МакедонијаБеџети: Албанците имаат легитимно право да бараат ново државно уредувањеБеџети рече дека во државата постои сериозен проблем и повика и Македонци и Албанци да разговараат за тоа како се толкува и разбира Охридскиот договор.Пратеникот од редовите на опозициската ДУИ, Блерим Беџети, изјави дека Албанците имаат легитимно право да отворат широка внатрешна дебата за ново државно уредување и самите да одлучат како и каде сакаат да живеат, обвинувајќи ја владата за непочитување на Охридскиот рамковен договор и за блокирање на евроинтегративниот процес. На денешната прес-конференција, Беџети рече дека во државата постои сериозен проблем и повика и Македонци и Албанци да разговараат за тоа како се толкува и разбира Охридскиот договор. „Ќе бидете сведоци дека целта на сите овие дејствија и политички притисоци се прави токму поради ова и поради интегративниот процес“, рече Беџети. Додаде дека, доколку не се постигне согласност, „Албанците имаат легитимно право да бараат ново државно уредување и самите да одредат како и каде сакаат да живеат“. Тој не прецизираше каков конкретен модел на државно уредување предлага, но неговата изјава доаѓа во услови на зголемени политички тензии околу спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и дебатата за европската перспектива на земјата.Тагови: Беџети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветановски: Власта ги излажа сточарите, законскиот рок помина, субвенциите не им ги исплатиВладата на Мицкоски ги излажа и ги изигра сточарите - субвенциите се уште не им ги исплати.Законскиот рок за исплата на субвенциите за сточарите беше до 30 јуни - сточарите се уште немаат пари на сметките. Власта остана глува и на протестот на сточарите во Битола. Ниту ги слушна нивните барања, ниту понуди решение. Прво им ги намалија субвенциите за грло добиток од 12.000 на само 8.000 денари. Сега и тие намалени намалени субвенции, што законски им следуваат, не им ги исплатија навреме. Во исто време, откупната цена на млекото е понижувачка, што не ги покрива ниту основните производствени трошоци. Производните трошоци секојдневно растат. Поскапуваат горивото, сточната храна, репроматеријалите и сите трошоци за производство Сточарите се во безизлезна, тешка состојба, оставени сами, без никаква поддршка од оваа Влада. Голем број размислуваат да ги затворат фармите затоа што повеќе не можат да го издржат финансискиот товар. Две години истата приказна, истите лаги од ВМРО. Ветуваа поголеми субвенции, сигурен откуп, повисоки приходи и грижа за земјоделското производство. Ништо не исполнија. Една голема НУЛА! Субвенциите доцнат, откупните цени се понижувачки, а производството секој ден станува се понеисплатливо. Вкупниот буџет за субвенции е намален за околу 40 милиони евра По две години владеење, ВМРО го уништи земјоделство, ги осиромашни и понижи земјоделците. СДСМ бара Владата веднаш да ги исплати сите заостанати субвенции за сточарите. Нема земјоделска гранка што не е погодена од неспособноста на оваа расипничка влада. Мицкоски секаде донесоа хаос. Со нашите амандмани бараме 250 милиони евра за зголемување на парите во Интервентниот фонд. Бараме повеќе пари за финансиска поддршка на млади земјоделци и на жени земјоделки. Земјоделците заслужуваат сигурност, достоинствен приход, институции што ќе работат во нивен интерес, а не Влада која ги остави сами да се борат за опстанок. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на ИОТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПијани лица во Охрид демолирале објект кој претходно бил обновен со донацииСлучајот е пријавен во полиција, која извршила увид и ги подигнала потребните докази.Фејсбук страницата „Охриѓани“ преку видео-објава информираше за тоа како непознати лица вандализирале простор кај домот Лакочере, кој во изминатите години, како што наведуваат, бил обновен со донации и претворен во мултифункционален објект за локалната заедница. Во објавата се тврди дека група млади лица, меѓу кои имало и девојки, престојувале на локацијата, консумирале алкохол, и според видео снимките, го демолирале објектот. Според објавеното, случајот е пријавен во полиција, која извршила увид и ги подигнала потребните докази. Од „Охриѓани“ велат дека преку снимки од приватни безбедносни камери веќе утврдиле со какви возила пристигнале лицата и очекуваат наскоро да биде откриен нивниот идентитет. Тагови: вандализам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес ТигањЃорѓиевски денес оствари средба со амбасадорката на Хрватска во Македонија,Тигањ.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб. Во фокусот на разговорите беа размената на знаења, искуства и добри европски практики во повеќе области од заеднички интерес, со цел нивна примена во креирањето современи и одржливи решенија што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните на двете метрополи. Посебно внимание беше посветено на можностите за соработка во рамките на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Соговорниците разговараа за меѓународната промоција на проектот, културната размена, како и за поврзувањето на Скопје со европските градови, институции и културни мрежи. На средбата беше истакнато дека проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ претставува значајна можност за афирмација на главниот град како современ европски културен центар, кој успешно ги спојува богатото историско наследство, културната разновидност и современата креативна енергија. Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу Скопје и Загреб преку реализација на конкретни заеднички проекти и иницијативи, кои ќе придонесат за зајакнување на пријателските односи меѓу Македонија и Хрватска и ќе донесат придобивки за граѓаните на двете земји.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter