ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата
2ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата
Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија
1Големо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во Италија
ЗабаваБела Хадид се врати по 5 месеци, ги поздрави фановите со заводлива снимка (ВИДЕО)Бела Хадид по пет месеци се враќа на модната сцена во предизвикувачка долна облека.- Првиот ден на сет по пет месеци - напиша супермоделот (26) додека споделуваше кадри „зад сцената“ од вчерашното снимање. Хадид - која ги информираше фановите за нејзините здравствени проблеми - изгледаше расположено додека се снимаше себеси додека се подготвуваше за на фризер и шминка. За време на тримесечното отсуство на Бела од јавниот живот, модните набљудувачи ги рециклираат нејзините стари фотографии, како и модните списанија на кои им недостигаше свежа содржина. А Бела сега со флертувачко видео кажува само едно - јасно е дека е подготвена да продолжи таму каде што застана. @babybella777 First day back on set in 5 months! ♬ Sprinter Dave x Cench - Spotify Audios Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
Други спортовиГолемо признание за македонскиот мотоспорт: Петар Мијалков со успешно тестирање на легендарното Мисано во ИталијаМакедонскиот мотоциклист Петар Мијалков настапи на патеката каде се возат најзначајните светски трки. Тој беше дел од ексклузивниот настан на култната „Misano World Circuit Marco Simoncelli“ во Италија, по добиената официјална покана од главните италијански увозници на брендот Michelin, со цел тестирање на нивните најнови тркачки пневматици. Ваквиот повик во светот на мотоспортот претставува сериозно признание и ретка можност. За домашната спортска јавност, ова е доказ дека со континуирана напорна работа, врвна посветеност и конкретни резултати, границите можат да се поместат и да се стигне до највисокото европско ниво. Препознавањето на квалитетот на Мијалков надвор од границите на Македонија уште еднаш покажа дека домашниот мотоциклизам има потенцијал за големи дострели. Познавачите на овој екстремен спорт знаат дека зад секој настап на ваква грандиозна патека стојат безброј часови тренинзи, ригорозни подготовки и огромни финансиски вложувања. И покрај сите инфраструктурни и финансиски предизвици со кои се соочуваат македонските возачи, Мијалков покажа како достоинствено се претставува државата и докажа дека нашите натпреварувачи имаат капацитет за најсилните меѓународни настани. Тестирањето во Мисано за македонскиот возач значеше извонредна шанса за работа со врвни професионалци, техничко усовршување и акумулирање на непроценливо искуство кое ќе биде од клучно значење за неговите следни натпреварувачки предизвици. Воедно, неговиот успешен пробив на меѓународната сцена повторно ја отвора важната тема за бизнис секторот во државата – потсетувањето дека вложувањето во спортот носи реална и долгорочна вредност. Успесите на индивидуалците како Мијалков на европските патеки се најдобриот амбасадорски промотор на земјата, а компаниите кои стратешки застануваат зад ваквите спортски приказни, стануваат директен дел од меѓународниот успех на Македонија.Тагови: Мото ГП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураКамерниот оркестар „Профундис“ и Стефан Миленковиќ ќе настапат на „Охридско лето“Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, на 6 август ќе настапи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, заедно со светски познатиот виолинист Стефан МиленковиќКамерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, на 6 август ќе настапи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, заедно со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ, во рамки на официјалната програма на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во магичниот амбиент на „Св. Софија“, под отворено небо и во светлината на илјадници свеќи, публиката ќе има можност да доживее уникатен „кендлајт“ концерт, кој ги обединува врвната музичка интерпретација, впечатливата сценографија и неповторливата атмосфера на еден од најзначајните културно-историски локалитети во Македонија. Концертите под свеќи во последните години станаа еден од најпрепознатливите светски концертни формати, носејќи сосема поинаков начин на доживување на класичната музика. Наместо традиционална концертна сцена, публиката добива интимно и визуелно впечатливо искуство во кое светлината, архитектурата и музиката се спојуваат во една целина. Токму спојот на музиката, светлината и автентичниот простор на „Св. Софија“ ветува концертно доживување што долго ќе се памети. На програмата се дела од Петар Илич Чајковски, Ралф Вон Вилијамс, Камиј Сен-Санс и Пабло де Сарасате. Публиката ќе ги слушне „Серенада за гудачи“ оп. 48, „Возлет на чучулигата“, „Интродукција и Рондо капричиозо“ и виртуозната „Кармен фантазија“ оп. 25, едно од највпечатливите и технички најпредизвикувачки дела за виолина, кое претставува вистински предизвик и за најголемите светски виртуози. Маестра Ѓурѓица Дашиќ, основач и диригент на Камерниот оркестар „Профундис“, вели дека токму ваквите проекти се дел од визијата на ансамблот – класичната музика да се доживее на нов и поинаков начин. „Кендлајт концептот отвора нов простор за комуникација со публиката. Тоа не е само концерт, туку целосно искуство во кое музиката, атмосферата и просторот се надополнуваат. Предворјето на „Св. Софија“ е место со исклучителна енергија и историја, а верувам дека во комбинација со музиката на Чајковски, Сарасате и останатите автори ќе создадеме вечер која ќе остане во сеќавањето на публиката. Особено ме радува повторната соработка со Стефан Миленковиќ, со кого имаме исклучителна музичка синергија и заедничка енергија на сцената.“ За Стефан Миленковиќ, повторниот настап со Камерниот оркестар „Профундис“ претставува нова можност за средба со ансамблот со кој веќе има воспоставено силна уметничка комуникација. „Секогаш со големо задоволство настапувам со Профундис. Тоа е оркестар со извонреден квалитет, но пред сè со исклучителна енергија, карактер и ентузијазам. Од првата наша соработка почувствувавме природна музичка синергија и меѓусебна доверба, а токму тоа е она што ја прави секоја изведба жива и искрена. Сигурен сум дека амбиентот на „Св. Софија“, под отвореното небо и светлината на илјадници свеќи, ќе создаде навистина посебна атмосфера во која публиката ќе може целосно да ѝ се препушти на музиката. Македонија е земја која многу ја сакам и секогаш со голема радост се враќам тука, а особено ми е драго кога повторно имам можност да настапам во прекрасниот Охрид.“ Основан во 2019 година од диригентката Ѓурѓица Дашиќ, Камерниот оркестар „Профундис“ за само неколку години се наметна како еден од најактивните и најпрепознатливите камерни состави во Македонија и регионот. Оркестарот реализираше бројни концерти со врвни домашни и светски солисти, настапуваше на значајни фестивали и концертни сцени во Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Италија, а препознатлив е по оригиналните концертни концепти, меѓу кои се издвојуваат Candlelight и Groove. Концертот на 6 август е дел од програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, една од најзначајните културни манифестации во Македонија, регионот и пошироко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктуратаСо Ребалансот на Буџетот државните пари одат таму каде што се најпотребни. Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата каде што граѓаните очекуваат резултати. Ребалансот носи повеќе пари за општините, инфраструктурата и животната средина каде што следуваат конкретни инвестиции. Наместо средства што остануваат заробени во бирократијата, обезбедуваме повеќе инвестиции во општините, инфраструктурата и животната средина. Капиталните расходи со Ребалансот растат за 14,5 проценти и достигнуваат речиси 46 милијарди денари. Капиталните дотации до општините се зголемуваат за околу 1 милијарда и 683 милиони денари. Министерството за животна средина добива дополнителни 2 милијарди и 412 милиони денари, што е зголемување од над 54 проценти. Ова е најголемото ресорско зголемување и јасен сигнал дека проектите за отпад, отпадни води, намалување на загадувањето и еколошка инфраструктура не остануваат само декларативна заложба. Министерството за транспорт добива дополнителни 1 милијарда и 806 милиони денари. Во рамките на развојните проекти, средствата за железничката инфраструктура растат за околу 743 милиони денари, а за инфраструктурни проекти во општините за околу 665 милиони денари. Средствата за живеалишта и развој на заедниците се зголемуваат за 1,1 милијарда денари. Тоа значи повеќе простор за водоснабдување, комунална инфраструктура и подобри услови за живот во локалните средини. Ова е суштинската разлика во начинот на кој се управува со јавните финансии. Буџетот не постои за да ја одржува администрацијата, туку за да гради, развива и создава вредност. Секој реализиран проект значи работа за домашните компании, нова економска активност и подобри услуги за граѓаните. Граѓаните повеќе не сакаат оправдувања, туку резултати. Затоа секој денар од Ребалансот мора да биде претворен во видлив проект, а секоја институција ќе има обврска средствата да ги реализира навремено, одговорно и транспарентно. Само така довербата се оправдува со дела, а не со зборови. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter