Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“
2Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаБектеши: Поевтинувањето на прехранбените производи се почитува во маркетитеПоевтинувањето на прехранбените производи се почитува во маркетите, од идната недела пониски цени и на пијалацитеОд влегувањето во сила до овој момент, задоволни сме како се почитува владината Одлука од страна на трговците, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши во врска со поевтинувањето на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто. Тој повтори дека од идната недела ќе се намалат за минимум десет проценти и цените на пијалаците. Инспекциските контроли, истакна министерот, ќе продолжат до крајот на ноември, а секоја недоследност, како евентуално недоволно снабдување со одредени производи во маркетите, граѓаните треба да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). -Повеќе од задоволен сум од тоа што вчера се случуваше во секторот трговија, посебно од компаниите и сите ланци маркети, но и од производителите и дистрибутерите. До денешниот ден, пред оваа посета, добивме неколку писма од наши производители, генерално на минерална вода, сокови и на светло пиво, кои од наредната недела ќе почнат со намалување на цените од минимум десет отсто, намалување директно од страна на производителите, имајќи предвид дека немаме намера да донесеме некое ограничување во делот на ланците супермаркети, зашто генерално годинава главниот товар беше врз нив, а гледаме дека одредени супермаркети ги зголемуваат платите, а тоа се пресликува и со денешната објава на Заводот за статстика, дека е зголемена просечната плата за 14,1 отсто во споредба со јули лани, изјави Бектеши по посетата на логистичкиот центар на „КАМ“ маркет во општина Илинден. Според министерот, Владата носи одлуки кои се задолжителни за секторот трговија. -Тука е вклучено и месото. Имајќи предвид дека освен задолженија за ланците супермаркети или во делот на малопродажбата, во владината Одлука има задолженија и за добавувачите и производителите. Утрово имавме дополнителна координација со ДПИ кој вчера попладне веќе вршеше контроли. Во моментот се во тек различни контроли и тоа ќе продолжи до крајот на ноември. Ако граѓаните забележуваат дека вакви работи може да се случуваат, да пријават во Инспекторатот и согласно законските одредби и задолженијата што ги добиле, тие ќе постапат и за нив ќе следи тоа што е предвидено во законските прописи, истакна Бектеши. Според менаџментот на „КАМ“, пресметките се уште не се направени, но добивката, по поевтинувањето на дел од производите, секако ќе се намали. -Ситуацијата е таква, мораме да се соочиме со тешкиот момент во државата. Ние живееме и постоиме за да ги намалиме цените, нам секоја цена која ќе ја ставиме на рафт од 99 на 100 денари ни е голем пораз. Ние и без мерките, правиме максимални напори. Има моменти кога мора да се надминеме себе си. Потребни се подолгорочни мерки во целото стопанство за да бидеме сите поефикасни, истакнаа од менаџментот. Министерот Бектеши го посети и новоотворениот маркет на „КАМ“ во општина Петровец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајакнати сообраќајни контроли од мај до августКонстатирани 10.411 прекршоци, откриени 619 кривични дела и одземени 423 мотоцикли и електрични тротинетиСекторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи во периодот од мај до август 2026 година спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон прекршоците сторени од возачи на електрични тротинети, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. Во рамки на контролите, полициските службеници констатираа вкупно 10.411 прекршоци, од кои 1.571 се однесуваат на електрични тротинети, 34 на велосипеди, а 8.806 на мопеди, мотоцикли и трицикли. Најголем број прекршоци, вкупно 7.303, се однесуваат на некористење заштитен шлем – кацига. Констатирани се и 718 прекршоци за управување по несоодветна површина, 401 за управување нерегистрирани возила и/или возила без полиса за осигурување и 322 за некористење рефлектирачки елек. Дополнително, евидентирани се 81 прекршок за управување од лице помладо од 18 години, 45 за управување под дејство на алкохол и 1.541 прекршок од друг вид. Покрај прекршоците, во текот на акциските контроли откриени се и 619 кривични дела. Од нив, 604 се однесуваат на управување без возачка дозвола, 14 на управување под дејство на алкохол и едно на управување во забранет правец. Во рамки на преземените мерки, одземени се вкупно 423 превозни средства, од кои 20 електрични тротинети и 403 мопеди, мотоцикли и трицикли. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли, со посебен акцент на прекршоците и однесувањата што ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот. Целта е навремено откривање и санкционирање на прекршувањата на прописите, спречување на сообраќајните незгоди и заштита на човечките животи. Апелираме до сите возачи ги почитуваат сообраќајните правила, да користат пропишана заштитна опрема, да не управуваат под дејство на алкохол и да не управуваат возила без исполнување на законските услови. Особено повикуваме на внимателност и одговорност кон пешаците и останатите учесници во сообраќајот. Побезбедни патишта, посигурни животи. Безбедноста во сообраќајот не е случајност – таа е одлука.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСинкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“Премиерот на Литванија за Би-Би-Си изјави дека дека неговата земја направила планови за евакуација поради заканите од Русија, но додаде дека „нема да се предадат“ доколку бидат нападнати.Премиерот Миндаугас Синкевичиус изјави дека литванците се чувствуваат „постојано загрозени“ од Русија, делумно поради беспилотните летала што влегуваат во воздушниот простор на земјата. Рече дека доколку неговата земја биде нападната, „ќе возвратат. Постојат планови за „различни сценарија“ пример за „непречено“ извлекување на постарите граѓани од градовите и избегнување на сообраќајни метежи. Литванија која е членка на НАТО, дели копнена граница со руската енклава калининград. Ова се случува само една недела откако пилотите на борбените сили на НАТО соборија дрон што влезе во воздушниот простор на литванија. Москва не го коментираше инцидентот. Авионите на НАТО се искачија неколку пати за да соборат залутани украински дронови што годинава влегоа во балтичките земји, Естонија и Латвија.Тагови: Миндаугас Синкевичиус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казнаНа 21.09.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Д.(45) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.Тагови: Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter