СветБелата куќа: Венс сепак патува во Пакистан на нова рунда преговори за ИранПотпретседателот Џ.Д. Венс ќе отпатува во Пакистан на нова рунда преговори за Иран, каде што ќе му се придружат специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на претседателот Џаред Кушнер, потврди Белата куќа.Соопштението дојде откако претседателот Доналд Трамп изјави дека потпретседателот нема да присуствува на разговорите, што предизвика неизвесност околу составот на американската делегација, објави CNN. Контрадикторни пораки од Белата куќа Имено, претседателот Трамп претходно му кажа на MS Now дека Венс нема да оди на разговорите поради безбедносни причини. Таа изјава предизвика забуна околу тоа кој точно ќе ги претставува САД во Исламабад, при што Трамп само рече дека неговите „претставници“ ќе пристигнат таму утре вечер. Безбедносен протокол на Тајната служба Извори запознаени со протоколите на Тајната служба објаснуваат дека агенцијата бара претседателот и потпретседателот да не бидат на исто место во исто време. Ова правило важи не само за патувања во ризични региони каде што е во тек конфликт, туку и за патувања во рамките на Соединетите Американски Држави. Ова значи дека, во случај да се постигне конечен договор и Трамп да одлучи да патува во Пакистан, потпретседателот Венс веројатно прво ќе мора да се врати во Соединетите Држави. Претходните преговори беа без успех Новата рунда разговори ќе се одржи повеќе од една недела по првата рунда разговори во Пакистан, во која учествуваше и делегација на Венс, Виткоф и Кушнер. Тие први преговори завршија без договор за прекин на конфликтот. На прашањето на CNN за спротивставените информации околу американската делегација, функционер на Белата куќа одговори остро: „Работите се променија“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите Атрактивната италијанска ТВ водителка Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа. Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал. Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси. Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНејмар го пропушта и 2 коло на МундијалотЅвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар го пропушта и дуелот од 2 коло против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата. Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство. Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт. Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикиниЕдна од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ... Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан . Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива. Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook