Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова лично им го честиташе успехот на кадетите и кадетките на Светското ракометно училишно првенство
2Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова лично им го честиташе успехот на кадетите и кадетките на Светското ракометно училишно првенство
СветБелата куќа потврди: САД и Иран постигнаа договор, се чека на одобрување од Трамп Белата куќа ги потврди извештаите дека американските и иранските преговарачи постигнале договор за Меморандум за разбирање со кој ќе се продолжи постојното примирје за 60 дена.Белата куќа ги потврди извештаите дека американските и иранските преговарачи постигнале договор за Меморандум за разбирање со кој ќе се продолжи постојното примирје за 60 дена, во текот на кои страните ќе водат разговори за нуклеарната програма на Иран. Сепак, изјавата што се припишува на американски извори, одговарајќи на прашања од новинари, појасни дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште треба да го потпише конечното одобрување на договорот. Американски функционер, во извештај на Аксиос, кој беше потврден и од Белата куќа, рече дека Трамп сакал да размисли неколку дена пред да донесе одлука.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Нова провокација од Кајли ЏенерМладата членка на кланот Кардашијан - Џенер, атрактивната бизнисменка Кајли Џенер не престанува да ја рекламира својата нова колекција, и секој пат тоа го прави со се по провокативни фотки и изданија.Риалити убавицата реши ова лето да се посвети само на себе си. Таа веќе неколку пати воодушеви со модели од својата нова колекција, особено кога станува збор за бикини, а сега претстави и фустани и летни комплети. Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицевски: Владата е проевропска, ама и ги штити македонските национални интересиНикола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Канал 5 телевизија, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека Македонија во изминатиот период бележи значителен напредок Никола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Канал 5 телевизија, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека Македонија во изминатиот период бележи значителен напредок во спроведувањето на реформите, особено во областa на дигиталната трансформација, образованието и енергетскиот пазар. Според него, позитивните оценки од Европската комисија и Европскиот совет, како и добиените средства од планот за раст, се потврда за успешноста на реформските процеси во земјата. „Македонија напредува во изминатиот период во повеќе области, oна за што можам директно да кажам и што е видливо е делот на Реформската агенда, односно законите и областите коишто произлегуваат од планот за раст. Македонија напредува во делот на дигиталната трансформација, во делот на образованието, во делот на енергетскиот пазар, во делот на дигитализацијата, што е видливо и од извештаите кои што ги добиваме од Европската комисија и од претседателот на Европскиот совет којшто рече дека Македонија бележи опипливи резултати. Македонија на последната поделба на одредени средства доби 65,7 милиони евра, повеќе од сите во околината, кој што се средства да кажеме како лидери во областа на реформите од планот за раст“, рече Мицевски. Мицевски посочи дека Владата останува цврсто определена на европскиот пат и спроведува реформи што се бараат од Европската комисија, но истовремено внимателно ги штити македонските национални и државни интереси. Тој нагласи дека, по искуствата од минатото и неисполнетите ветувања по направените уставни измени, земјата нема да избрзува со нови чекори без јасни гаранции и видлив напредок на патот кон Европската Унија. „Македонија ја води проевропска Влада, Влада којашто работи на измените, односно на реформите коишто Европската комисија ги бара, меѓутоа, Македонија во моментов има Влада којашто се грижи за македонските национални и државни интереси. Поучени од минатото коешто го имавме, направени уставни измени со промена на уставно име, а не испорачани резултати коишто беа ветувани, сега разговараме, меѓутоа внимателно со цел да добиеме некој видлив патоказ, којшто ќе ни даде за право да веруваме доколку дојде до одредени измени. Не брзаме, не сме наивни, меѓутоа работиме на Реформската агенда и реформскиот пат, затоа што тоа е иднината на оваа држава“, дециден е Мицевски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
ЖивотМистерија: Како иста жена добила на лотарија четири пати?Доколку еднаш освоеше награда од милион долари на лотарија, никој немаше да се сети на нејзиното име. Доколку го стореше тоа двапати, веројатно ќе имаше репутација дека е неверојатно среќна. Но, Џоан Гинтер освои милиони четири пати, што ја прави еден од најмистериозните случаи во историјата на американската лотарија. Вкупно, таа освои повеќе од 20 милиони долари, а она што ја прави нејзината приказна необична не е само количината на пари, туку и фактот дека била математичарка со докторат од Универзитетот Стенфорд. Затоа истото прашање се поставува со децении: дали Џоан Гинтер имаla неверојатно среќна или разбира нешто што другите играчи не го разбраа? - Првата голема добивка дојде во 1993 година кога освои 5,4 милиони долари на лотаријата Лото Тексас. Ваквите добивки не се невообичаени. Она што следеше е необично. Тринаесет години подоцна, таа освои два милиони долари на греб-лотарија. Две години потоа, уште три милиони. Потоа, во 2010 година, дојде уште еден шок - добивка од десет милиони долари. Математичарите брзо пресметаа дека шансите едно лице да постигне таква низа се астрономски мали. Бидејќи Џоан Гинтер била математичарка, речиси веднаш се појавиле теории дека таа внимателно го проучила системот. Некои истражувачи тврдеа дека е можно да се анализира дистрибуцијата на греб-ливчиња и со тоа да се зголеми веројатноста за наоѓање добитни тикети. Други веруваа дека таа купила огромни количини ливчиња и трпеливо чекала вистинскиот момент. Сепак, ниту една од овие теории никогаш не била потврдена. Комисијата за лотарија на Тексас никогаш не пронашла докази за измама, ниту пак било утврдено дека користела некакви нелегални методи. Со други зборови, на јавноста ѝ биле дадени многу теории, но немало одговори. Жената која не сакала слава Можеби затоа мистеријата траела толку долго. Можеби затоа мистеријата трае толку долго. За разлика од повеќето луѓе кои стануваат медиумски ѕвезди по голема победа, Џоан Гинтер речиси ништо не ѝ проговори на јавноста. Таа не држеше предавања за стратегија, не пишуваше книги и не се обидуваше да профитира од својата слава. Колку помалку зборуваше, толку поголем беше интересот. Неодговореното прашање Џоан Гинтер почина во 2024 година. Со неа, веројатно исчезна и одговорот на прашањето што ги интригира љубителите на статистика, коцкање и необични животни приказни низ целиот свет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook