Белата куќа: Меланија Трамп во понеделник ќе претседава со Советот за безбедност на ОН - Канал 5

Белата куќа: Меланија Трамп во понеделник ќе претседава со Советот за безбедност на ОН

Првата дама на САД, Меланија Трамп, во понеделник, на 2 март, ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Белата куќа: Меланија Трамп во понеделник ќе претседава со Советот за безбедност на ОН

Првата дама на САД, Меланија Трамп, во понеделник, на 2 март, ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, кога САД официјално ќе го преземат едномесечното ротирачко претседателство со ова тело на светската организација, соопшти денеска Белата куќа.

Меланија Трамп на состанокот ќе го нагласи образованието како начин за промовирање на толеранцијата и светскиот мир,нагласуваат од Белата куќа.

Тоа ќе биде прв пат прва дама на САД да претседава со телото од 15 члена, објави денеска канцеларијата на сопругата на американскиот претседател во соопштение.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, е гласен критичар на Обединетите нации уште од својот прв мандат во Белата куќа, велејќи дека светската организација со 198 члена е неефикасна и ѝ се потребни реформи.

Меѓутоа, тој зазеде попомирувачки став на минатонеделниот состанок на неговиот Одбор за мир, иницијатива за која рече дека има за цел да ги реши светските конфликти, но која многу светски лидери ја отфрлија поради загриженоста дека има за цел да ги замени ОН.

„Одборот за мир речиси сигурно ќе ги следи Обединетите нации и ќе се погрижи тие да функционираат правилно“, рече Трамп на 19 февруари.

„Ќе ги зајакнеме Обединетите нации. Ќе се погрижиме нивната инфраструктура да биде добра. Ќе им помогнеме финансиски и ќе гарантираме дека Обединетите нации ќе бидат одржливи,“додаде претседателот Трамп во својата изјава за првата седница на Одбор за мир, на 19 февруари во Вашингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иван Анастасовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Иван Анастасовски.

Иван Анастасовски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Провокативната Нивес со интересни фотки и порака

Хрватската, старлета, пејачка, водителка, писателка и инфлуенсерка Нивес Целзијус повторно го привлече вниманието на своите следбеници на социјалните мрежи, овојпат со фотографии од одмор што ја доловуваат летната атмосфера. 

Фото: Провокативната Нивес со интересни фотки и порака

Бујната Нивес сподели фотографии од одморот, а покрај објавата остави кратка, но впечатлива порака.

„...кожата ми гори, срцето ми трепери...“, напиша Нивес.

Стиховите што таа ги избра дополнително ја истакнаа атмосферата што сакаше да ја пренесе преку фотографиите, а објавата не остана незабележана од нејзините следбеници.

Нивес често споделува моменти од своите патувања и одмори во текот на летните месеци, а нејзините објави редовно привлекуваат големо внимание кај јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод

Неверојатно откритие во близина на брегот на Довер го привлече вниманието и на експертите и на љубителите на историјата. 

Белгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод

Белгискиот нуркач и подводен фотограф Стеф Панис открил гајба со недопрени шишиња пиво и џин во остатоците од брод што потонал во 1864 година кај Довер, во југоисточна Велика Британија; едно шише со етикета „Guinness London“ привлече меѓународно внимание, а компанијата „Гинис“ изјави дека би сакала да го испита во својата лабораторија.

Нуркачот го открил потонатиот брод „Миндоро“ на длабочина од 25 метри и внатре пронашол гајба со шишиња, меѓу кои и едно од познатиот бренд за пиво, пренесува фламанскиот радиодифузер VRT.

„Ова шише ми го привлече вниманието бидејќи, исто како шише шампањ, имаше некаков вид капаче на врвот“, изјавил Панис.

Тој истакнал дека на шишето со пиво, кое 162 години лежело на морското дно, стоела етикетата „Guinness London“ – што е особено интересен детал со оглед на тоа што пивото „Гинис“ се произведува во Ирска, а не во Лондон.

Панис објасни дека од компанијата „Гинис“ дознал оти, во времето кога потонал бродот, вообичаена практика било пивото да се транспортира во буриња до разни локации – вклучително и Лондон – за таму да се флашира и дистрибуира.

„Миндоро“, бродот во чија близина биле пронајдени шишињата со алкохол стари 162 години, бил дрвен едреник што превезувал колонијален товар на пат кон Ванкувер. Покрај остатоците од бродот, на морското дно биле пронајдени и прибор за јадење, чинии, бројни шишиња вино, пиво и џин, како и делови од пушки и воени ремени.

„Таму [во Ванкувер] бил стациониран полк на британската армија, а бродот превезувал залихи за нив. Нуркањето до остатоците од бродот е како патување низ времето, така да се каже“, рече Панис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер