Бебе починало во автомобил -таткото го заборавил и отишол да работи, потоа го барал во градинка

Едногодишно бебе починало на Флорида откако било оставено во автомобил со температури до 37 Целзиусови степени.

Полицијата го пронашла детето неподвижно во задниот дел од автомобилот, а веруваат дека таму го поминало цел ден.

Таткото на детето имал поинаква рутина тоа утро. Морал да го носи детето во градинка, но наутро, пред тоа, закажал во канцеларија.

По средбата, наместо да го однесе синот во градинка, си заминал дома и од станот ја започнал својата нормална работа.

Околу 17:00 часот таткото отишол во градинка да си го земе детето, но таму му било кажано дека никогаш не го донел. Тогаш сфатил што направил, пишува Daily Mail.

Болничарите неуспешно се обиделе да го оживеат детето, но кај едногодишното дете била констатирана смрт на местото на настанот.

„За само десет минути во возило со затворени врати, може да се загрее за 20 степени“, рече главниот службеник за спасување, Линдзи Џуда.

Во тек е обдукција, а додека полицијата соопшти дека истрагата е во тек, не е покренато обвинение.

Според извештајот на Kids and Car Safety, Флорида е втора по Тексас по бројот на смртни случаи на деца во автомобили.

Светскиот шампион во Формула 1 ќе има дете со 8 години постара девојка

Холанѓанецот Макс Верстапен (27), четирикратен светски шампион во Формула 1, на Инстаграм објави дека го чека своето прво дете со девојката Кели Пике (35).

"Малиот Верстапен-Пике е на пат. Не можевме да бидеме посреќни со нашето мало чудо", напиша тој покрај фотографијата на која го држи стомакот на својата девојка, по што веднаш следеа бројни честитки од пријателите и обожавателите.

Инаку, Кели Пике е ќерка на трикратниот шампион во Формула 1 Нелсон Пике, а веќе ја има 5-годишната ќерка Пенелопе со поранешниот партнер, исто така Формула 1 возач Даниил Квјат.

Извор: Индекс.хр

МНР: Да се одложат сите патувања кон Сирија

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава,  да ја напуштат во прва можна прилика. 

Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава.

Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија.

Како и секогаш, министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389 75 268 736 (меил адреса: [email protected] ).

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Папата Франциск со модринка на лицето на церемонијата за нови кардинали

Папата Франциск денеска ја предводеше свеченоста во базиликата Свети Петар за воведување 21 нов католички кардинал, на која се појави со голема модринка на брадата, за која Ватикан соопшти дека е последица на пад од претходното утро.

И покрај повредата, папата, кој овој месец полни 88 години, беше во добра форма на церемонијата.

На свеченоста беа именувани кардинали од 17 земји, меѓу кои Перу, Аргентина, Јапонија, Филипини, Алжир, Индија и Србија.

Прес-службата на Ватикан информираше дека папата удрил со брадата од ноќна масичка во вчера наутро.

Папата Франциск ја презеде должноста во 2013 година, а во последните години повремено има проблеми со здравјето, поради што користи инвалидска количка поради болки во колената и грбот./MИА

притисни ентер