Бекам откри дека Викторија веќе 25 години јаде ист оброк - Канал 5

Бекам откри дека Викторија веќе 25 години јаде ист оброк

Викторија Бекам со години ја одржува витката линија, а нејзиниот сопруг Дејвид зборуваше за тоа како се храни модната дизајнерка.

Бекам откри дека Викторија веќе 25 години јаде ист оброк

Во подкастот River Cafe Table 4, тој се пожалил дека Викторија го јаде истото јадење цели 25 години. Сака риба на скара и зеленчук на пареа.

Поранешниот фудбалер вели дека сака да експериментира во кујната, и дека неговата сопруга ретко отстапува од нејзиното мени.

„Станувам многу емотивен за храната и виното. За жал, оженет сум со некој кој јаде иста храна веќе 25 години. Откако ја запознав, таа јаде само риба на скара и варен зеленчук, ретко ќе направи исклучок“, рече Дејвид.

„Единствениот пат кога сакаше да јаде нешто од мојата чинија беше кога ја носеше нашата ќерка Харпер и беше неверојатно. Тоа беше еден од моите омилени моменти. Не се сеќавам каква храна беше, но знам дека не ја јадев оттогаш“, додава тој.

Неодамна бил сам дома и открил дека сака да се почести со добра храна.

"Неодамна бев во изолација пет дена бидејќи бев во Италија, а родителите на Викторија имаа забава, но не можев да одам поради тоа. Така што никој не беше дома освен мене и ми се допадна. Ги изедов двете најневеројатни парчиња месо. Пиев прекрасно вино и попладнето гледав фудбал “, вели Дејвид.

По виното и фудбалот, Дејвид подготвувал храна на скара и вели дека таквите вечери му се омилени.

Претходно Викторија открила дека не јаде храна подготвена со масло, путер и сосови и дека избегнува црвено месо и млечни производи. Сака тост или зеленчук на пареа со малку зачин, вели таа.

"За повеќето ресторани, јас сум веројатно најлошата клиентка. Обожавам зеленчук на пареа. Сакам да готвам храна на многу едноставен начин. Не сакам масла, путер или сосови", рекла Викторија која секојдневно вежба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Двегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот.

Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата.

Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Товарен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“.

„Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами.

Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот.

Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута.

ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец.

Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар.

Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер