Белгија предвидува 55 милиони евра за зајакнување на кибер безбедноста на државните институции - Канал 5

Белгија предвидува 55 милиони евра за зајакнување на кибер безбедноста на државните институции

За 2025 година од Федералниот буџет на Белгија ќе бидат издвоени 55 милиони евра наменети за зајакнување на кибер безбедноста на државните институции, најави денеска белгиската министерка за јавни работи и модернизација Ванеса Мац. 

Белгија предвидува 55 милиони евра за зајакнување на кибер безбедноста на државните институции

- Кибер нападите врз инструкциите може да ги оневозможат клучните услуги за граѓаните, да го наруши континуитетот на јавните услуги, па дури и да компромитираат чувствителни податоци, истакна Мац.

Според неа, Центарот за кибер безбедност на Белгија во просек добива информации за по 45 кибер инциденти месечно, при што овие закани главно доаѓаат од „руски, кинески или други хакери“, кои имаат за цел да ја ослабат земјата.

Се предвидува овие 55 милиони евра да бидат искористени за создавање на робустен дигитален штит за секоја федерална институција, без разлика на нејзината големината.

Овие мерки, според Мац, ќе вклучуваат и надградба на основните ИТ алатки, бидејќи некои институции се уште користат софтверски лиценци кои не ги исполнуваат врвните стандарди за кибер безбедност

- Ќе биде достапен и централизиран центар за информатичко-комуникациски технологии, од кој пред се корист ќе имаат помалите и честопати помалку опремени и поранливи структури, додаде белгиската министерка.

Мац најави дека имајќи го предвид „променливиот пејзаж на закани“, властите ќе ја следат состојбата и доколку е потребно подготвени се и за преиспитување на ресурсите за кибер безбедноста. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски на средба со претставници на „Корендон“ една од најголемите туристички групации во Европа

Постои потенцијал за нови инвестиции и развој на авиосообраќајот и туризмот.

Николоски на средба со претставници на „Корендон“ една од најголемите туристички групации во Европа

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“.

Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот.

На средбата, заменик претседателот на Владата, Николоски го истакна огромниот потенцијал на Македонија како туристичка и авио дестинација, особено во услови на континуиран раст на воздушниот сообраќај и зголемен прилив на странски туристи.

Тој потенцира дека Македонија се позиционира меѓу најбрзорастечките пазари во Европа со раст од 40 проценти на патници во доаѓање во авиосообраќајот, како и значителен раст и на бројот на туристи, што дополнително го потврдува потенцијалот за развој на нови авиолинии, туристички аранжмани и инвестиции во туристичката инфраструктура.

На средбата беше посочено дека подобрата авио поврзаност и отворање на нови пазари и услуги се од особено значење за континуираниот развој на туризмот и бројот на нови туристи во земјата.

“Македонија има голем потенцијал за развој на авиосообраќајот и туризмот и тоа го докажуваме во континуитет. 28 нови дестинации, растот од 40 проценти во авиосообраќајот, преку 20 проценти раст на туристите е јасен показател дека интересот за Македонија расте. Нашата цел е овој тренд да го претвориме во нови авиолинии, повеќе туристи и нови инвестиции и отворени сме за соработка“, истакна Николоски.

„Корендон“ е истакната меѓународна туристичка групација и е меѓу трите водечки туроператори во Холандија и Белгија. Групацијата нуди пакет-патувања до повеќе од 50 дестинации.

Групацијата, покрај тур-операторските услуги, во своето портфолио располага со повеќе од 40 авиони кои летаат под знамињата на Турција, Холандија и Малта.

Во сегментот на тур-операторските услуги опслужуваат приближно 850.000 клиенти годишно, додека „Корендон ерлајнс“ превезува меѓу 6 до 10 милиони патници на годишно ниво.

На средбата беше заклучено дека постои простор за идна соработка, особено преку отворање нови можности во авиосообраќајот, привлекување странски туристи и разгледување потенцијални инвестиции во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Мини песочно торнадо „песочен ѓавол“ во Лондон?!

 Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич.

Видео: Мини песочно торнадо „песочен ѓавол“ во Лондон?!

Во еден момент сончање и уживање во природата, а во следниот – сцени како од филмови за катастрофи! Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич и со бучава мина покрај изненадените луѓе.

Иако изгледа како мини-торнадо, станува збор за метеоролошки феномен познат под морничавото име – „песочен ѓавол“.

Овој феномен е исклучително редок во Европа, но сушите и екстремните топлотни бранови буквално ја менуваат климатската слика на континентот и ни носат пустински сцени! Што точно претставува „песочниот ѓавол“?

„Песочниот ѓавол“, или песочниот вител, претставува ротирачки столб од воздух што од земјата крева прашина, песок, сува трева и ситни остатоци.

Иако по форма наликува на торнадо, тој настанува на сосема поинаков начин и во сосема поинакви временски услови! Торнадото настанува од буноносни облаци и е поврзано со лошо време, грмежи и дожд, додека „песочниот ѓавол“ се појавува под сосема ведро небо, за време на жешки и сончеви денови без ветер!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места каде што се собира вода и каде што постојат услови за развој на овие инсекти.

За дополнителна заштита и целосно намалување на бројноста на инсектите, акцијата ќе продолжи и во петок, кога ќе се изврши теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од општината.

Општина Кисела Вода ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавеното прскање против возрасни комарци кое ќе се реализира во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер