Белгиската полиција изврши претрес во ЕЕАС во рамки на истрага за злоупотреба на средства - Канал 5

Белгиската полиција изврши претрес во ЕЕАС во рамки на истрага за злоупотреба на средства

Припадници на белгиската полиција утрово извршија претреси на повеќе локации ширум Белгија, вклучително и во седиштето на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), во рамки на истрага поврзана со наводна злоупотреба на средства на ЕУ.

Белгиската полиција изврши претрес во ЕЕАС во рамки на истрага за злоупотреба на средства

Како што јави „Еурактив“ повикувајќи се на изјави на очевидци и на извори поврзани со истрагата, покрај во ЕЕАС, претреси биле извршени и во седиштето на Колеџот на Европа во белгискиот град Бриж, како и во неколку приватни домови.

При акцијата се запленети документи и се уапсени три лица под сомнежи за измами со јавни набавки, корупција и судир на интереси. Идентитетот на уапсените не е соопштен.

Очевидци тврдат дека десетина полицајци во цивилна облека утрово околу 7:30 часот влегле во седиштето на ЕЕАС. Официјален претставник на ЕУ за „Еурактив“ ги потврдил информациите за извршен претрес во дипломатската служба на блокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

На денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа во врска со настапување на законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница.

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

Министерството за локална самоуправа, по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница, ја започна постапката поради настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен престанок на мандатот на градоначалникот по сила на закон.

Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник.

Во таа насока, сакаме да ја информираме јавноста согласно запазените законски предвидени рокови, Владата ја усвои информацијата и донесе Одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка согласно важечките прописи и важечки рокови.п- изјави Марија Митева, портпарол на Влада.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на семејно насилство, имотни деликти и пожари

Денеска (07.07.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Одделението за превенција при СВР Скопје во Велес и Скопје реализираа превентивни активности на тема „Заштита од џебни кражби и измами“. 

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на семејно насилство, имотни деликти и пожари

На граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби и измами, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на имотни деликти, потенцирајќи им да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица. Исто така, од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес во Велес беа реализирани превентивни активности на тема „Има помош за живот без насилство“, при што граѓаните беа информирани за постапките и процедурите при појава на такви случаи и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој, со акцент на важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство. Превентивна активност за заштита од измами денеска беше реализирана и на подрачје на Неготино.

Полициски службеници од ПС БПС при СВР Велес и ПС БПС Кочани, Штип и Пробиштип во Велес, Кочани, Штип и Пробиштип, денеска реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, потенцирајќи им го на возачите ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило, додека полициски службеници од ОВР Кавадарци и ОВР Валандово на подрачјата на Кавадарци и Валандово реализираа превентивни активности насочени кон мотоциклистите за важноста од носење заштитен шлем и потребата од безбедно учество во сообраќајот.

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, СВР Велес, ПО Чашка и ОВР Берово во Скопје, Берово, како и во селата Иванковци, Мамутчево и Караслари, велешко и општина Чашка, денеска реализираа превентивни активности за заштита од пожари, во рамки на кои на граѓаните им беше потенцирана потребата од поголема внимателност, поради опасноста од предизвикување на пожари на отворен простор во текот на летниот период, особено кога извршуваат земјоделски работи. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата кинеска лимузина го собори рекордот: речиси 65.000 нарачки пристигнаа за само 30 часа

Новата кинеска лимузина го собори рекордот, за само 30 часа пристигнати скоро 65.000 нарачки.

Новата кинеска лимузина го собори рекордот: речиси 65.000 нарачки пристигнаа за само 30 часа

Оваа импресивна бројка вклучува 40.000 „слепи“ резервации направени од купувачите од 12 јуни.

Кинескиот автомобилски гигант BYD повторно го раздвижи пазарот, овојпат со лансирањето на својот нов водечки седан – моделот Seal 08.

Претставен на 2 јули 2026 година, овој автомобил долг 5,15 метри не само што ги редефинира очекувањата во премиум-сегментот, туку тоа го прави и со почетна цена од само 196.900 јуани, односно околу 27.000 евра.

Реакцијата на пазарот беше моментална и изненадувачка. Само триесет часа по официјалниот почеток на продажбата, компанијата прими околу 65.000 потврдени нарачки, што укажуваше на појава на нов пазарен феномен. Оваа импресивна бројка вклучува 40.000 „слепи“ резервации направени од купувачите уште од 12 јуни – без притоа да ја знаат конечната цена – како и дополнителни 25.000 нарачки пристигнати веднаш по објавувањето.

Аналитичарите истакнуваат дека овие бројки имаат можна маргина на грешка од десет до петнаесет проценти, но и покрај тоа, обемот на интерес е неспорен. Се чини дека BYD пронашол формула што ги спојува врвната технологија, перформансите и материјалите со цена која до неодамна беше резервирана за автомобили со многу поскромна опременост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер