Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер во владата на Мицкоски на местото на Изет Меџити - Канал 5

Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер во владата на Мицкоски на местото на Изет Меџити

Поранешниот министер за здравство во владата на Димитар Ковачевски, Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер во владата на Мицкоски. 

Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер во владата на Мицкоски на местото на Изет Меџити

Тој ќе го замени Изџет Меџити, кој денеска и официјално го презема градоначалничкиот мандат од Висар Ганиу и најави големи промени во Чаир, обврзувајќи се на отворено управување, тесна соработка со граѓаните и посветеност кон урбаниот, економскиот и општествениот развој на општината. Но Сали ќе го замени Меџити само на вицепремерското место, но не и во ресорот животна средина, информираат од Влен. Одлуката кој ќе го раководи Министерството за екологија ќе се носи во рамки на најавена реконструкција на Владата, вели партикскиот портпарол Сулејмани. Од партијата за Канал 5 информираат дека Меџити деновиве ќа ја депонира и оставката од вицепремиерското место до премеирот Мицкоски.

По премиерот Мицкоски кој на изборниот ден рече дека голем дел од гласачите на ВЛЕН не го поддржале Орце Ѓорѓиевски во вториот круг за Скопје и портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов преку социјалните мрежи го обвини коалаициониот партнер Вреди дека ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ, а потегот го оцени како нивна многу голема грешка, и цитирајќи ја изјавата на Мицкоски дедена во камапњата исто порача дека тоа немало да го заборават.

Од Влен пак возвратија дека тие на вториот круг од локалните постапиле согалсно договореното во владианта коалиција и дека ваквиот став на Мемов не треба да се сфаќа сериозно.

„Ние веруваме дека нема потреба да ја спуштаме дискусијата на такво ниво. Ова е уште еден обид на портпаролот на ЗНАМ Мемов да привлече медиумско внимание два дена после изборите и не треба да се свати сериозно. Ние како што се имаме договорено, така и сме постапиле на овие избори“

Во меѓувреме пак портаролот на ЗНАМ го промени ставот и во нова објава на социјалните мрежи напиша дека победата на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Влен е резултат на взаемна поддршка во сите општини и дека претходниот негов статос бил негово лично мислење, а не став на партијата ЗНАМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? 

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија.

Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите.

На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија.

Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер