ЗабаваБебето безгрижно седи во автомобилот и во еден момент вреска од страв поради мајката (ВИДЕО) Во коментарите многумина ги осудија родителите поради неодговорното однесување кон девојчето.Малите деца се љубопитни по природа и обично сакаат да запознаваат нови работи. Тие често се врзуваат за ликовите од цртаните филмови, па родителите им купуваат такви играчки. Меѓутоа, понекогаш децата се плашат, особено кога родителите на кои се навикнати, изгледаат поинаку. На видеото, кое се шири на социјалните мрежи може да се види бебе од нецела година како безгрижно се вози на задното седиште. По нејзиното лице може да се забележи дека ужива во возењето додека мајка ѝ седи до неа. И тогаш, мајката решава да го изненади своето девојче, па во еден момент, на главата навлекува маска од патка. Но, кога ќе се сврти кон девојчето, тоа вреска на цел глас исплашено од новиот изглед на мајката. Во описот на видеото стои: „Мојата ќерка не сака патки“. Штом мајката ќе ја види реакцијата на детето кое избезумено вреска од страв, веднаш ја трга маската од лицето. Снимката привлече големо внимание на Тикток и им се допадна над 870.000 лица. Според коментарите, на некои ова им било забавно и смешно, а на други им било жал за преплашеното дете. -На терапија: Како развивте страв од патки? -Зошто е ова забавно? - Нејзиното лице кога ќе ја здогледа... - Кутро дете! Се избезуми од страв поради нејзината неодговорна мајка. - Ова е чист терор... - Ова е сосема неодговорно однесување на родителите кон сопственото дете. -И јас се исплашив кога ја видов маската, а не олку мало дете. - Кога сакате да станете популарни преку вашето дете без да размислите дали тоа ќе биде истауматизирано. - Навистина ми беше смешно. Лицето на девојчето кога ќе ја здогледа мајка си е непроценливо - беа дел од коментарите. Многумина се прашуваа зошто родителите го направиле ова и дали вредеше за плачот и стравот кај детето. Ваквите видеа на „Тикток“ стануваат сè попопуларни бидејќи родителите на различни начини сакаат да го привлечат вниманието на своите придружници шегувајќи се со своите деца, што според многумина е недозволиво. @barstoolsports The ducks 💀 @Barstool Outdoors ♬ original sound - Barstool Sports Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКим Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“Ким Кардашијан, 45-годишната основачка на брендот „SKIMS“, во ново интервју откри детали за тоа како го организира животот со четирите деца што ги има со поранешниот сопруг, Канје Вест. Заедно ги имаат ќерките Норт (13) и Чикаго (8) и синовите Сејнт (10) и Псалм (7), при што Кардашијан е нивниот примарен старател. Кардашијан за „Тајмс“ откри дека има помош околу грижата за децата, ангажирајќи пет дадилки кои се менуваат. Таа објасни дека „една е секогаш на должност“, додека „останатите четири се менуваат во смени“. Таа секој ден ги вози на училиште И покрај тоа што има помош, Кардашијан вели дека е активно вклучена во секојдневниот живот на своите деца. Таа лично ги вози на училиште и ги зема оттаму секој ден, а секоја вечер заедно вечераат. „Мислам дека сум умерено строга мајка. Многу сум трпелива и им давам многу љубов. Децата сè уште можат да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а јас им читам секоја вечер пред спиење“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Таа се грижи за јавното експонирање на децата Во интервјуто, таа се осврна и на прашањето за јавното експонирање на нејзините деца – особено на најстарата ќерка, Норт, која е популарна на „TikTok“ и сè повеќе се занимава со музика. Кардашијан призна дека се грижи за учеството на децата во семејното реално шоу „The Kardashians“. „Секое дете учествува онолку колку што се чувствува пријатно. Помалите деца се појавуваат додека снимам, но немаат некои големи улоги во серијата. Норт ужива во тоа малку повеќе од другите, па морам малку да ја ограничувам“, објасни таа. Таа додаде дека Норт е најмногу заинтересирана за проекти кои нудат јавно експонирање, поради што нејзините родители се обидуваат внимателно да ги избираат можностите што таа ги прифаќа, наместо да се согласуваат на сè што ѝ се нуди. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Кога станува збор за музиката, Кардашијан вели дека подобро комуницира со Канје Вест на таа тема. Тие се погрижуваат да бидат усогласени и се осигуруваат дека Норт учествува само во проекти што и двајцата ги одобриле. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализираниУчилиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, денес соопшти дека утре целосно или делумно ќе бидат затворени меѓу 400 и 500 средни училишта во Франција поради последиците од насилните студентски протести, додека најмалку 24 училишни објекти биле запалени или вандализирани. „Наставата беше прекината во меѓу 400 и 500 образовни установи во петокот, а веројатно сличен број ќе бидат затворени и во понеделник, иако со делумно и постепено продолжување на наставата“, изјави Бланке, пренесува весникот „Ле Фигаро“. Францускиот министер наведе дека 78 вработени во образовниот систем се повредени откако започнаа протестите. Според него, училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени. Бланке рече дека одредени припадници на крајната левица се приклучиле на протестите, обвинувајќи ги дека го злоупотребиле студентското движење и прибегнале кон насилство. „Ова претставува ризик и за нашиот персонал и за учениците. Повредени се 78 вработени во образованието – нешто што досега не сме го виделе. Тие беа намерно нападнати бидејќи работат во образованието“, изјави министерот. Протести низ Франција Протестите и блокадите на средните училишта започнаа на 17 септември во регионот на Париз, а потоа се проширија низ целата земја. Ситуацијата, како што забележува францускиот весник, ескалираше во четвртокот во неколку француски градови. Петокот беше одбележан со тензии и повеќе од 1.700 приведени лица, со што вкупниот број на приведени од почетокот на неделата достигна околу 5.000. Организаторите повикаа протестите да продолжат и во вторник, наведувајќи дека не добиле „конкретни мерки“ од властите. Учениците што учествуваат во протестите, меѓу другото, бараат повеќе персонал и зголемени средства за образованието, а истовремено се жалат на притисокот од системот за упис на универзитетите, недостигот на наставници-заменици, лошата состојба на училишните згради и преоптоварените распореди на часовите. Извор: Б92Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и синТатко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница. Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група. По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста. Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје. Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице. Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата. Мотивот сè уште непознат Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж. По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи. Извор: Индекс.хрТагови: пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook