Бела Хадид ги шокира фановите со утринскиот ритуал: Сето тоа ли го проголта? (ВИДЕО) - Канал 5

Бела Хадид ги шокира фановите со утринскиот ритуал: Сето тоа ли го проголта? (ВИДЕО)

Манекенката Бела Хадид (27) е позната по тоа што споделува различни совети на социјалните мрежи, а во тоа внимателно ја следат голем број следбеници.

Бела Хадид ги шокира фановите со утринскиот ритуал: Сето тоа ли го проголта? (ВИДЕО)

Сепак, последен во низата совети кои ги сподели со девојките е нејзината утринска рутина, која наиде на неодобрување во јавноста.

Имено, таа на „TikTok“ сподели видео како изгледа едно сосема обично утро во нејзиниот дом, а тоа вклучувало грст витамини во вид на апчиња. Да, добро прочитавте.

Таа сподели дека пие разни течности и тинктури за доброто на кожата, но и грст витамини за кои не се знае какви придобивки имаат.

@babybella777 mornings with me before we start making things for you cc @Orebella ☁️🤍🫶🏼🪩 #orebella ♬ ♡ ᶫᵒᵛᵉᵧₒᵤ ♡ - SoBerBoi

Со ова таа ги згрози своите следбеници кои ја критикуваа и негодуваа што направила на петмилионитото видео.

„Можно ли е сето ова да си го внела?“, „Не си го голтнала сето ова, нели?“, „Не сум експерт, но мислам дека ова е малку премногу“ и слични коментари се од фановите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

A1 повторно создаде кампања за која зборува јавноста

A1 повторно успеа да направи нешто што останува подолго во јавноста.

A1 повторно создаде кампања за која зборува јавноста

Овојпат, преку современа интерпретација на нашата „Билјана платно белеше“, компанијата отвори една поинаква културна приказна која деновиве е меѓу најкоментираните теми во јавноста.

Наместо класична sponsorship кампања, A1 Македонија, како генерален спонзор на Охридско лето избраа поинаков пристап , да создадат чувство. Со минималистичка визуелна естетика, jazz аранжман и внимателно раскажана приказна, „Билјана“ доби нова емоција, а публиката доби нешто што ретко се случува на домашната сцена: бренд што комуницира преку култура.

Особено внимание привлече фактот што целата комуникација е суптилна, достоинствена и далеку од агресивен branding. Токму затоа, реакциите на социјалните мрежи се главно во една насока, дека ова не изгледа како реклама, туку како вистински културен проект.

Со овој потег, A1 уште еднаш покажа дека најсилните кампањи не се оние што најгласно продаваат, туку оние што оставаат впечаток и создаваат емоција што луѓето ја паметат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вистинска лудница на Мундијалот португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР

-Варот ги фрли Хрватите во очај!

Вистинска лудница на Мундијалот португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР

Фудбалерите на Португалија ја победија Хрватска со резултат 2:1 во супернеизвесн натпревар од шеснаесетфиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Португалците направија пресврт во Торонто, а херој на мечот е напаѓачот на ПСЖ, Гонсало Рамос, кој го постигна победничкиот гол во четвртата минута од судиското надополнување.

Дуелот во Торонто имаше две сосем спортивни полувремиња, досадно прво и супер интересно и неизвесно второ полувреме, а посебно се издвои надополнувањето на времето кое траеше дури 20 минути.

Хрватска поведе со голот на Иван Перишиќ во 53. минута, а Кристијано Роналдо го врати својот тим во игра со гол од пенал во 68. минута.

Натпреварот потоа мирисаше на продолжение, но Рамош не мислеше така.

Леао центрираше во четвртата минута од судиското продолжение, а Рамош со глава покрај двајца Хрвати го матираше Ливаковиќ. Клуминацијата на драмата се случи во 13-тата минута од судиското продолжение, кога ВАР го поништи голот на Хрватска поради офсајдот на Пашалиќ.

ВАР исто така мораше да реагира, за да утврди дали Матановиќ ја допрел топката пред тоа, Хрватска лута на технологијата си заминува дома.

Во осминафиналето, на 6 јули, Португалија ќе се соочи со Шпанија во пиринејското дерби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Макеоднија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер