандманска расправа за предлог законот за правична застапеност во СобраниетоВо Собранието втор ден амандманска расправа за предлог законот за соодветна и правична застапеност.Власта и опозицијата се обвинуваа дали предлог законот, кој треба да го наследи укинатиот балансер, го регулира или злоупотребува вработувањата во администрацијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
МакедонијаПИОМ: Пензиите се сигурни, нема ризик за исплатата и здравствените услугиИсплатата на пензиите продолжува редовно, а здравствените права на пензионерите остануваат целосно обезбедени, уверуваат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Реакцијата оттаму доаѓа по објавениот извештај на Државниот завод за ревизија во кој утврди слабости во начинот на пресметката и навремената уплата на придонесите за осигурениците во вториот пензиски столб. Ревизијата утврди и дека приходите од наплатен придонес за пензиско и инвалидско осигурување во 2024 година се зголемиле за 14 отсто но тоа не било доволно за полривање на расходите за пензии кои и понатаму бележат раст. Од ПИОМ велат и дека предмет на ревизија е 2024 година кога со фондот раководел кадар на претходната влада. Бидејќи придонесот за здравствено осигурување на пензионерите се пресметува како процент од исплатената пензија и изнесува 11,8 проценти од нето исплатената пензија, а делот за вториот столб е 6 проценти од вкупните придонеси за пензиско осигурување, сосема очекувано е со растот на пензиите да се зголемува и обврската по овој основ кон Фондот за здравствено осигурување. Оттука, Фондот на ПИОМ нагласува дека зголемените обврски се директен резултат на повисоките пензии и подобриот животен стандард на пензионерите, а не последица на нарушена финансиска стабилност или нефункционирање на системот. Околу стабилноста на вториот пензиски столб денеска реагираше и претседателот на СДСМ Венко Филипче. Повикувајќи се на изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека корисниците на овој столб нема да бидат задоволни, Филипче тврди дека е оправдана загриженоста кај пензионерите. Околу прашањатра поврзани со обврските и трансферите кон пензиските друшва од вториот столб, од ПИОМ истакнуваат и дека зголемувањето на овие обврски е директна последица на историски најголемото зголемување на пензиите во државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook