3Итната помош со зголемен број интервенции на терен поради топлотниот бран, здравствените власти алармираат да се почитуваат препораките
СветБела куќа: Трамп не планира да ѝ се обрати на нацијата по нападите врз Иран Претседателот Доналд Трамп нема планови да му се обрати на американскиот народ денеска, откако Соединетите Држави и Израел извршија напади врз Иран, соопшти Белата куќа.Претставник на Белата куќа ги демантираше извештаите за планирано обраќање на Трамп, кој во текот на ноќта објави видео на својата платформа Truth Social најавувајќи ги нападите и повикувајќи на „промена на режимот“ во Техеран. - Тие информации не беа точни. Белата куќа нема дадено никакви насоки за обраќање или изјави денеска, изјави функционер за новинарите во Белата куќа. Американскиот претседател Доналд Трамп за „Вашингтон пост“ изјави дека сака „слобода“ за Иранците, додека американските и израелските сили го напаѓаат исламскиот режим. - Сè што сакам е слобода за народот. Сакам безбедна иранска нација и тоа е она што ќе го имаме, изјави тој за весникот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден градСилен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Колумбија, а потресите се почувствуваа во градови низ целата земја. Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните информации, загинале најмалку 20 лица и причинета е голема штета. Manizales, Colombia. Terremoto. pic.twitter.com/BzKcaWIHm1 — Jupac (@Jupacg) August 10, 2026 Се шират снимки од урнати згради. Во градот Кали се урнаа 20 згради. Гувернерката на департманот Чоко, Нубија Каролина Кордоба Кури, потврди дека од главниот град Кибдо пристигнуваат информации за повредени лица и „сериозни оштетувања на згради“. 🇨🇴 TERREMOTO EN COLOMBIA 🇨🇴 Daños enormes en Pereira y varias ciudades del país tras potente terremoto de magnitud 7,4. 🇨🇴 | COBERTURA ININTERRUMPIDA. 🇨🇴 | AHORA en @AlertaNews24. pic.twitter.com/PydNenQcVu — Alerta News 24 (@AlertaNews24) August 10, 2026 Таа исто така предупреди на можноста од последователни потреси. 🇨🇴 | URGENTE: Momento del derrumbe de un edificio de 3 pisos tras el terremoto de magnitud 7,4 en Pereira, Colombia. pic.twitter.com/r3v2lW5pU3 — Alerta News 24 (@AlertaNews24) August 10, 2026 Поради последиците од земјотресот, привремено е запрен воздушниот сообраќај на шест аеродроми во Колумбија. Според Националната агенција за цивилно воздухопловство, пријавени се штети на аеродромите во Переира, Манизалес, Кибдо, Арменија, Картаго и Буенавентура. Сите летови од тие терминали моментално се суспендирани. 🇨🇴 | URGENTE: Edificio de 4 pisos derrumbado en Cali, Colombia. pic.twitter.com/XbvMiYOPzo — Alerta News 24 (@AlertaNews24) August 10, 2026 На меѓународниот аеродром „Матекања“ во Переира, дел од покривот се урна во просторот за патници. Засега нема официјални информации дали има повредени во инцидентот. Екипи за спасување се на терен, а властите продолжуваат да ја проценуваат штетата и да ги проверуваат објектите, додека постои стравување дека бројот на повредени и обемот на материјалната штета би можеле да бидат поголеми. Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноПолицијата речиси 24 часа го истражувала„телото“ пронајдено во куфер: Но, потоа е откриена бизарната вистинаАвстралиската полиција била повикана на патот Волгон во Оален, на околу 60 километри јужно од Гулбурн, нешто пред 13 часот во неделата, откако граѓани пријавија дека пронашле предмети што личеле на човечки останки во куфер. Полицијата во австралиската држава Нов Јужен Велс денеска соопшти дека „телото“ пронајдено во напуштен куфер покрај патот всушност не било тело, туку реалистична кукла за возрасни – факт што бил утврден дури по неколкучасовна форензичка анализа. Австралиската полиција била повикана на патот Волгон во Оален, на околу 60 километри јужно од Гулбурн, нешто пред 13 часот во неделата, откако граѓани пријавија дека пронашле предмети што личеле на човечки останки во куфер. На оддалечена локација, каде што во текот на ноќта кон понеделникот врнело силен дожд, полицијата воспостави место за истрага. Сигналот за мобилна телефонија во тој дел бил слаб, а немало ниту камери за видеонадзор. Сепак, во понеделникот наутро, полицијата потврди дека во куферот се наоѓала многу реалистична кукла, облечена во облека, со коса и пирсинг на носот. Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти – како што пренесе австралискиот јавен сервис ABC – дека по форензичката анализа е утврдено оти пронајдениот предмет не претставува човечки останки. „По извршените форензички анализи, полицијата потврди дека предметот пронајден во торбата е реалистична кукла, облечена во облека, со коса и пирсинг на носот“, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМелони и Фредериксен бараат центри за враќање на мигрантите надвор од ЕУИталијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедничка изјава предупредија на „неконтролираната миграција“ во Европа, повторно повикувајќи на формирање центри за мигранти надвор од Европската унија.Италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедничка изјава предупредија на „неконтролираната миграција“ во Европа, повторно повикувајќи на формирање центри за мигранти надвор од Европската унија, со цел барателите на азил чии барања се одбиени да можат да бидат вратени во нивните матични земји. „Не ја прифаќаме неконтролираната имиграција во Европа и се залагаме за строги имиграциски политики, како во нашите земји, така и на европско ниво“, напиша денеска Фредериксен во објава на Инстаграм. „Никој не може да негира дека илегалната имиграција има негативно влијание врз нашите општества: зголемени стапки на криминал, поголем притисок врз јавните служби и нарушување на јавната доверба.“ „Особено е сериозно кога илегалните мигранти, кои немаат право на престој во нашите земји, вршат насилство и кривични дела, се вклучуваат во трговија со дрога или се одговорни за сексуално насилство“, додаде Фредериксен. Двете лидерки – единствените две жени што предводат влади во Европската Унија – инсистираа дека „мора да се воспостават центри за мигранти надвор од ЕУ за враќање во трети земји надвор од ЕУ, како и други иновативни решенија надвор од Европа“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter