ВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“
1ВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
ЖивотБелгиски конзорциум ќе испрати вештачко срце во Вселената Конзорциумот од пет белгиски компании и истражувачки институти, „АстроКарди“, планира во 2025 година да испрати вештачко срце во Вселената, со цел да се испита како стареењето на луѓето влијае врз работата на срцето.Како што објави весникот „Тијд“, поаѓајќи од фактот дека процесите во Вселената се одвиваат побрзо отколку на Земјата, Конзорциумот се надева дека тоа ќе им овозможи на истражувачите да дојдат до нови сознанија. Кардиоваскуларните болести се уште се една од најчестите причини за смрт во Европа и ризикот од вакви заболување се зголемува со старењето. Според координаторката на проектот и истражувачка на Институтот САС, Хилде Стенат, со испраќањето на вештачкото срце во Вселената, ќе можат подобро да ги осознаат ефектите од процесот на стареење. - Нашето срце се менува како што старееме. Полека станува се поголемо и поцврсто, артеријата се калцифицира и опаѓа моќта на пумпање. Во Вселената тој процес на стареење се случува 20 пати побрзо, поради фактори како што се стресот, микрогравитацијата и радијацијата. Таму го елиминираме времето, вели Стенат. Според неа, тоа би им овозможило на истражувачите да дојдат до сознанија и резултати за стареењето на срцето што не би било можно да ги добијат на Земјата. Вештачкото срце ќе биде испратено во Меѓународната вселенска станица за период од четири до шест недели, при што истражувачи на Земјата деноноќно ќе ја следат неговата работа. „АстроКарди“ очекува експериментот да доведе до нови сознанија кои ќе помогнат во истражувањето на кардиоваскуларните болести и развојот на можни лекови. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЌерката на Брус Вилис покажа трогателен момент со својот татко: „Толку слатко“Еден месец по свадбата на Џастин Ејси, Талула Вилис сподели ретка фотографија со својот славен татко, Брус Вилис. На фотографијата што ја сподели 32-годишната Талула, таа го бакнува својот 71-годишен татко во челото. На легендарниот холивудски актер му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција во 2023 година. Таа едноставно напиша „Толку слатко“ покрај објавата, а обожавателите оставија бројни пораки за поддршка во коментарите. Во март 2022 година, семејството првпат објави дека ѕвездата на филмот „Умри машки“ (Die Hard) се повлекува од актерството поради дијагноза на афазија – нарушување што влијае на способноста за комуникација. Во февруари 2023 година, тие потврдија дека состојбата напредувала и дека лекарите утврдиле попрецизна дијагноза: фронтотемпорална деменција. Станува збор за неизлечива болест на мозокот која може да влијае на говорот, однесувањето и личноста. Минатиот август беше објавено дека актерот се преселил во посебна куќа, веднаш до домот на неговата сопруга Ема Хеминг, за да добива деноноќна професионална нега. Свадба во семејниот дом Брус Вилис се појави и на фотографија од свадбата на неговата ќерка. На црно-белата фотографија, објавена од списанието „Вог“ (Vogue), тој е прикажан како ја прегрнува Талула. Таа и Џастин Ејси стапија во брак на отворено, во дворот на семејниот дом во Хејли, Ајдахо. „Тоа е местото каде што научив да бидам слободна и станав сонувачот што сум денес“, изјави Талула за „Вог“. „Џастин и јас поминавме толку многу време таму, што тој стана дел од имотот, кој за мене веќе има огромно емотивно значење“, рече таа.Тагови: Брус Вилис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“Демир Капија се менува, во завршна фаза доградбата на кујната во ООУ „Димче Ангелов Габерот“, изградена атмосферска канализација на ул. Маршал Тито.Една година по промените во Демир Капија, чекор по чекор општината се менува и развива, се инвестира во подобри услови и конкретни мерки за поддршка на граѓаните, реализирани и започнати се повеќе проекти во областа на инфраструктурата, комуналните услуги, образованието, спортот и социјалната поддршка. Со домаќинско работење дел од проектите општината успеа да ги реализира со сопствени буџетски средства, додека друг дел преку владини програми и преку други институции. Така со помош на Владата се изгради атмосферската канализација на улицата „Маршал Тито“ во Демир Капија во вредност од скоро четири милиони денари, а со заеднички финансирања и од општинскиот Буџет се реконструираше фудбалското игралиште и дел од водоводната мрежа во село Клисура. На повеќе улици се постави улично осветлување, додека во село Дрен се изгради улица бр. 10 финансирана од Министерството за транспорт во вредност од два и пол милиони денари, санирани се улици во повеќе населени места и исчистени се отворените канали за наводнување и одводнување. Покрај инфраструктурните проекти, реализирани се и мерки директно насочени кон граѓаните, меѓу кои поддршка за првачињата преку обезбедување ранци и училиштен прибор, униформи за учениците од прво до деветто одделение, стипендии за средношколци и студенти, еднократна финансиска помош за новороденчиња, финансиска поддршка за прв склучен брак, поддршка за еднородителски семејства и самохрани родители, финансиска поддршка за пензионери. Во тек е реализацијата на дополнителни проекти, меѓу кои доизградбата на кујната и ресторанот за исхрана во ООУ „Димче Ангелов Габерот“ во вредност од над осум милиони денари, уредувањето на отворено тениско игралиште, реконструкцијата на улицата „8 Март“, санацијата на дел од фекалната канализација во село Чифлик, рехабилитацијата на улици и крпењето ударни дупки, како и уредувањето на автобуски постојки во Демир Капија, Корешница и Бистренци. Исто така, во тек се активностите за уредување на детското игралиште на плоштадот во Демир Капија и адаптација на простор за инклузивна соба во основното училиште, наменета за деца со попреченост. Реализацијата на овие проекти е дел од заложбите за подобрување на локалната инфраструктура, создавање подобри услови за децата и младите, како и обезбедување конкретна поддршка за различни категории граѓани. Инвестициите во патната и комуналната инфраструктура, образованието, спортот и јавните услуги продолжуваат, со цел подобрување на условите за живот во Демир Капија и населените места во општината. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Мицкоски да не си игра со иднината на земјата бидејќи ќе му судат следните генерации Утринава пратеникот и претседател на СДСМ од Собранието Венко Филипче предупреди дека ако скршнеме од патот кон европската унија ќе следи период на години на сиромаштија, распродадена земја за туѓи интереси , и иселување. Тој предупреди дека 4 земји меѓу кои Црна Гора и Албанија добија патокази и во план е да влезат во унијата до 2030 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook