Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ
2Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ
Шоу бизБелгија сепак ќе учествува на Евросонгот 2026 во ВиенаБелгискиот јавен радиодифузен сервис РТБФ соопшти дека е донесена одлука Белгија да учествува на Изборот за песна на Евровизија што следната година ќе се одржи во Виена.Со ова се стави крај на дилемата околу учеството на Белгија на Евросонгот по одлуката на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) во четвртокот да му дозволи на Израел да учествува на натпреварот. Веднаш по ваквата одлука на ЕБУ, Ирска, Словенија, Холандија и Шпанија објавија дека нема да учествуват на натпреварот, додека Белгија, Исланд и Португалија најавија дека ќе решаваат за своето учество во „наредните денови“. Откажувајќи го учеството на Евросонгот, холандскиот јавен радиодифузен сервис НПО соопшти дека „учеството под сегашните околности е некомпатибилно со јавните вредности што се од суштинско значење за нас“. Од друга страна, пред гласањето во ЕБУ за израелското учество, Германија се закани дека ќе се повлече од Евросонгот во Виена, доколку на Израел не му биде дозволено да учествува на натпреварот. Потврдувајќи го учеството на Белгија на Евросонгот, РТБФ соопшти дека на состанокот со ЕБУ било побарано од европскиот радиодифузер да изврши притисок врз Израел за да обезбеди меѓународните медиуми да можат независно да известуваат за ситуацијата во Газа. - Неопходно и итно е да се гарантира безбеден пристап за новинарите до Газа, исто како што е потребно да се поддржи воспоставувањето независен палестински медиум и да се продолжи со поддршката на независноста и автономијата на израелскиот јавен радиодифузер, се наведува во РТБФ. Вториот белгиски јавен радиодифузен сервис ВРТ, пак, соопшти дека и покрај притисоците, ќе го пренесува Евросонгот. Белгија има два радиодифузен сервис – Белгиска радио-телевизија на Франкофонската Заедница (РТБФ) и Фламанска радио-телевизија (ВРТ). Двата сервиса се полноправни членки на ЕБУ, со што имаат право да учествуваат на Евросонгот. Но, бидејќи правилата на натпреварот дозволуваат само по еден учесник од секоја земја, двата белгиски сервиси наизменично ја претставуваат Белгија на Евровизија и тоа ВРТ во непарните, РТБФ во парните години. По најавата на РТБФ се огласи синдикалната организација на Конфедерацијата на христијанските синдикати при ВРТ (АЦВ-ВРТ), со барање телевизијата да не емитува пренос од Евросонгот. - АЦВ-ВРТ е длабоко загрижена поради хуманитарната ситуација во Појасот Газа и на Западниот Брег, каде актуелните бомбардирања, блокадите и строгите ограничувања на основните услуги, првенствено влијаат врз цивилното население. Не можеме и не смееме да го игнорираме ова страдање на луѓето. Поради ова, АЦВ-ВРТ бара од ВРТ да го откаже емитувањето на евровизискиот натпревар сè додека трае оваа хуманитарна криза, се додава во соопштението на синдикатот. Синдикалната организација посочува дека јавниот радиодифузен сервис има „не само забавна мисија, туку и општествена одговорност“. - Кога милиони луѓе гледаат, уште поважно е да им се обезбеди точен контекст и увид, наведе АВЦ-ВРТ, додавајќи дека нивното барање претставува „повик за храбро, транспарентно и независно новинарство“. Во целата приказна се вклучија и неколку партии кои побараа Белгија да се повлече од Евросоногот, откако беше потврдено учеството на Израел. Вакви повици упатија бинационалната екстремно левичарска Работничка партија на Белгија (ПТБ/ПВДА), двете еколошки партии фламанската Зелени и валонската Еколо и десноцентристичката Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ). Фламанската социјалдемократска партија Напред (Вуројт), пак, оцени дека „ќе биде подобро ВРТ да не го емитува“ Евросонгот. Тагови: Белгија Евросонг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДве кумановки и пет банкарки злоупотребиле лични податоци се офајдиле со 194 илјади евра Две кумановки и пет банкарски служебници добиле кривични пријави за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 194 милиони денари..Во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите , тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената. Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 194 илјади евра, информираа од МВР...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Рецепти„Гответе со Дракче“ - КрилцаВо четврток (15.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Оливер Лозаноски.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. пилешки крилца 150 гр. криспи брашно масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИФактите се мерат со бројки. Вратен долг (отплатена главнина) во првите 24 месеци од мандатот:СДС–ДУИ: 49,6 милијарди денари - 806 милони евра вратена главнина на долг. ВМРО-ДПМНЕ: 142,2 милијарди денари - 2,31 милијарди евра вратена главнина на долг. Тоа се 2,87 пати или 187% повеќе средства насочени кон сервисирање на доспеаната главнина. Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени во мандатот на претходната влада. Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој. 2,31 милијарди евра вратена главнина за две години. Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook