ЕвропаБелгија планира нова нарачка за ловци Ф-35 оваа годинаБелгија има намера да нарача дополнителни ловци Ф-35 оваа година, изјави министерот за одбрана Тео Франкен.Во интервју за специјализираната веб-страница „Брејкинг Дифенс“, Франкен рече дека авионите произведени во САД треба да бидат „што е можно поевропски“. Белгија веќе нарачала 34 авиони. Првиот авион слета во воздухопловната база Флорен кон средината на октомври, а неколку други се во Аризона, каде што белгиските пилоти се обучуваат. Минатата година, белгиската влада одобри нова стратешка визија за одбраната, која предвидува купување на уште 11 авиони. Франкен изрази надеж дека договорот за нив ќе биде потпишан подоцна оваа година по разговорите со Џејмс Тејклет, раководител на производителот „Локид Мартин“. Тео Франкен нагласи дека Белгија бара посилно европско учество во програмата и посочи на можноста дел од авионите да се склопат во Италија, каде што веќе се одвива конечното склопување на италијанските и холандските машини. Белгиската авијациска индустрија, исто така, се вклучува во проектот, откако две компании од Белгија потпишаа договор со производителот на мотори „Прат и Витни“ за производство на компоненти за моторите на ловецот.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
ЖивотМеркел доби официјален портрет: „Невообичаено е да се стане дел од историјата“Портрет на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, насликан од малку познатиот уметник Жереми Кејрас, ќе биде свечено претставен во берлинскиот музеј „Боде“ на Музејскиот остров, речиси пет години откако таа ја напушти функцијата. Сликата ќе биде изложена во музејот „Боде“ во текот на три месеци, почнувајќи од вторник, по што подоцна оваа година ќе биде преместена во кабинетот на сојузниот канцелар. Во неодамнешно интервју за „Ди Цајт“, Меркел скромно го коментираше тој момент. „Невообичаено е кога полека станувате дел од историјата“, рече таа. На првиот кат од канцеларијата на федералниот канцелар се изложени портрети на сите германски канцелари, вклучувајќи го и Герхард Шредер, чиј портрет го насликал Јерг Имендорф во 2007 година. Заедно со портретот на Ангела Меркел, недостасува и портретот на Олаф Шолц. Неговиот кабинет објави дека сè уште не избрал уметник.Тагови: Ангела Меркел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
МакедонијаГори дива депонија во Шуто ОризариПожар избувна денеска во скопската општина Шуто Оризари, во близина на стовариште, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Денеска повторно се разгоре пожарот помеѓу Шуто Оризари и Визбегово, а густ црн чад се забележува од повеќе места низ Скопје. „Гори сува трева, а огнот се шири кон околните куќи“,се вели во соопшението од ЦУК. Истовремено, известена е и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а пожарникарски екипи се на терен и го гаснат огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Кендал Џенер и Џејкоб Елорди маскирани ја напуштиле АвстралијаУбавата манекенка Кендал Џенер и нејзиното момче Џејкоб Елорди дискретно ја напуштија Австралија, целосно маскирани Пред врската со Елорди, убавата Кендел била во врски со раперот Бед Бани и НБА кошаркарот Девин Букер. Моделот Кендал Џенер и актерот Џејкоб Елорди биле забележани на аеродромот во Бризбејн за време на викендот, каде што се обиделе да останат незабележани по престојот во Австралија. Двојката не разменувала нежности во јавноста, но фотографите го забележале моментот кога Џенер накратко ја ставила раката на лактот на Елорди додека шетале низ аеродромот. Ѕвездата на „Keeping Up with the Kardashians“, 30 годишната Кендел, и 29-годишниот актер дополнително ги сокриле своите идентитети носејќи маски, шалови и очила. Елорди бил облечен во дуксер со качулка, додека Џенер носела бејзбол капа.Тагови: кендел џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook