ФудбалБелгиската легенда Енцо Шифо смета дека Македонија не може да биде пречка на патот на Белгија кон СП 2014 во БразилСо потенцијалот со кој располага сегашната белгиска репрезентација, Македонија не може да претставува пречка на нашиот пат кон Светското првенство. Ова го вели легендата на белгискиот фудбал Винченцо Шифо, во интервју за официјалниот магазин на Фудбалската асоцијација на Белгија по повод претстојниот двомеч на неговата репрезентација против Македонија во рамки на квалификациите за пласман на „мундијалот“ што идната година ќе се одржи во Бразил, пренесува дописникот на МИА од Брисел. Енцо Шифо, кој постигна два гола на оној за нас катастрофален квалификациски меч во јуни 1995 година, кога пред празните трибии на Градскиот стадион во Скопје (поради суспензија од УЕФА), Белгија ја декласираше Македонија со 5:0, откако претходно одигравме реми (1:1) на “Хејсел“ во Брисел, со гордост се сеќава на една од најголемите победи на “црвените ѓаволи“: - Се сеќавам дека уште на стартот дадовме брзо гол, што потоа многу ни ја олесни работата. Веднаш ја превземавме контролата на мечот во свои раце, а потоа се забавувавме, игравме добро и на крајот остваривме лесна победа. Иако Македонија беше противник што лесно го победивме, тешкотија беше што моравме да внимаваме да не ги пуштиме да играат. Јас тогаш само што се опоравив од повреда и морав да бидам внимателен. Тоа беше мој нов почеток на кариерата со “црвените ѓаволи“ - се сеќава Шифо во интервјуто. Според екс-организаторот на играта на Белгијците, тогашниот селектор на Белгија, Полн ван Химст, ги предупредил дека секое губење на концентрацијата, поради тоа што играле пред празни трибини, дека може скапо да ги чини. „Наша цел беше да пред се секонцентрираме на својата игра оти знаевме дека многумина од нашите играчи не играа добро на своите места и многу интернационалци беа пред крајот на својата кариера“, вели фудбалерот што одигра 84 натпревари и постигна 18 голови за Белгија. За неговите очекувања од двомечот со Македонија, Шифо потенцира дека Белгијците може да очекуваат се и затоа мора да бидат максимално подготвени. - Очигледно мора да го почитуваме противникот, но како и секогаш мора да одиме на победа, наметнувајќи им ја својата игра од стартот. Дури на второ место е анализа на нивната игра. Со потенцијалот со кој сега располагаме и со желбата на тимот, Македонија не може да претставува препрека на нашиот пат кон Светското првенство - искрен е човекот што додека настапуваше го носеше прекарот “малиот Пеле“. Според Шифо, веќе нема лесни наптревари и Белгија мора да победи на сите следни средби. Тој вели дека правејќи го тоа, тие ќе можат да ги почнат одлучувачките натпревари од кои прв е оној против Хрватска во Загреб. Долгогодишниот капитен на Белгијците смета дека со оглед на сегашната ситуација во селекцијата и позитивната спирала во која се развива тимот, тој цели дека не треба за ништо да се грижат поддржувачите на нивната репрезентација. - Ние ќе се натпреваруваме со најдобрите светски репрезентации и ќе им покажеме кои сме! Не можеме повеќе да се ставаме во позиција на чекање, оти имаме квалитет со кој можеме да се мериме со било-кој тим. Единствен проблем ни е завршувањето на акциите, односно реализацијата е работа која треба да ја подобриме. Ако Лукаку и Бентеке успеат да ги повторат добрите клупски игри во дресот на Белгија, ќе направиме голем исчекор во позитивен правец - анализира актуелнито тренер на белгиски Монс. На прашањето да направи разлика меѓу селекцијата на Белгија од 80-тите и 90-тите години на минатиот век кога тој ја предводеше со сегашната генерација, Шифо вели тешко се споредливи тогашните со сегашните времиња, но дека постои јасна разлика. “Во секој случај, оваа генерација има во своите редови има неколкумина најталентирани играчи на денешниот фудбал. Кога ги гледам останатите земји, искрено не гледам повеќе од три или четири репрезентации во светот што се подобри од нас. Но, самиот талент не е доволен. Мора да бидеме способни да покажеме дека сме најсилни и да бидеме свесни за вашите квалитети. Тој талент мора да се конкретизира на теренот“, порачува Шифо. Квалификувањето на СП 2014 во Бразил, според некогашната фудбалска ѕвезда број еден на Белгија би било доказ за квалитетот на сегашниот тим. Тој смета дека сегашната генерација може уште да напредува, но доколку напаѓачите кои се развиваат, меѓу кои Лукаку, Бентеке, Де Брујн, Дембеле и Азар, успеат да воспостават автоматизам, кохерентност во играта, дека тогаш сите надежи се дозволени. Запрашан дали оваа белгиска репрезентација цели на пласман во полуфиналето на „мундијалот“ во Бразил, Шифо со одговор: - Подготвен сум да се облложам на тоа, иако знаеме дека во фудбалот за жал не ги контролираме сите параметри. Ако се квалификуваме на СП, мислам дека ќе ги изненадиме сите таму. Единствена работа што не ни оди во прилог е фактот дека уште не сме се квалификувале и притисок се уште е многу голем и може да претставува сопирачка за нашата игра. Јас сум нетрпелив да го видам нашиот тим како се развива кога нашите играчи се целосно ослободени од притисокот, но сигурен сум дека ниту еден тим нема да може да доминира над нас, дури ниту Шпанија и Германија! - порачува за крај легендарниот белгиски фудбалер, а сега клупски тренер. Како што е познато, утревечер (20:45 часот) на Националната арена „Филип Втори“ се игра првиот меч од петтото квалификациско коло во групата “А“ за пласман на СП 2014 меѓу Македонија и Белгија. Возвратниот натпревар меѓу истите селекции е закажан за вторник (26 март) и ќе се одигра на стадионот “Руи Бодуин“ во Брисел. Белгија е на делба на првото место во групата и со ист број на бодови со Хрватска (по десет) се борат за пласман на “мундијалот“, додека Македонија е четврта со четири бодови и се уште има теоретски шанси да се бори за место на СП 2014. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес променливо облачно со сончеви периодиВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ХороскопДневен хороскоп за 15. ноември 2026 година. Дневен хороскоп за недела, 15. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе кои се подготвени се да споделат со другите. Ќе биде тоа полн погодок за вас. Кариера Работата ќе ја вршите со песна. Едноставно ќе ви оди. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Добро е што не ги комплицирате работите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно е пријатно излегување и вашата популарност во друштвото. Но одвнатре и натаму ќе бидете празни. Кариера Без оглед што можеби ја знаете работата најдобро , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да соработувате. Здравје и совет Издржете. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе играте на карта на љубезност и убаво однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срце. Кариера Можеби нема најдобро да ве разберат , па затоа држете се до професионалните правила и стандарди. Така ќе ви биде полесно. Здравје и совет Наспијте се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои своите љубавни грижи ќе му ги доверат на пријател,сдруги ќе ги скријат под тепих, а трети ќе се забавуваатсо друштво без оглед на се. Кариера Ќе финиширате една задача која можеби ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе подолго време требаше да се заврши. Здравје и совет Излезете меѓу луѓе . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сериозните теми ќе ги отфрлите на страна со помош на духовит разговор. Другата страна нема да ви замери. Кариера Се што ќе работите или евентуално што ќе предлагате, ќе мора да го објасните. Ќе бидете успешни во тоа. Здравје и совет Не се натпреварувајте со никого. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате потреба да заминете што подалеку од дома. Ако живеете со партнер , ќе треба тоа да го објасните: Ако не, ќе имате големи опроблеми. Кариера Вашите замисли убаво напредуваат , а вие сте задоволни од резултатот. Денеска работете на детали. Здравје и совет Поврзете се со луѓе од други региони. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе станете поотворени за секаков вид дружење и забава, а ќе се појават и шанси за тоа. Кариера Со мали чекори ќе може да дојдете до значајна цел исто како и со големи. Затоа не се грижете ако напредокот е постапен. Здравје и совет Едноставно имајте верба. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку повеќе слобода или да се тргнат од грижите. затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Вие сигурно можете и подобро , но моменталната ситуација тоа не ви го дозволува. само не ги обвинувајте другите. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Во попладневните часови ќе се опуштите , а вашиот однос со саканата личност ќе се подобри. Кариера Ќе дојде до се подобра соработка меѓу вас и колегите. Ќе успеете да ги усогласите различните идеи и мислења. Здравје и совет Радувајте се . Има зошто. Лав 23.7-22.8. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе тлее потреба за да бидете главни. На партнерот тоа би можело да му оди на нерви. Кариера Копнеете за уште поголеми признанија од оние кои неодамна ги добивте. Би било подобро да сте поскромни. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележите дека вашата најсакана личност станува се почувствителна. Бидете внимателни. Кариера Потрудете се уште малку и резултатите ќе се појават . Тоа што сеуште не се гледат , не значи дека се далеку. Здравје и совет Треба повеќе да се рекреирате . Вага 24.9.-23.10 Љубов Истовремено ќе се забавувате и ќе сонувате за некоја идилична љубовна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сакате да се пошегувате со колегите. Денеска ќе направите мала ситуација , но никој нема да ви замери. Здравје и совет Ќе ширите ведар дух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook