ЗдравјеБебе е првиот пациент кој ќе замине на операција во Бугарија со возило за интензивна негаЧетири месечно бебе кое итно треба да се оперира во болница во Бугарија е првиот пациент, кое ќе замине со новото возило со интензивна нега. Новите две возила донација од проектот „Хоуп“ се обзебедни со опрема за соодветен транспорт на предвремно родени бебиња и болни новороденчиња со цел да стигнат без никакви последици до болницата каде ќе се хоспитализира, вели доктор Софијанова од Клиниката за детски болести. Посебен тим од клиниката за детски болести го врши и надгледува надзорот за бебиња кои треба итно да се донесат на клиниката или за бебиња кои треба да заминат на лекување во странство. Одделенската сестра Александра Ефтимова вели дека во возилото ја целата медицинска опрема и во доколку детето биде најкритична состојба. Двете возила се дел од донација на проектот „Хоуп“ чини 700 илјади долари и двете комбиња користат електрична енергија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
СветКремљ со реација откако претседателот на Казахстан го шокира Путин (ВИДЕО)Кремљ го отфрли предлогот на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев Русија и Украина да ја замрзнат војната и да се вратат на преговорите. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека, „со оглед на ставот на Киев, замрзнувањето како такво е невозможно“. „Постои главен услов за нас, ние мора да ги постигнеме нашите цели“, рече Песков, одговарајќи на предлогот на Токаев даден за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Омск. На прашањето како Путин реагирал на зборовите на казахстанскиот претседател, Песков одговори дека тој детално му го опишал текот на војната, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“. „Секако дека реагираше. Детално му кажа сè за специјалната воена операција“, изјави Песков за Интерфакс. Токаев му го предложи „Истанбул 2.0“ на Путин Токаев го презентираше предлогот во саботата, додека учествуваше со Путин на 22-от Форум за меѓурегионална соработка меѓу Русија и Казахстан во сибирскиот град Омск. „Ако можам да го изразам моето скромно мислење, бидејќи ме прашаа, можеби е време да се замрзне овој конфликт и да се вратиме на Истанбулската формула 2.0“, рече Токаев, што, како што може да се види на снимката, доста го шокираше Путин. Претседателот на Казахстан рече дека со безбедносни гаранции од големите сили, вклучително и Русија, би било можно да се оди кон мир. „Ова мора да се запре“, рече Токаев, додавајќи дека млади Руси и Украинци умираат во војната и дека конфликтот им користи на противниците на двете земји. Тој исто така нагласи дека не сака да биде посредник меѓу Москва и Киев. 🇰🇿🇷🇺 Kazakh President Tokayev spoke directly to Putin about the war in Ukraine. He said young Russians and Ukrainians are dying, calling it damage to the “gene pool of the brotherly peoples,” and that the fighting must stop because it only helps their common enemies. At the… — Mario Nawfal (@MarioNawfal) July 25, 2026 Русија и Украина одржаа разговори во Истанбул кратко време по почетокот на руската инвазија во 2022 година, а разговорите беа повторно одржани во 2025 година, но без договор за прекин на војната. Песков тврди дека борбите би можеле да престанат веднаш Песков тврди дека борбите би можеле да престанат „до крајот на денот“ ако Киев ги прифати руските услови. Тој додаде дека овие услови беа изнесени пред две години во говорот на Путин во руското Министерство за надворешни работи. Русија бара украинските сили целосно да се повлечат од регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје, кои Москва ги прогласи за дел од Русија, и Украина јавно да се откаже од својата намера да се приклучи на НАТО. Киев ги отфрла овие барања и смета дека анексијата на украинските територии од страна на Русија е нелегална. Песков подоцна изјави дека ставот на Токаев за Украина е конзистентен, но дека тоа не значи дека Москва се согласува со него. Тој го нарече Казахстан еден од најблиските партнери и сојузници на Русија.Тагови: Владимир Путин Казахстан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Шоу бизЛепа Брена со сопругот крстарат низ Јадранското Море во новата јахта (ФОТО)Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ овие денови уживаат во Кварнер, а во Опатија пристигнаа со луксузната јахта „Лејди Б“.Откако пристигнаа со јахтата, застанаа во хотелот и ресторанот „Беванда“ во Опатија и „Амор Си Клуб“, каде што беа топло пречекани од нивните домаќини. На Инстаграм, Беванда објави фотографија од брачната двојка со пораката: „Неочекувани драги гости во Беванда. Лепа Брена и Боба Живојиновиќ застанаа во „Беванда“ и „Амор Си Клуб“, пристигнувајќи со брод во Опатија, пред утрешниот концерт на Крк. Им посакуваме пријатен престој и успешен настап.“ View this post on Instagram A post shared by ʙᴇᴠᴀɴᴅᴀ ∥ ʜᴏᴛᴇʟ ∙ ʀᴇsᴛᴀᴜʀᴀɴᴛ ∙ ʙᴀʀ (@bevanda_hotel.restaurant.bar) На фотографијата, Брена позира во лежерна летна облека - бела ленена кошула и панталони, заедно со шапка и очила за сонце, додека Боба избра светло сина маица, темни шорцеви и апостолки. Во позадина можете да ја видите нивната луксузна јахта закотвена на брегот. Тие пристигнаа во Хрватска со новата јахта Брена и Боба пловат по Јадранското Море со новата јахта „Лејди Б“. Тоа е импресивен брод со две палуби, украсен како луксузен апартман на море. Точната вредност на јахтата не е позната. Тие го посетуваат хрватскиот брег во последните неколку дена, а пред Опатија беа видени и на други јадрански дестинации. Отпловија во Опатија непосредно пред концертот на Брена во Крк, каде што повторно ќе настапат пред публиката.Тагови: Лепа Брена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје- денес имаме разурната цела МакедонијаДенес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје пред 63 години а денес гледаме разорена цела Македонија.Тогаш беше природна катастрофа. Денес државата се соочува со системска непогода. Тогаш земјата се тресеше дваесет секунди. Денес, веќе повеќе од две години, се разоруваат довербата, институциите, економијата и перспективите. Повеќе од две години се трујат: водата, народот, медиумите, информациите, институциите. Иднината. Тогаш последиците беа урнатини и жртви. Денес гледаме разболени граѓани, празни фрижидери, задолжена и изолирана држава и млади што си заминуваат. Тогаш светот се солидаризираше со Скопје. Денес организирана криминална група криминална група и Христијан Мицкоски покажуват солидарност само кон сопствените интереси - криминалот и корупцијата. Разликата е една. Земјотресот беше сила на природата. Денешните проблеми се последица на политички одлуки и на начинот на кој се управува со државата. Последиците се видливи. Разорена доверба. Ослабени институции. Земја од која младите заминуваат,се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter