Бела ноќ по 16-ти пат се одржува во Скопје

Културната манифестација бела ноќ, која веќе прерасна во традиција, по 16-ти пат, денеска  се одржува во Скопје.

Централниот настан скопските евергрини вечерва е пред спортскиот центар Борис Трајковски каде настапуваат повеќе естрадни уметници.

Влезниците за „скопските евергрини“ пред СРЦ Борис Трајковски и концертот на платото пред МКЦ, се бесплатни.

Со почитување на мерките и препораките на министерството за здравство и Град Скопје за заштита од пандемијата од коронавирусот, настаните од белата ноќ денеска почнаа од 19:00 часот и ќе траат до полноќ, а и работното време на локалите нема да биде продолжено после 24:00 часот, нешто што беше вообичаено за минатите -бели ноќи.

Шекил: Од првата плата потрошив милион долари за само еден час

Постојат многу спортисти кои не успеаја да се снајдат откако одеднаш почнаа да заработуваат огромни пари и банкротираа по кариерата. Тоа скоро му се случи и на Шекил О’Нил.

Легендарниот центар дојде во НБА лигата во 1992 година кога потпиша за Орландо, а потоа, според неговото сопствено признание, знаел многу малку за финансиите.

"По потпишувањето, купив неколку луксузни автомобили, накит, купив сè. Потрошив толку многу што банката ми се јави и ми рече дека тоа ќе ме уништи ако продолжам да трошам толку многу", рече О'Нил во шоуто " Shark Tank " и продолжи:

"Потрошив милион долари од првата плата за само еден час. Еден човек од банката ме предупреди да не трошам толку многу затоа што не сметав на даноци и на такви работи", изјави легендарниот кошаркар, кој денес тежи околу 400 милиони долари.

Во Белгија мора да работат и заразените доктори со корона

Од докторите заразени со коронавирусот во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс на системот, пренесува Би-Би-Си.

Околу една четвртина од медицинскиот персонал во Лиеж бил заразен со коронавирус, а денес 10 болници во тој град побарале од заразениот персонал да продолжи да работи доколку нема симптоми.

Шефот на белгиската асоцијација на медицински синдикати, др. Филип Девос, за Би-Би-Си, изјавил дека тие „немаат друг избор“ ако сакаат да спречат колапс на здравствениот систем за неколку дена.

Девос тврди дека постои „очигледен ризик“ лекарите и другиот инфициран медицински персонал да ги заразат пациентите.

Во тој град на истокот од Белгија, околу една третина од тестовите се покажале позитивни, што доволно зборува за сериозноста на ситуацијата.

Болниците ги префрлаат пациентите во други здравствени установи и ги откажуваат неитните операции. Сето ова се случува неколку дена откако белгискиот министер за здравство Франк Ванденброуке објави дека земјата се приближува кон „цунами од инфекции“, додавајќи дека властите „повеќе не ја контролираат ситуацијата“.

Одлуката во Лиеж доаѓа во време кога цела Европа се бори со голем пораст на бројот на заболени од коронавирус.

Италија, најтешко погодена во пролетта, ги затвори спортските сали, театрите и базените за да го забави ширењето на вирусот. Вчера, пријавени се 21.200 нови случаи на инфекција во земјата.

Италијанската влада предупреди дека големото зголемување на бројот на заразени прави голем притисок врз здравствените служби, но премиерот Џузепе Конте не сака да нареди нов карантин, што според него би било погубно за економијата.

Во Белгија се затворени и спортските сали и базените, а продавниците мора да се затворат во 20 часот. Маските се задолжителни на сите јавни места.

Во Франција, официјалните лица предупредуваат дека дневниот број на новозаболени лица во таа земја може да биде околу 100.000, што е двојно повеќе од официјално потврдената бројка.

Ауди го поднови најмалиот кросовер, се знае и цената(ВИДЕО)

Малите урбан кросовери се исклучително популарна категорија, но ги нема многу со премиум знак. Audi Q2 е еден од нив и сега е обновен.

Однадвор, ќе го препознаете по малку редизајнираните браници, но и според Матрикс ЛЕД светлата. Понудата на бои е побогата, како површината на лимот, така и контрастниот детал на подлогата Ц. Вториот се нуди и за прв пат со карбонска завршница.

Промените во кабината се исто така пристојни, и тие одат во насока на нова форма на рачката на менувачот, рачките на вратите и отворите за вентилација и новите ткаенини. Се нудат седум дизајни на ентериер, од кои три се поврзани со финишот на S-Line. Во горната верзија, инфо-забавата сега има LTE модул за мрежно поврзување, но исто така и услуги како Google Earth и слично. Има екран од 8,3 инчи, и се надоврзува на поскапите верзии на дигиталниот кокпит.

Логично, безбедносната опрема е богата и не остава простор за компромис. Моторот сега нуди три бензинци и два дизела, каде 2.0 TDI од 150 КС ќе работи во комбинација на quattro погон.

Погледот на ценовникот ја открива достапноста на верзијата со 150 КС, наречена 35 TFSI, по цена од 31.600 евра. Во иднина, стартот ќе биде ист како и во претходната верзија, на бензинскиот 1,0 TSI и цената е околу 25 000 евра.


притисни ентер