ЕвропаБелгија го отфрли и новиот предлог на ЕК за „заемот за репарации“ за Украина како „фундаментално погрешен“Белгискиот премиер Барт де Вевер во писмо упатено синоќа до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека планот за т.н. „заем за репарации“,за Украина е „фундаментално погрешен“.Белгискиот премиер Барт де Вевер во писмо упатено синоќа до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека планот за т.н. „заем за репарации“, кој предвидува користење на 140 милијарди евра од замрзнатите руски средства во ЕУ за исплата на финансиска поддршка на Украина е „фундаментално погрешен“, може да создаде сериозни економски и геополитички последици. Де Вевер во писмото од четири страни појаснува дека најавените мерки од страна на Фон дер Лајен не се доволна гаранција дека Белгија би била заштитена од евентуални правни последици од планот и дека нема да биде оставена сама да ги враќа искористените средства доколу се појави таква потреба. Според Де Вевер, планот дополнително би можело да го загрози угледот на депозитарот на хартии од вредност со седиште во Брисел, „Еуроклир“, каде се наоѓаат најголемиот дел од замрзнатите руски суверени средства во ЕУ или речиси 180 милијарди евра. - Не би било праведно и фер да се очекува трошоците и ризиците од планот да бидат на товар на Белгија, ако сите би имале корист од него, додава Де Вевер. Реакцијата на Де Вевер следи по писмото на Фон дер Лајен упатено до лидерите на државите членки на ЕУ минатиот понеделник околу исплатата на финансиска поддршка на Украина и најавите на Европската комисија на почетокот на неделава дека е подготвена следната недела да предложи законски текст за реализација на планот за „заем за репарации“. Во писмото до лидерите на ЕУ, Фон дер Лајен наведе дека Белгија нема да биде оставена сама да се соочува со евентуалните ризици, доколку биде постигнат договор за користење на замрзнатите руски суверени средства за поддршка на Украина и дека земјите членки ќе ѝ обезбедат „правно обврзувачки, безусловни, неповратни и повратни гаранции“. Таа наведе дека Комисијата „идентификувала три главни опции“ за обезбедување на средствата – исплата на грантови или субвенции од сите или што е можно повеќе земји членки на ЕУ согласно висината на нивниот БДП, самата ЕК да позајмува пари на пазарите на капитал со што би се зголемил долгот на ЕУ, како и користење на замрзнатите средства на руската Централна банка за позајмица со условна обврска за враќање или т.н. заем за репарации, опција, која според неа е „најпреферирана“. Сепак, според Де Вевер, ветувањата наведени во писмото на Фон дер Лајен „не ја отстраниле загриженоста на Белгија“, која, како што вели „не е академска, туку реална“, а дополнително тој изразува изненадување и од „целосниот недостиг на разбирање“ од страна на лидерите на ЕУ за правните и финансиските ризици од „заемот за репарации“. Де Вевер додава дека планот би можел да ги поттикне инвеститорите да ги повлечат своите средства од „Eуроклир“ и останатите европски депозитари, што би ги „засилило системските ризици“ по Еврозоната и потенцијално би го дестабилизирало еврото. Тој посочува дека Белгија ризикува за загуби евентуален случајот покренат против неа од страна Русија пред меѓународен арбитражен суд поради користењето на средствата, споредувајќи ги ризиците со пример од воздухопловството. - Авионите се најбезбедниот начин на транспорт и шансите за несреќа се мали, но во случај на несреќа, последиците се катастрофални, посочува белгискиот премиер. Како алтернатива, Де Вевер предлага поддршката на Украина да се исплати од неискористените средства од тековниот седумгодишен буџет на ЕУ, кој е со важност до крајот на 2026 година. Де Вевер, дополнително, предупредува и дека брзањето со усвојувањето на планот за користење на замрзнатите руски средства би можело да има последици по мировните преговори меѓу Украина и Русија. - Со брзото усвојување со предложениот план за заем за репарации, ЕУ би можела го попречи постигнувањето на евентуален мировен договор, наведе Де Вевер. Сепак, Де Вевер остава можност Белгија да се согласи на „заемот за репарации“, доколку добие „целосна гаранција“ од страна на земјите членки, дека ќе помогнат во одржување на ликвидноста на „Еуроклир“ со покривање на целосниот износ на искористените средства доколку се јави потреба за тоа. Ваквата „целосна гаранција“, според Де Вевер би требало да биде потпишана од страна на лидерите на земјите членки, заедно со евентуалната одлука за исплата на „заемот за репарации“ на Украина. Постојат мали шанси за консензус од страна на земјите членки за ваквата идеја на Де Вевер, во услови кога некои од нив потсетуваат дека Белгија со години заработува милијарди од наплата на даноци на профитот генериран од замрзнатите руски средства. Само лани по овој основ Белгија оствари приход од 1,7 милијарди евра. На ваквите забелешки Белгија одговара дека средствата заработени од руските средства биле „наменски“ користени за потребите на Киев. Лидерите на ЕУ на октомврискиот Самит и поставија рок на Европската комисија до следниот нивни собири кон средината на декември, да им достави предлог за покривање на финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година. Доколку, сепак Европската комисија не успее да ја разубеди Белгија до декемврискиот Самит, таа според еврокомесарот за економија Валдис Домбровскис би можел да побара од партнерите на ЕУ од Г7 да ги забрзаат исплатите на ветениот заем за Украина. Домбровскис во интервју за „Еурактив“ наведува дека заемот што и беше ветен на Украина од страна на Г7 во јуни минатата година и која требаше да ѝ се достави на рати во претстојните неколку години, би можел да и биде исплатен предвреме, со цел земјата да ги покрие своите финансиски потреби. - Во разговори сме со други меѓународни донатори, за да видиме дали нивната поддршка може да се исплати однапред до почетокот на следната годината, изјави Домбровскис, додавајќи дека тие „донатори“ ги вклучуваат Велика Британија, Канада, Јапонија и САД.Тагови: Белгија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.Тагови: затворска казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаЃорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родителиЃорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски. - Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПарното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти. Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.Тагови: парно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter