Беџети: Ние сме во вовед на политички кризи

„Не се почитва волјата преку гласот, кој е основа на демократијата“

Поради индивидуалци кои не ги познаваме не може да фрлиме сенка на Европското првенство. Не е добро да има пцовки и никој не ги оправдува, тоа не е добро и не треба да се охрабрат пцовки на фудбалските терени. Ние како држава требало да предидиме и законски решенија за да се исклучат такви скандирања на фудбалските терени. Роден сум во Македонија и таа е моја држава, но ние сме Албанци и дел од народ, па тука се мешаат картите. Ќе зборуваме и за програмата на Владата каде што се зборува за Македонски, Македонци, па ќе видиме дали и Албанците се дел од таа Влада. Ако го гледате контекстот пред и по изборите, каде во Македонскиот блок победи ВМРО-ДПМНЕ, а во Албанскиот блок победи Европскиот фронт и гледаме дека не се почитва волјата преку гласот кој е основа на демократијата, ние сме во вовед на политички кризи и нормално е да имаме вакви последици, очигледно е потребно време за доверба кон еден припадник од Српска заедница што има проруски ставови да се грижи за спроведување на Рамковниот договор. рече рече Блерим Беџети во Само Вистина.

Сиљановска Давкова прими делегација на Сојузот на Здруженијата на Македонците-МАКЕДОН

Сиљановска Давкова прими делегација на Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија - МАКЕДОН

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска примила делегација од Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија - МАКЕДОН, сочинета од Александар Јаневски, претседател на сојузот, Лилјана Затуровска и Трајче Димков, потпретседатели на сојузот и Трајче Карапетров од тетовското Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, на средбата која се одржува во пресрет на традиционалното одбележување на 75-годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76-годишнината од насилното прогонство на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, делегацијата од МАКЕДОН информираше за подготовките на настанот, како и за одржувањето на годишното Собрание на кое се очекува да се донесат одлуки за прием на здруженија во Сојузот, за избор на членови на Претседателството на Сојузот и годишна програма за работа.

Претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи ја својата поддршка за работата и активностите на Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, нагласила дека судбината и трагедијата на 30.000 деца бегалци и нивната голгота не смее да се сокрива и релативизира. Претседателката упатила порака дека почитувањето и знаењето на минатото дава голем простор за пријателска иднина кон која се стремиме за доброто на сите на Балканот и во Европа.

Соговорниците на средбата изразиле очекување дека одбележувањето на двата трагични настани, кое ќе се одржи на 30 јуни 2024 година, недела, пред Споменикот на децата бегалци во Парк Жена-Борец во Скопје, ќе помине достојно бидејќи со почитување на судбината и трагедијата на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, ја почитуваме и трагедијата на недолжните деца ширум светот - жртви на војните.

Зеленски: Украина ќе потпише безбедносен договор со ЕУ

Украина ќе потпише безбедносен договор со Европската унија, соопшти денеска претседателот Володимир Зеленски, јави ДПА.

Зеленски во пост на платформата Х, пред неговото пристигнување на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, напиша дека договорот е важен чекор кон „историската цел на Украина за мир и просперитет во ЕУ“.

ДПА појаснува дека договорот меѓу ЕУ и Украина беше изготвен по неколкумесечни разговори меѓу 27-те земји-членки на ЕУ за склучување на пактот за поддршка на долгорочната безбедност на земјата.

„Договорот за безбедност ќе ја зацврсти посветеноста на сите 27 земји-членки да и дадат на Украина широка поддршка, без оглед на какви било внатрешни институционални промени“, рече Зеленски, пренесен од германската агенција.

Прославувајќи го почетокот на преговорите за пристапување на Украина во членство кон ЕУ, Зеленски кажа дека на средбите со лидерите од ЕУ ќе им се заблагодари што „ја потврдија неповратноста на нашиот европски курс“.

Во договорот треба да бидат наведени сите постојни иницијативи на ЕУ, како што се обуката на украински војници, како и долгорочните обврски за снабдување на Украина со артилериски и воздушни одбранбени системи за да му се помогне на Киев против руската инвазија, додава ДПА.

Тетовски Театар со премиера на претставата „Тартиф“ според Молиер

Тетовски Театар со премиера на претставата „Тартиф“ според Молиер во режија и адаптација на Андреј Цветановски.

Тетовскиот театар утре и в сабота, со почеток од 20 часот ќе ја реализира премиерата на претставата „Тартиф“ според Молиер во режија и адаптација на Андреј Цветановски. Претставата ќе биде изведена на македонски јазик во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

Како што информираат од Центарот за култура, имајќи предвид дека авторот Молиер е еден од најзначајните автори на класичната драматургија ова претставува голем зафат за целата екипа. Од таму велат дека претставата се работела во интензивен процес кој изобилувал со креативност и добра енергија.

- Силните луѓе создаваат мирни времиња. Мирните времиња создаваат слаби луѓе. Слабите луѓе создаваат тешки времиња. Тешките времиња создааваат силни луѓе И така се во круг. Низ оваа максима се обидовме да ја погледнеме вечната тема на најголемиот лицемер во класичната драматургија, Тартиф. Но дали е тој лицемерот или луѓето кои зависат од неговата способност? Низ силна и емотивни ситуации се случува трилер претстава која се заснова на замрсените односи на една фамилија, и нивната постојана опсесија за богатство. Низ сите тие ликови и нивните завери ја осовременивме и донесовме во денешни услови приказната распадот на фамилијата, а со тоа и на системот. Дали компанијата беше во постојан пад и пред да се појави Тартиф? Дали корените на фамилија Пернел се распаѓаат од мирните времиња во кои живее новата аристократија?, изјави режисерот на претставата, Андреј Цветановски.

Во претставата играат Тартиф – Ѓорѓи Нешкоски, Оргон – Петрит Незири, Елмира – Миа Кантарџиева – Петровска, Дорина – Марија Цветановска, Дамис – Марко Богдановски, Клеант – Арѓенд Хасани, Маријана – Ирена Мирческа, Валер – Абдула Османи,Пернел – Берат Салиу и Лојал – Шкумбин Зеќири, соопштија денес од Тетовски Театар.

Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите ги изработила Медина Хоџа, додека музиката е создадена од Димитар Андоновски.

Проектот е подржан во годишната програма на Министерството за култура и е втора премиера од програмата на Тетовскиот театар за оваа година, после премиерата Пациентот на Фројд од Миро Гавран во режија на Гент Чајани.

притисни ентер