Ѓорѓиевски на свечената академија: Нашата одговорност се мери со тоа каков град ќе им оставиме на нашите деца
1Ѓорѓиевски на свечената академија: Нашата одговорност се мери со тоа каков град ќе им оставиме на нашите деца
ЗабаваБекамови ги тресе невиден скандал Еве што се случувало зад кулисите на венчавката на Бруклин Бекам и Никола Пелц!Таткото на невестата и милијардерот Нелсон Пелц ги тужи отпуштените организатори на венчавката, барајќи да му го вратат депозитот, а тие возвратија со противтужби и докази кои откриваат скандалозни детали од настанот во 2022 година. Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам се ожени со ќерката на американскиот милијардер Нелсон Пелц на 4. април 2022 година. Раскошната церемонија вредна 3,6 милиони долари се одржа на Флорида со бројни гости од светскиот џет-сет. Како што тогаш пишуваа светските медиуми, проблеми на венчавката правела незадоволната Викторија, но се чини дека и милијардерот Нелсон Пелц, како и неговата сопруга, па и самата Никола не биле задоволни од организацијата, па им приредиле вистински пекол на организаторите на свадбата. На крајот ги избркале, а сега ги тужат. New lawsuit lays bear the extraordinary inside story of Brooklyn Beckham’s £3m wedding to his American heiress https://t.co/xjgPeWDm7v — Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) February 19, 2023 Нелсон Пелц непосредно пред венчавката ги отпуштил организаторите на свадбената церемонија, Никол Браган и Аријана Гриабел, а сега поднел тужба од 188 страници барајќи да му го вратат депозитот од речиси 150.000 евра. Но организаторите возвратиле со противтужба барајќи отштета, нарекувајќи го Нелсон „милијардер насилник“. Тие поднеле тужби и против тогашната невеста Никола Пелц, како и против нејзината мајка Клаудија и дизајнерот на венчавки Риши Пател, барајќи отштета од најмалку 46.000 евра, плус судски трошоци за претрпеното малтретирање. Како што пишува Дејли меил, зад елегантната венчавка, чии слики беа објавени во „Вог“, се криела вистинска драма и многу скандалозни детали кои дури сега излегуваат на виделина. Најпрво за венчавката на Бруклин и Никола бил ангажиран Престон Бејли, организаторот на луксузната венчавка на холивудските ѕвезди Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас во Њујорк, ноември 2000 година. Меѓутоа, по една година преговори за свадбата на Бруклин и Никол, тој го раскинал договорот со заедничка согласност, па Никол и Аријана биле ангажирани шест недели пред церемонијата. Поради набиената агенда бил договорен хонорар од 296.700 евра, од кои девојките речиси половина од парите ги добиле како капар. Сепак, како што пишува во судските документи доставени од Никол и Аријана, заедно со купот пораки и меилови, сè било премногу хаотично и тие поминале вистинска тортура. Невестата била премногу зафатена за да разговара со нив на телефон околу деталите за свадбата, списокот со гости не бил комплетен, патничките аранжмани за бројните гости од странство не биле направени, па дури имале и проблем со цвеќето и тортата. Проблем биле и фризерите и шминкерите, и фотографите и снимателите, и никој не знаел што се случува. Претходно ангажираниот бенд кој требало да свири на свадбата бил откажан по барање на невестата, која сакала да има пејачка. Како што нагласуваат Никол и Аријана, работеле по 17 часа дневно за да ги исполнат желбите на своите клиенти, но тоа не било доволно. Состанокот на 1-ви март „ја прелил чашата“ кога бесниот Нелсон им рекол на организаторите дека сака да ја откаже венчавката бидејќи сè отишло по ѓаволите, но мајката на невестата инсистирала ништо да не се откажува бидејќи тоа би ја уништило нивната ќерка. Според судските записи, Нелсон Пелц платил 3,6 милиони долари за свадбени трошоци, но според судските документи имало и дополнителни трошоци кои неговата сопруга Клаудија сакала да ги скрие од него. - Се верува дека Нелсон платил повеќе од 100.000 долари за фризери и шминкери на неговата ќерка, плус патни трошоци за нив, но и дека Клаудија ги молела Никол и Аријана да го скријат тоа од нејзиниот сопруг кој, „би ја убил ако дознаел како се расфрлаат со парите“ – стои во документите доставени до судот по противтужбата на планерите на свадбата. За разлика од семејството Пелц, кои ги оцрниле, девојките тврдат дека Бруклин Бекам бил совршен џентлмен и дека често ги фалел за вложениот труд и организацијата на венчавката. Од друга страна, за неговата сопруга Никола рекле дека е „хистерична и неписмена девојка која не знае што сака“. Инаку, еден од конфликтите избил околу списокот на гости на свадбата што планерите сакале да ѝ го испратат преку апликација, но Никола инсистирала списокот да го добие исклучиво преку електронска пошта или СМС затоа што само така комуницирале таа и нејзината мајка. Исто така, Никола барала декорацијата за салонот каде би се одржала забавата по венчавката да биде во бои на праска, кајсија и бебешко розово. Невестата барала и „воден премин“, како и соодветен подиум за танц. Во еден дел од тужбата, Нелсон изразил загриженост поради тоа што верувал дека организаторите пијат текила и не се способни да организираат сè. Сепак, Никол и Аријана ги негираат овие наводи тврдејќи дека не консумирале алкохол. Во противтужбата тие навеле дека Никола од ништо не била задоволна, па дури ни цветовите за декорација на просторот не ѝ биле доволно бели. Како што истакнуваат организаторите, имало проблеми со сè и сешто - од тоа каква музика ќе се пушта, до тоа како ќе бидат облечени музичарите. Бруклин, кој во тоа време планирал кариера како готвач, сакал на гостите да им го понуди својот бургер под име „торбата на Бекам“, но неговата свршеница остро го одбила, испраќајќи емотикон што повраќа. На крајот, организаторките добиле отказ на инсистирање на Никола, а целиот случај заврши на суд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски на свечената академија: Нашата одговорност се мери со тоа каков град ќе им оставиме на нашите децаНајголемата обврска на денешните генерации е да ја продолжат борбата за подобра иднина и да изградат град што гордо ќе им биде предаден на идните поколенија.Најголемата обврска на денешните генерации е да ја продолжат борбата за подобра иднина и да изградат град што гордо ќе им биде предаден на идните поколенија, порача градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на свечената академија по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, објави Република. Денес нашата одговорност се мери со тоа каков град ќе им оставиме на нашите деца. Дали ќе имаат зелени паркови, дали безбедно ќе одат на училиште, дали ќе растат во град што ги слуша, ги поддржува и им отвора повеќе можности. Како градоначалник мојата заложба е да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации. Уредно, зелено, безбедно и современо Скопје. Град што ќе поврзува, што ќе инспирира. Град во кој секое населено место добива внимание, а секој наш човек добива заслужена почит. Град чие богатство се гледа и во грижата за најранливите – истакна Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека 13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на главниот град. Пред 82 години на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст, со непоколеблива решителност, а некои од нив и со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни, затоа нивното дело има вечно место во срцето на нашето Скопје. На 13 ноември го славиме најсветлиот ден во историјата на нашиот град. Денот кога по години окупација, страдање и неизвесност, градот Скопје конечно ја дочека својата слобода – порача Ѓорѓиевски. Градоначалникот посочи дека во изминатиот период биле деблокирани проекти кои со децении стоеле нереализирани и дека биле преземени обврски за решавање на најтешките прашања со кои се соочуваат граѓаните. Воедно, им оддаде особена чест на добитниците на наградата „13 Ноември“ која Град Скопје традиционално ја доделува во повеќе категории, како култура, наука, уметност, архитектура итн. по повод денот на неговото ослободување во Втората светска војна. Со вашето знаење, творештво, труд и пред сè човечност, вие му давате посебна вредност на нашиот град Скопје. Вашите успеси стануваат дел од нашиот углед и угледот на главниот град. Вашата посветеност ги охрабрува нашите млади да веруваат во себе. Вашиот пример покажува колку многу може да направи човек кога со својата дарба ќе ја посвети на општото добро – рече Ѓорѓиевски. Годинашни добитници на наградара 13 Ноември од областа на публицистиката се Леунора Калиќи за долгогодишна професионална работа во новинарството и публицистиката и Огнен Марина за делото „The Skopje Project“, посветено на истражувањето на обновата на Скопје. Во областа на образованието и воспитанието наградата му е доделена на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по повод 60 години од неговото основање. Добитници на признанието се и Мирко Стефаноски за придонес во развојот на културниот живот во Скопје, Марија Кичевска Шокаровска за долгогодишен придонес во балетската уметност, како и група автори на учебниците „Превентивна стоматологија“ и „Детска стоматологија“ во областа на здравствената заштита. Награда за заштита и унапредување на животната средина доби компанијата „Мен енд маунтен“ ДОО Скопје, додека признанието за хуманитарна активност му припадна на Илија Кировски. Во областа на спортот наградена е пливачката Меланија Ќулавковска, а во категоријата ученици и студенти наградата ја доби Михаела Блажевска за своите образовни достигнувања и за креирањето на платформата „Learn.mk“. На денешен ден во 1944 година Скопје беше ослободено од фашистичката окупација, по неколкудневни борби во кои учествувале 42. и 50. народноослободителна дивизија и 16. македонска бригада. Во борбите за ослободување на градот загинале повеќе од 420 борци, додека за време на Втората светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаМисиците од Африка не можат да добијат американска виза- можно е да не учествуваат на „Мис Универзум“ (ВИДЕО) Сè уште не е сигурно дали претставничката на Зимбабве, Розана Хол, ќе учествува на 75-от избор за Мис Универзум во Порторико. Таа и неколку други африкански натпреварувачки би можеле да го пропуштат натпреварот поради проблеми со добивањето визи за САД. Финалето е закажано за 24 ноември, а натпреварувачките почнаа да пристигнуваат во Порторико на 8 ноември за да се подготват за изборот. Во видео објавено на Инстаграм, Хол потврди дека сè уште не знае дали ќе може да патува во Порторико, кој е територија на САД. „Постојано се обидуваме да го решиме проблемот за добивање виза“, рече таа. Дотогаш, таа требаше да биде на пат. „Денес беше денот кога требаше да патувам во Порторико за 75-от избор за Мис Универзум“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Roseanna Hall (@the_goldenrose) Замбија ја повлекува својата претставничка Една натпреварувачка веќе е исклучена од натпреварот поради проблеми со американската виза. Замбија ја повлече својата претставничка, Памела Мубанга, поради ограничувањата за патување во САД. Организацијата „Мис Универзум Замбија“ во соопштението нагласи дека причината не е нејзиното лично недолично однесување или проблем со нејзината документација. „Визата не е одбиена од лични причини, проблеми со документацијата или организациски пропусти. Случајот на Памела Мубанга е поврзан со претседателските ограничувања за патување во САД што важат за Замбија и други африкански земји“, се вели во соопштението. Мубанга има 25 години, медицинска сестра по професија, и беше крунисана за Мис Универзум Замбија на 8 октомври. Ограничувања за патување во САД Според Би-Би-Си, Зимбабве е меѓу земјите погодени од ограничувањата за патување во САД наметнати со Претседателскиот проглас 10998, кој стапи на сила на 1 јануари 2026 година. Ограничувањата важат за издавање одредени категории визи, вклучувајќи туристички, студентски, имигрантски и визи за размена. Правилата варираат во зависност од земјата и категоријата на виза. View this post on Instagram A post shared by Official page for all Big Five Zambia pageants (@thebigfivepageantszambia) Сè уште се надева дека ќе оди на натпреварот Розана Хол ги помина изминатите неколку недели во Јужна Африка обидувајќи се да добие виза. Таа вели дека не е сама во својата борба. „Неколку од моите африкански колешки имаат ист проблем и целосно ги разбирам како се чувствуваат“, рече таа. Организацијата „Мис Универзум Замбија“ потврди дека претставници од пет други африкански земји се соочуваат со слични тешкотии, но не откри кои се тие. Претставничката од Јужен Судан исто така не е сигурна дали ќе може да се натпреварува. Во коментар под видеото, Розан Хол напиша: „Имаме 50 проценти шанси, Мис Универзум“. Хол објави уште едно видео три дена претходно во кое рече дека не се откажува од натпреварувањето. „Сè уште се бориме Зимбабве да оди во Порторико“, напиша таа. Финалето на Мис Универзум е закажано да се одржи на 24 ноември во Колосеумот Хозе Мигел Агрелот во Сан Хуан.Тагови: Мис Универзум американска виза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Европа„Да не наседнеме на нивниот блеф“- прва реакција на Финска по барањето од Русија да излезат од НАТО Руските барања НАТО да го намали своето присуство во земјите на источните граници на алијансата се тест за решителноста на САД и Европа во преговорите, изјави финскиот министер за одбрана Анти Хаканен.„Русија сака европските членки на НАТО да ги ограничат своите активности за да им служат на руските интереси, а такви работи не се предмет на преговори“, изјави Хаканен за новинарите во Хелсинки. Неговата изјава дојде откако германскиот весник „Билд“ објави дека Русија предложила нов европски безбедносен поредок кој, меѓу другото, би вклучувал повлекување на Финска од НАТО и отстранување на воените бази на алијансата од балтичките држави. „Самата идеја за предлагање нешто вакво е апсолутно скандалозна. Русија го знае тоа“, рече финскиот министер за одбрана. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес ги отфрли тврдењата дека Москва поставила услов за повлекување на Финска од НАТО. „Не знам ништо за тоа. Не, такви услови не се поставени. Дефинитивно не е дискутирано“, нагласи Песков. Одлуката за приклучување кон НАТО беше донесена по руската инвазија на Украина Финска, која беше дел од Руската империја пред повеќе од еден век и водеше две војни против својот источен сосед за да ја зачува својата независност, се приклучи на НАТО во 2023 година. Одлуката за приклучување кон Алијансата беше донесена малку повеќе од една година откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна инвазијата на Украина. Со влегувањето на Финска во НАТО, Алијансата значително ја прошири својата граница со Русија, а финско-руската граница денес сочинува повеќе од половина од вкупната копнена граница на НАТО со Русија. „Јасно гледаме дека Русија не е сериозна во врска со мировните преговори“ „Русија очигледно се осмели да ги тестира САД и Европа во последните денови за да види колку се подготвени да попуштат“, рече Хакканен, осврнувајќи се на дводневните разговори меѓу Русија и Украина во Абу Даби. Според него, руските барања покажуваат дека Москва не е сериозна во врска со мировните преговори. „Јасно гледаме дека Русија не е сериозна во врска со мировните преговори, туку всушност ги проширува своите барања од војната во Украина до промена на европскиот безбедносен поредок за да биде поповолен за Русија“, рече тој. Финскиот министер, исто така, предупреди дека ваквите потези не се нови во преговарачката стратегија на Русија. „Сите западни носители на одлуки треба да забележат дека ова е дел од психолошката стратегија на Русија што се спроведува со децении, постојано поместувајќи ги границите на барањата во преговорите, така што нивниот исход е неповолен за нас“, рече Хаканен. „Не треба да наседнеме на нивниот блеф“, заклучи тој.Тагови: НАТО Финска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20