Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани
1Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани
СветБелгија останува на трето ниво на закани од напади најмалку до крајот на летото Опасноста од закани од терористички напад во Белгија ќе остане на третото на ниво најмалку до крајот на летото, соопшти директорот на белгиската Координативна единица за анализа на закани (ОЦАД), Герт Веркаутерен. - Тоа значи дека Белгија се соочува со сериозна закана. Таквата состојба не се очекува да се промени пред крајот на летото, изјави Веркаутерен. Третото нивото на закана од напади во земјата беше воведено во октомври минатата година, кога азилант, кој тврдеше дека е припадник кон терористичката група Исламска држава, со истрели од огнено оружје усмрти двајца шведски навивачи во Брисел, во пресрет на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Белгија и Шведска. Според Веркаутерен, нивото на закана се уште не е намалено ни по осум месеци и таквата состојба нема да се промени пред крајот на летото. - За одредување на нивото на закана анализираме неколку фактори - бројот на пријави, нивната сериозност и бројот на досиеја за тероризам кои ги третираат судството, полицијата и разузнавачките служби, но исто така и „предизвикувачките настани“, изјави Веркаутерен за белгискиот јавен радиодифузен сервис што емитува програма на холандски јазик ВРТ. „Предизвикувачки настан“ е слечување што има емоционално влијание и може да предизвика реакција. Како таков настан се третира конфликтот во Газа. ОЦАД, владино тело задолжено за координација на проценките за закани, во октомври и ноември регистрирало 40-тина „потенцијални закани“ поврзани со конфликтот во Газа, како и ист толкав број „помали инциденти“, најчесто поврзани со антисемитистички испади. - И денес значителен дел од заканите се поврзани со ситуацијата на Блискиот Исток. Тоа е и главната причина зошто останува третото ниво. И без нападот во Брисел во октомври, можноста од закани ќе се качеше на трето нивото, истакна Веркаутерн, кој наведува дека надлежните органи внимателно ја следат безбедносната состојба во земјата. Третото ниво означува дека постои „сериозна закана за напад“, поради што постои зголемена будност меѓу полицијата и безбедносните служби и не е исклучено на некои собири и настани каде присуствуваат повеќе лица во текот на ова лето да има и дополнителни проверки. Повисоко од него е четвртото ниво кое претставува „многу сериозна закана за напад“. Во годишниот извештај на ОЦАД за потенцијалните закани по белгиското општество за 2023 година се посочува дека биле регистрирани 332 извештаи за можен тероризам или екстремизам, што претставува зголемување од 41 отсто во споредба со 2022 година. Во извештајот се додава и дека станува се потешко да се утврдат точните мотиви за заканите, бидејќи во четири од 10 случаи тешко е прецизно да се одреди идеологијата која стои зад потенцијалната закана, што е причина за загриженост. - Мотивите на сторителите стануваат се понејасни и поразновидни. Дали и кога некој ќе преземе акција, таа секогаш е резултат на индивидуален процес, при што своја улога имаат и идеологијата, пропагандата и ефектот на копирање. Сторителите не секогаш се поврзани со терористичка група, се забележува во извештајот на ОЦАД. Како мотив за напад можат да се јават и лични состојби, како психолошки прашања или одредени симболични настани за сторителот, кои можат да дејствуваат како катализатори за да го поттикнат да го изврши делото. Од заканите базирани на идеолошка основа, како најбројни се оние поврзани со исламистичките кругови на кои отпаѓаат над 40 проценти од извештаите за можни закани во Белгија. Натаму следуваат заканите поврзани со „политичката опозиција во странство“ на кои отпаѓаат седум отсто од извештаите, пред оние од „десничарски екстремисти“ со пет проценти, „чувството на револт против естаблишментот“ со три и заканите од „левичарски екстремисти“ со еден отсто. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓаниГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Црвениот крст, подели социјални пакети со прехранбени производи на 50 пензионери со минимални пензии.„Солидарноста и грижата за повозрасните граѓани треба да бидат наша секојдневна обврска. Во време кога изостанува потребната социјална грижа од државата, ние како локална самоуправа сме тука да помогнеме. Годинава ја зголемивме еднократната финансиска помош за пензионерите на 5.000 денари, како што и ветивме. Со овие пакети сакаме да им дадеме дополнителна поддршка на нашите пензионери, особено во пресрет на новогодишните празници. Ова е дел од низата хуманитарни активности што ги подготвуваме во овој период“, порача Герасимовски. Со оваа акција Општина Центар ја потврдува посветеноста на социјална поддршка за најранливите категории граѓани. Преку соработката со Црвениот крст, општината продолжува да ја поттикнува солидарноста и хуманоста, затоа што и малата помош може да значи многу за оние на кои им е најпотребна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЗдравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратенНајголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година. Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови. Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени. Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек. Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.Тагови: здравко чолиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМајка во грција продала дете за 3.500 евра Две жени во Грција се под истрага и се соочуваат со обвиненија за незаконско посвојување, откако полициските проверки откриле сомнение дека новороденче било продадено од неговата мајка на друга жена во замена за пари.Според информациите објавени од грчката државна телевизија ЕРТ, 40-годишната мајка се сомничи дека на почетокот на оваа година го предала своето новородено бебе на 32-годишна жена од Аспропиргос, населено место западно од Атина. За продавањето на детето, наводно, добила 3.500 евра, а сомнежите се дека парите ги искористила за да купи автомобил.Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45