Белгија и Република Ирска последни осминафиналисти на ЕУРО 2016 - Канал 5

Белгија и Република Ирска последни осминафиналисти на ЕУРО 2016

Репрезентациите на Белгија и на Република Ирска го пополнија списокот од шеснаесет селекции кои ќе играат во осминафиналето на Европското фудбалско првенство во Франција.

Белгија и Република Ирска последни осминафиналисти на ЕУРО 2016
Во натпревар од последното 3.коло во Е-групата Белгија и Република Ирска забележаа минимални победи од 1:0 во дуелите со Италија, односно Шведска.

Со голот на Раџа Наинголан во 84.минута Белгијците ја елиминираа Шведска.

Роби Бреди реализира на пет минути пред крајот и донесе триумф на Република Ирска над Италија.

И покрај поразот, Италија заврши како прво пласирана со 6 бодови, колку што собра и Белгија на 2.место, додека Република Ирска со 4 бодови и освоеното 3.место во групата, обезбеди пласман во осминафиналето.

Во трката за четирите места на третопласираните селекции, извисија Турција и Албанија, кои завршија со 3 бода. Португалија и Северна Ирска исто така имаат по 3 бода, но овие две селекции имаат подобра гол разлика.

Денеска и утре на ЕП е слободен ден, а првите три натпревари од осминафиналето ќе се играат в сабота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српски медиуми: Уапсен сопственикот на „Информер“ Драган Ј. Вучиќевиќ

Српските медиуми објавуваат дека е уапсен Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственикот на телевизијата „Информер“.

Српски медиуми: Уапсен сопственикот на „Информер“ Драган Ј. Вучиќевиќ

Иако засега нема официјална потврда од државните институции во Србија, веста за неговото наводно апсење прв ја објави токму медиумот чиј сопственик е Вучиќевиќ – „Информер“. Според нивните тврдења, Вучиќевиќ бил пресретнат од припадници на органите на редот на околу 50 метри од зградата на телевизијата.

Според наводите на „Информер“, како и на други српски медиуми, Вучиќевиќ бил однесен во полициската станица во Вождовац. Медиумите наведуваат дека наводно се товари за предизвикување паника и нереди во продолжено траење, како и за попречување на правдата.

Засега нема официјална потврда за овие информации од надлежните институции во Србија.

Повеќе информации наскоро.

Извор: Блиц.рс

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова:19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски нараквици за насилниците

Пратеничката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова утринава во емисијата Здраво Македонија рече дека 19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за вововедување електронски наракцици за насилниците. 

Зајкова:19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски нараквици за насилниците

Образложението од власта било дека нема доволно финансиски средства за ваквиот начин на евиденција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Обрадовиќ експлодираше од среќа по тројка за победа од 9 метри во последната секунда!

Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83.

Видео: Обрадовиќ експлодираше од среќа по тројка за победа од 9 метри  во последната секунда!

Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83, а херој на натпреварот беше Најџел Хејс-Дејвис, кој со звукот на сирената погоди неверојатна тројка од речиси девет метри.

Завршницата целосно ги воодушеви љубителите на кошарката, но посебно внимание привлече реакцијата на Жељко Обрадовиќ покрај теренот. Искусниот стручњак не можеше да ги скрие емоциите – скокна, ги стегна тупаниците и бурно го прослави големиот триумф на грчкиот тим.

Валенсија имаше предност од 83-80 на помалку од 40 секунди до крајот, но Кендрик Нан израмни со тројка. Домашниот тим потоа не го искористи својот напад, а Панатинаикос ја доби последната шанса за победа.

Силвен Франсиско го пронајде Хејс-Дејвис, кој го реши натпреварот со спектакуларен потег во последните моменти.

Снимката од реакцијата на Обрадовиќ брзо стана хит на социјалните мрежи, а навивачите ја коментираа неговата неверојатна страст. Од Панатинаикос дури порачаа дека овој момент заслужува да биде изложен во Лувр.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер