Бектеши: Решен е проблемот со парното, граѓаните ќе добијат непречена испорака

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши држат заедничка прес конференција.

Вицепремиерот Битиќи рече дека граѓаните на Скопје треба да бидат спокојни и дека ќе има парно греење. Министерот Бектеши рече дека Владата ќе обезбеди финансиски средства за да с есубвенционираат смертките на сите граѓани и да се стабилизира пазарот на топлинска енергија.

Владата потпиша договор со ТЕ-ТО до 31.1. 2022 година, со што ќе се обезбеди снабдување со топлинска енергија. До крај на грејната сезона целокупната електрична енергија од ТЕ-То да ја преземе АД ЕСМ. Владата ќе донесе одлука во текот на анредната недела за да се склучи договор меѓу БЕГ и ЕСМ . Сите права и обврски ќе мируваат ,а АД ЕСМ ќе го контролира финансиското работење во овој период.

Домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење.Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Министерството за економија донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба на пазарот на топлинска енергија" извести министерот за економија, Крешник Бектеши.

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени

Највисокиот суд во Гватемала осуди петмина поранешни членови на паравоена организација на 30 години затвор поради силување на десетици домородни жени од Маите, за време на граѓанската војна во земјата во 1980-тите.

Мажите се членови на таканаречените патроли за цивилна самоодбрана, вооружени групи формирани и поддржани од војската, пренесува Би-Би-Си.

Триесет и шесте жртви имале од 12 до 52 години кога злосторствата се извршени, посочија обвинителите.

– Имаше масакри. Многу жени беа силувани. Имаме болка во срцата, изјави Антонина Вале, една од преживеаните.

Околу 200.000 лица беа убиени или исчезнати во конфликтот од 1960 до 1996 година.

Откако биле силувани, мажите уринирале врз жртвите.

Надвор од судот, Вале појасни дека останала бремена по силувањето. Детето подоцна умрело.

– Ги замолив да ме поштедат, но не сакаа да ме послушат. Тоа што се случи со нашите животи и нашите тела, не е фер, додаде таа.

Друга жртва, Максима Гарсија, била бремена кога ја силувале.

– Бев во седми месец од бременоста. Го изгубив моето момче. Мајка ми беше силувана во осмиот месец од бременоста и тие ја убија. Ја оставија да виси во куќата, рече Гарсија.

Во 2016 година, двајца поранешни припадници на војската, беа осудени на вкупна затворска казна од 360 години за убиство, силување и сексуално ропство врз домородните жени со потекло од Маите.

Николовски: Меморандумот за соработка со Бугарија во областа на земјоделството е голем чекор

Меморандумот за соработка со Бугарија во областа на земјоделството е голем чекор за унапредување на билатералната и трговската соработка, вели Николовски.

Денеска во Софија, во рамки на заедничката седница на владите од Република Македонија и Република Бугарија, со која копретседаваа двајцата премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Љупчо Николовски и министерот за земјоделство на Република Бугарија, Иван Иванов, потпишаа Меморандум за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралните области и шумарството. Министерот Николовски посочи дека овој значаен билатерален договор претставува голем чекор за зацврстувањето и унапредувањето на билатералната и трговската соработка помеѓу двете држави.

„Верувам дека во периодот што следи ќе испорачаме брзи резултати. Ние денеска потпишавме Меморандум за соработка и со министерот за земјоделство на Бугарија Иван Иванов, разговаравме за значењето на земјоделскиот сектор, за двете држави да ја зголемат соработката и заеднички да испорачаме резултати. Македонија е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД програмите, а искуството на Бугарија како земја членка на ЕУ ќе ни биде од големо значење во имплементацијата на Инструментите за претпристапна помош во ЕУ. Унапредувањето на шумарството и ловството ќе биде еден од приоритетите во следниот период за работа", рече министерот Николовски.

При тоа, министерот Николовски изјави дека веднаш ќе се започнат подготвките за формирање на работните групи од двете министерства во сите области од Меморандумот, и на почеток на следниот месец ќе да се одржи првиот состанок на групите. Меморандумот отвора можност за блиска соработка меѓу надлежните институции од Македонија и од Бугарија во повеќе области. Работните меѓуресорски групи што ќе се формираат за краток период ќе работат на развивање на соработката во доменот на:

·Имплементација на Инструментите за претпристапна помош во ЕУ;

· Земјоделските науки;

· Шумарство и Ловство;

· Органско производство и преработка на органски земјоделски производи;

· Биотехнологии во полјоделството и во сточарството;

· Селекција и репродукција во сточарството;

· Транснационална соработка во руралната област и други области од заеднички интерес.

Освен техничка и административна соработка, двете министерства ќе разменуваат научни и технички информации и експертски искуства во доменот на земјоделството, ќе организираат семинари и обуки, ќе работат на имплементација на заеднички истражувачки програми во земјоделството и земјоделските науки. Во текот на денешниот ден, во рамки на меѓувладината седница, министерот Николовски заедно со колегите министри од Република Бугарија, учествуваше на првиот состанок со работната група за економија, енергетика, финансии, иновации и развојот, инвестиции и земјоделство, на којшто се поставија основите за работа во областите и се утврдија роковите за исполнување на приоритетите .

Јанчев: Четврта година по ред децата бесплатно го користат лизгалиштето во Кавадарци

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев изјави дека од денеска во функција е пуштено лизгалиштето во Кавадарци.

Јанчев посочи дека четврта година по ред децата бесплано го користат ова лизгалиште за дружба и рекреација.

Лизгалиштето ќе работи се додека дозволуваат временските услови, односно додека има пониски температури за мразот да може да опстане.

притисни ентер