ЗдравјеБебе старо две недели е најмалиот пациент со Ковид 19 во МакедонијаБебе старо две недели е најмалиот пациент со Ковид 19 во Македонија, кога на таа возраст пред еден месец било примено со позитивен наод во Детската болница. Сега бебето има шест недели и закрепнува во Ковид центарот во Козле. По првата помош што му била дадена на детска хирургија детето било примено на клиниката за детски болести. Откако се стабилизирало заминало во ковид центарот во Козле и денеска е во добра здравствена состојба. Со овој случај се отвора прашањето како ќе функционира оваа клиника во време на Ковид 19, со отворањето на системот „мој термин“. Директорката на болницата објасни дека прегледите кај специјалистите ќе бидат во две ординации, а итните случаи ќе се третираат во монтажниот објект пред болницата. Деца кои имаат тешки здравствени проблеми, а притоа се покажа дека имаат Ковид 19 ќе бидат сместени во клиниката, но во посебно изолирани соби. Доктор Алулоска апелира доколку децата се со температура, кашлица симптоми слични на ковид 19 да се обратат прво кај матичниот доктор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)Попладневно избувна голем пожар во Карпош 4 во Скопје , во близина на бунарите Лепенец. Голем пожар избувна пред половина час во близина на бунарите Лепенец, покрај кејот на Вардар во Карпош 4. Според видеата, се гледа голем пожар и чад што зафати сува трева и грмушки во близина на објектот на ЈП Водовод. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПоранешна шпанска министерка: Влезот на 80.000 мигранти беше хибриден напад врз ЕУПоранешната шпанска министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја изјави дека масовниот влез на околу 80.000 мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута бил „хибриден напад“ врз надворешната граница на Европската Унија.Според неа, целта била „миграцијата да се искористи како алатка“ за ослабување на Европската Унија во период кога миграцијата претставува особено чувствително општествено и политичко прашање. И покрај овие наводи, шпанскиот премиер Педро Санчез застана во одбрана на Мароко. Гонзалес Лаја оценува и дека случувањата во сеута покажуваат дека миграцијата може да се претвори во средство за политички притисок врз Европската Унија.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменските Хути ја нападнаа Саудиска Арабија, над 70 ранетиЈеменските Хути, поддржани од Иран, нападнаа енергетски постројки и градови во Саудиска Арабија, сојузник на САД, при што беа повредени повеќе од 70 лица.Нападите доаѓаат откако Иран предупреди дека енергетската инфраструктура низ заливот, вклучувајќи ги и американските нафтени и гасни интереси, е ранлива по последната размена на напади помеѓу САД и Иран. Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови од Јемен и поголемиот дел од северот, започнаа напади врз Саудиска Арабија откако прогласија поморска блокада на земјата во јули, загрозувајќи го извозот на нафта преку Црвеното Море. Во исто време, Иран вети дека во наредните денови ќе објави нова ограничена зона во заливот, заедно со мапи на нов бродски коридор низ Ормускиот Теснец, како одговор на економската војна на САД. Саудиските воени авиони извршиле серија воздушни напади врз повеќе области во Јемен, јави телевизијата „Ал Масира“.Тагови: Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook