Беќири: Ваквите победи се послатки - Канал 5

Беќири: Ваквите победи се послатки

Екипата на тетовска Шкендија во втората рунда од УЕФА Конференциската лига синоќа во Скопје ја постигна првата победа со триумфот над Шелбурн со 1:0. 

Беќири: Ваквите победи се послатки

Единствениот гол (автогол) македонскиот првак го постигна во судиското надополнување на вториот дел. Мене ми е важна добрата игра, бодовите во Европа, затоа што директно влијае тоа и на лигата на Македонија и на другите екипи

- Задоволен сум од првата победа во групната фаза, но најважно ми е дека оваа Шкендија моментално не е на својот максимум и се надевам дека следните натпревари и дома и гости ќе бидеме поквалитетни. Среќата ги следи храбрите, се согласувам дека имавме среќа, но работиме за таа среќа да ја заслужиме. Секогаш верувам до крај на натпреварите, ваквите победи се послатки, изјави тренерот на Шкендија Јетон Беќири.

Следниот натпревар во ова натпреварување Шкендија го игра на 6.ноември како домаќин против Јагелонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Собраниската комисија за транспорт денеска ќе расправа за измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

За предлог-законот е поднесен еден амандман од пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Со измените се предвидува нов модел за финансирање на радиодифузната дејност.средствата ќе се обезбедуваат од буџетот во висина од еден процент од реализираните даночни приходи.

Финансирањето ќе се утврдува за период од пет години.по истекот на овој период, повторно ќе се дефинира висината на средствата за наредните пет години.

Целта е да се обезбеди стабилно и предвидливо финансирање на радиодифузната дејност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Авион на „Ер Србија“ кој летал кон Москва бил вратен во Белград поради дополнителни безбедносни проверки.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Од компанијата соопштија дека добиле информации од аеродромските служби за проверка поврзана со еден патник.

Одлуката била донесена согласно безбедносните прописи и упатствата на надлежните органи.

Од „Ер Србија“ нагласуваат дека екипажот постапил според утврдените стандарди.

Српските медиуми објавија дека во авионот наводно биле и тројца познати функционери.Меѓу нив се Александар Вулин и претседателот на Српската народна партија Ненад Поповиќ. Во авионот, според медиумите, бил и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот

Демократската партија оствари убедлива победа на изборите за Конгресот на САД, кои се одржаа во средината на претседателскиот мандат на Доналд Трамп.

Фијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот

Според проекциите, демократите ќе преземат цврста контрола врз Претставничкиот дом, одземајќи им ја на републиканците, додека во Сенатот извојуваа победи во голем број сојузни држави што претходно се сметаа за републикански упоришта.

Демократите на изборите за Сенатот освоија дури 224 места наспроти 134 на републиканците.

На изборите во САД демократите освоија мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом.Со тоа ја презедоа контролата врз Конгресот до крајот на мандатот на Доналд Трамп.

Резултатот претставува голем изборен пораз за републиканската партија. Демократите остварија изненадувачки победи во традиционалните републикански упоришта.меѓу нив се Тексас, Охајо и Канзас, каде последен пат победиле пред речиси 100 години.

Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека демократите „одработиле добра работа“.Тој признал дека е малку изненаден од изборниот резултат.Со мнозинство во двата дома, демократите ќе можат да ги блокираат плановите на претседателот.

Тие ќе имаат и поголеми можности за контрола и надзор врз неговата администрација.Дополнително, би можеле да покренат и постапка за импичмент.Тоа би бил трет обид за отповикување на доналд Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер