Беџети: Универзитетот на ЈИЕ поради административна грешка издавал несоодветни уверенија - Канал 5

Беџети: Универзитетот на ЈИЕ поради административна грешка издавал несоодветни уверенија

„Универзитетот на ЈИЕ поради техничко административна грешка издавал несоодветни уверенија,темата е полувистина“.

Беџети: Универзитетот на ЈИЕ поради административна грешка издавал несоодветни уверенија

На Универзитетот на Југоисточна Европа поради техничко административна грешка биле издавани уверенија со погрешно наведување на називот односно звање, а не дипломи, објаснуваше денеска на новинарско прашање ректорот Абдулменаф Беџети околу темата дали установата има издавано спорни документи за дипломирање. Според него, станува збор за околу 200 такви уверенија.

-Тоа е полувистина, за периодот од 2008 до 2010 година немало регулирано со декрет во државата за квалифицикациите и за звањата во тој дел. Така шро од 2010 ноември донесен е декретот, односно одлуката каде се идентификуваат називите на звањата и разликите во седми степен и шести степен. Меѓутоа тоа не дека се издадени дипломи, да бидеме на јасно, издадени се во кои стои бројот на трансфер европски кредити ЕЦТС каде што пишува 180 ЕЦТС кредити тоа значи е рамно на тригодишни студии (Bachelor). Меѓутоа некој сака да ги толкува така само за да на некој начин внесува забуна. Но пак велам е полувистина, дел се во право затоа што веќе во 2012 кога е регулирано,односно 2011 почнало примена на декретот односно на одлуката, кога е регулирано, меѓу 2011 и 2012 имало такви случаи каде уверенијата се издадени со погрешно наведување на називот односно звање VII-1 . Меѓутоа од 2012 натака се е во ред. Во суштина нема грешка, има техничко административна грешка во нецелиот тој период и не е тој број на дипломи 437 туку е помал од 200. Но колку и да е и две дипломи да се е в ред. Не се дипломи туку се уверенија, изјави Абдулменаф Беџети.

УЈИЕ денес беше домаќин на завршна конференција на проект посветен на лажни вести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на Бакарот оди горе, производството од Иловица останува на нула

„Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола!„

Цената на Бакарот оди горе, производството од Иловица останува на нула

Додека цената на овој метал на Лондонската берза се искачи на вредност од над 13 илјади американски долари по тон, Македонија не ги користи своите значајни резерви. Производството во постојниот рудник „Бучим – Боров Дол“ постепено се намалува поради исцрпување на резервите. Од друга страна, проектот за новиот бакарен рудник во Иловица — кој според процените би можел да произведува околу 16 илјади тони бакар на годишно ниво — и понатаму е во застој. Претходно нереализирани останаа и инвестиции како онаа во Казандол, па државата во моментов нема големи количини што може да ги понуди на светските пазари. Во меѓувреме, нови истражувања за бакар и антимон се вршат на локации во близина на Крива Паланка.

Од локалната иницијатива „И здравје и работа“, која го поддржува проектот во Иловица, истакнуваат дека се залагаат за економски развој преку почитување на високи еколошки стандарди. Тие ги повикаа институциите доследно да ги спроведат законските процедури и да носат одлуки врз основа на законите, фактите и стручните анализи, а не под влијание на надворешни фактори.

„Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола. Но, ако ги исполнува сите пропишани критериуми, тогаш државата има иста таква обврска да постапува согласно законот, а не под притисок на поединци или интересни групи“, наведоа од иницијативата.

Додека домашните проекти се соочуваат со низа административни и социјални пречки, ММФ оценува дека глобалните кризи извршиле сериозен притисок врз пазарот. Конфликтите предизвикале најмногу да поскапат бакарот (за 29,5 проценти) и алуминиумот (за 29,8 проценти). Во својот извештај насловен „Глобалната економија во сенка на војната“, Фондот предвидува дека овој тренд ќе продолжи.

„Прекините во снабдувањето доведоа до зголемување на цената на основните метали... Цените на Фјучерс-пазарите за основни метали сугерираат понатамошно зголемување на цените во 2026 година, што укажува на отпорна побарувачка во услови на сè уште кревка понуда“, се наведува во анализата на ММФ.

Покрај бакарот и алуминиумот, големи предизвици се појавуваат и кај ретките земни елементи. Поради ова, од ММФ упатија директен апел до владите ширум светот да промовираат комплементарни структурни реформи кои значително би ги поедноставили процедурите за издавање дозволи за рударство и би ги поттикнале неопходните инвестиции во металургијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер

Во врвниот спорт, силата и кондицијата имаат ист значај како и исхраната. 

Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер

Денес, оброкот на секој фудбалер е испланиран до најмалиот детаљ, исто како и најтешкиот тренинг, бидејќи науката вели дека храната директно зависи од тоа како играчот ќе трча и колку брзо ќе се опорави.

Норвежаните покажаа колку далеку можат да стигнат во таа дисциплина на Светското првенство. Додека многумина мислеа дека носат своја храна затоа што не им веруваат на домаќините, вистината беше поинаква.

Тие имаа прецизен план. Со себе донесоа стотици килограми свој лосос, специјално домашно сирење и илјадници портокали, а сè им беше подготвено од личен готвач кој патуваше со тимот.

Сепак, вистинската тајна на успехот лежи во фанатичната посветеност на поединците. Кога конкуренцијата е немилосрдна, секој грам храна и секој час сон прават разлика помеѓу просекот и вечноста.

За денешните најелитни фудбалски икони, чинијата е терен за тренинг за дисциплина, а нивните оброци се прецизно конструирано гориво за уривање рекорди.

Еве како изгледаат режимите на оние кои ништо не оставаат на случајот:

1. Кристијано Роналдо има околу шест оброци дневно и строго избегнува рафинирани шеќери и преработена храна. Неговиот план се базира на квалитетни состојки и совршена рамнотежа на порции за оптимизирање на закрепнувањето.

Познат е по своето правило за хидратација. На една од конференциите, тој го тргна настрана газираниот пијалак и рече: „Agua“ (вода). Со тоа јасно стави до знаење дека водата е неопходна за здравјето.

2. Лионел Меси кога беше помлад, сакаше брза храна и газирани пијалаци, што лошо се одразуваше на неговиот учинок на теренот.

Под надзор на нутриционистот Џулијано Позер, тој премина на исхрана заснована на пет намирници: вода, маслиново масло, житарици од цело зрно, свежо овошје и зеленчук.

Тој го намали внесот на месо и рафинирани шеќери, со што ја максимизираше својата издржливост.

3. Ерлинг Халанд внесува дури 6.000 калории дневно за да го снабди со енергија своето масивно тело. Неговиот појадок се состои од јајца и сурово млеко, додека за вечера избира говедско срце и црн дроб – внатрешни органи богати со железо и витамини од групата Б.

Пред секој натпревар на домашен терен, неговиот татко му подготвува огромна порција домашни лазањи поради јаглехидратите.

4. Нејмар се придржува до хиперкалорична исхрана, која се состои од 60 проценти јаглехидрати, 30 проценти протеини и 10 проценти масти. Таа се заснова на тестенини од цело зрно, наут и леќа, а се избегнува мрсно црвено месо.

Сепак, тој верува во ментална рамнотежа, па повремено си дозволува „оброк за опуштање“ (cheat meal) за да остане фокусиран во текот на напорната сезона.

5. Килијан Мбапе

Инспириран од Роналдо, Мбапе јаде шест оброци на ден и целосно ги елиминирал алкохолот и шеќерот. Неговата исхрана е комбинација од висококвалитетна француска храна и антиинфламаторна медитеранска кујна, со многу хумус, риба и интегрален ориз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик - не е грев да бараш рамноправност

На денешната седница на Уставниот суд, на која се разгледуваше Иницијативата на Левица за оценување на уставноста на членот 76-д од Изборниот законик.

Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик - не е грев да бараш рамноправност

На денешната седница на Уставниот суд, на која се разгледуваше Иницијативата на Левица за оценување на уставноста на членот 76-д од Изборниот законик, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, предупреди дека евентуалното отфрлање на Иницијативата би значело легализирање на нерамноправните услови за учество на изборите и опасен преседан за политичкиот плурализам. Тој кажа дека отфрлањето на Иницијативата е извесно и очигледно според интенцијата од расправата на седницата на Уставниот суд:

„Најголемата опасност денес е Уставниот суд да ни потврди дека може да имаме нерамноправни услови за настап на изборите. Можно е денес да го погази начелото на рамноправност на политичките субјекти и начелото на политичкиот плурализам во Република Македонија”, потенцираше Мециновиќ.

Мециновиќ истакна дека проблемот не е во финансирањето, туку во тоа што на Левица ѝ е оневозможен еднаков пристап до медиумскиот простор за време на изборната кампања.

„Левица не бара финансии. Левица бараше и бара рамноправен пристап до медиумскиот простор, до рекламирањето на телевизиите, порталите и билбордите. Тоа не е грев, туку треба да се запрашаме зошто имаме власт која пробува својот авторитаризам да го наметне како норма”, објасни пратеникот од Левица.

Според него, доколку Уставниот суд ја потврди спорната законска одредба, ќе се создаде преседан што во иднина може да биде применет против секој политички субјект кој ќе го наруши комодитетот на големите партии.

„Веќе имавме преседан на минатите избори. Ако денес го потврдиме тој преседан, тоа значи дека секоја идна партија што ќе сака да им ги помати сметките на партиите на олигархијата ќе може да добие ваков третман. Тоа не треба да им биде прифатливо ниту на медиумите, ниту на политичките чинители, ниту на граѓанскиот сектор”, алармираше пратеникот.

Во своето обраќање, Мециновиќ ги критикуваше и аргументите што беа изнесени за време на расправата во Уставниот суд:

„Слушнавме апсурдни аргументи дека постои опасност од укинување на одредбите затоа што не се знаело дали партиите ќе се договорат. Уставниот суд политичка одлука ли носи? Опасноста од политички исход не може да биде пред оценувањето на уставноста, што е главната работа на овој Суд.”, кажа Мециновиќ.

Тој нагласи дека Левица на последните избори не добила ниту денар државно финансирање за платено политичко рекламирање и дека суштината на спорот е еднаквоста во изборниот натпревар.

„Јас како кандидат добив нула денари на минатите избори. Не се работи за финансирањето, туку за тоа зошто нашата политичка платформа не смее да има исти правила како ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Зошто ние не можеме да ги претставиме своите идеи под исти услови како другите политички партии?“, праша тој.

На крајот, Мециновиќ порача дека борбата за фер избори е борба за демократијата и политичкиот плурализам во државата.

„Демократијата одново и одново се освојува. Таа не е нешто што еднаш ќе го добиеме и засекогаш ќе ни остане. Авторитарните власти, како оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ, ќе пробуваат дел по дел да воведуваат нови правила за тие да останат во удобна положба, а идеите што им се спротивставуваат да не можат да се натпреваруваат на ист терен.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер