Белата куќа: Јужна Африка ги поткопува принципите на Г20 со тоа што не го предава претседателството на САД - Канал 5

Белата куќа: Јужна Африка ги поткопува принципите на Г20 со тоа што не го предава претседателството на САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека Јужна Африка одбива да овозможи непречен премин на претседателството на Групата 20 водечки економии (Г20), што беше предвидено да биде предадено на САД.

Белата куќа: Јужна Африка ги поткопува принципите на Г20 со тоа што не го предава претседателството на САД

- Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса инсистираше на усвојување декларација од страна на лидерите на Г20 за климатската криза и другите глобални предизвици и покрај конзистентните и силни приговори од САД, изјави портпаролката на Белата куќа, Ана Кели.

Таа додаде дека Трамп со нетрпение очекува „враќање на легитимитетот на Г20 во 2026 година, кога САД ќе го преземат претседателството“.

Портпаролот на претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса вчера изјави дека нема да му биде предадено претседателството на Г20 на САД, поради бојкотот на Самитот во Јужна Африка односно не учествуваат во дискусиите.

Лидерите на земјите-членки на Г20 вчера ја прекршија традицијата усвојувајќи декларација на почетокот на Самитот. Декларациите вообичаено се усвојуваат на крајот на самитите.

Со декларацијата се апелира за „праведен и траен“ мир во Украина, Судан, Демократска Република Конго и окупираните палестински територии, потоа да се заштитат резервите на стратешките минерали и да се преземат мерки против климатските промени. Декларацијата е усвоена и покрај спротивставувањето на САД.

- Водени од целите и принципите на Повелбата на ОН ќе работиме за праведен, сеопфатен и траен мир во Судан, Демократска Република Конго, окупираните палестински територии, Украина и за прекин на другите конфликти и војни низ целиот свет, се истакнува во декларацијата.

Во документот се наведува и дека Г20 ќе се залага за подобра заштита на резервите на стратешките минерали, што се неопходни за енергетска транзиција, со оглед на геополитичките и трговските превирања.

Трамп ја обвинува Јужна Африка за дискриминација на белото малцинство. Јоханесбург ги негира обвинувањата на Трамп, а организациите за заштита на човековите права ги оценија како неосновани.

Предвидено беше следниот Самит на Г20 да се одржи во Мајами

Г20 вклучува 19 земји, како и Европска Унија и Африканска Унија. Состанокот во Јоханесбург е првиот Самит на Г20 што се одржува во Африка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Либија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?

Зеленски на листата на терористи?

Либија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?

Членот на Претседателскиот совет на Либија, Муса ал-Кони, оцени дека нападот врз пристаништето во Бенгази претставува „објава на војна против либиската држава“.

Тој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, како и ставање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на листата на терористи.

Ал-Кони во изјава, пренесена од либискиот портал „Ал-Васат“, наведе дека Бенгази бил изложен на „отворена воена агресија“. Според него, цел на нападот биле морското пристаниште и неговите клучни објекти, при што е причинета материјална штета, а има и повредени цивили.

Тој смета дека станува збор за директен напад врз суверенитетот, безбедноста и стабилноста на Либија.

„Ја сметаме украинската страна за целосно одговорна за овие терористички акти, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски презеде одговорност, ги најави и се фалеше со нив“, изјави Ал-Кони.

Зеленски претходно објави дека украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркур“ кај брегот на Либија и го погодиле рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој, според него, се користел за транспорт на оружје. Ал-Кони ги предупреди украинските власти да не ја претвораат Либија во арена за меѓусебни пресметки. Тој, исто така, најави покренување правни и дипломатски иницијативи на регионално и меѓународно ниво, вклучително и обраќање до Меѓународниот суд на правдата, Советот за безбедност на ОН и други организации. Тој побара од Советот за безбедност на ОН итно да свика седница, да го стави Зеленски на листата на терористи и да преземе итни мерки за запирање на, како што наведе, нападите. Тој ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да спроведат сериозна и транспарентна меѓународна истрага, да ги идентификуваат одговорните и да ги заштитат цивилите и клучните објекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Сообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова Шапка

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Известување:

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нвидија го врати Јенсен Хуанг на челото на компанијата, акциите скокнаа за 31 отсто

Главните берзи во Азија скокнаа откако NVIDIA го врати Јенсен Хуанг на чело на компанијата. Неговото враќање се смета за добредојдена вест за голем дел од технолошката индустрија .

Нвидија го врати Јенсен Хуанг на челото на компанијата, акциите скокнаа за 31 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека дека „го склучил договорот“. Додавајќи дека разговарал со одборот на NVIDIA и „директно и индиректно“ за Хуанг.

Поради ова Трамп се соочува со реакција од пратениците поради неговата улога во Одлуката - токму кога Хуанг треба да сведочи пред конгресот следната недела.видеата од враќањето на Хуанг во NVIDIA се објавени на интернет, на кои се гледа како воодушевена толпа во седиштето на NVIDIA го пречекува додека тој вели: „Ви благодарам на сите за втората шанса“..

Хуанг се повлече претходно овој месец, откако призна афера со жена за која се тврдеше дека е кинески шпион - тој беше обвинет и за уште една афера со извршната директорка на „Нвидија“. Трамп - кој се залагаше за враќање на Хуанг - го нарекува „голем патриот“ и вели дека американската влада „нема причина да верува“ дека неговото враќање претставува ризик за националната безбедност.Неговото враќање позитивно се одрази врз берзите и го прекина еднонеделниот пад на американските акции.Акциите на Нвидија пораснаа за 31 отсто, со што пазарната вредност на компанијата се зголеми за речиси еден билион долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер