ЖивотБеба Лончар, српската Брижит Бардо, денес има 78 години и изгледа преубавоДесанка Беба Лончар (78) беше актерка со ретка, елегантна убавина, а на филмот „Љубов и мода“ каде таа вози веспа низ белградските улици во црвено-бел кариран фустан кој ја истакнува нејзината тенка половина, се сеќаваше цела ЈугославијаНе е ни чудо што по ова филмско остварување во 1960 година, таа доби статус на секс симбол, како и прекар српска Брижит Бардо. Беба имала само 17 години кога станала филмска дива. По улогата во филмот „Љубов и мода“ преку ноќ стана една од најбараните југословенски актерки, а имаше и низа улоги во филмовите „Двајца“, „Д-р“, „Лито виловито“, а потоа „Долги бродови“, кој ѝ ги отвори вратите на европската кинематографија. По улогата на викиншка принцеза во британско-југословенската копродукција „Долги бродови“, оваа нежна 19-годишна русокоса, можела да избере по кој пат ќе тргне... Го избрала Рим - „вечниот град“, а Италијанците ја обожавале и ја нарекувале „убавата кукла“ и „фаталната русокоса“. Беба била голема ѕвезда во Рим, работела и се дружела со Марчело Мастројани, Ворен Бити, Масимо Раниери ... Заедно со славата и успехот дошле и многу пари. Така Беба на 19 години уживала во луксузот - бел мерцедес, скапа бунда, голем дијамант ... И додека мажите ширум Европа воздивнувале по Беба, таа својата љубов ја подарила на еден хрватски бизнисмен Јосип Радељак Дикан. Сопружниците го имале светот на дланка, но долго време копнееле по потомство, дури по 13 години Беба го родила нивниот син Лео. Беба била бремена неколку пати, но секоја бременост завршувала со спонтан абортус. Практично, бременоста со синот Лео ја поминала во кревет. „Кога конечно го зедов во раце, сите филмови, снимања, целата слава, сето тоа беше поинаков свет за мене. Животот во болницата многу ме промени. Ја напуштив глумата и решив да бидам со детето, да не го влечат дадилки по сетовите“, изјави во една прилика Лончар. Својот последен филм „La Villa delle anime maledette“ го снимила во 1982 година во Рим, по што ставила точка на филмската кариера иако имала само 39 години. Беба и Јосип ја живееле љубовта и имале прекрасен брак, но во 1994 година, по 23 години заедништво, неочекувано за Беба, се случила негова прељуба и набргу се развеле. „Кога врската што сте ја граделе ќе пропадне, тоа навистина е животен пораз. Но, на 50 години тој реши да тргне по друг пат. Се случува мажите да побараат обновување на животот и младоста, а јас никого не би спречувала да го прави тоа што сака. Не може да се сака на сила“, рече таа. Радељак ја изневерил Беба со помладата актерка Ена Беговиќ, но актерката вели дека другата жена не била вистинската причина за разводот. „Тоа се нарекува замор материјалот. Се сеќавам дека живеевме фантастично, а потоа почнавме да си одиме на нерви. Додека врската помеѓу мажот и жената е постојано заведување, ништо не е проблем. Сексот е најважниот дел од таа игра. Но љубовта, за жал, не е вечна, без разлика колку ние жените го посакуваме тоа, во тоа мажите се попаметни. Полесно влегуваат во нови врски, ризикуваат повеќе.Тоа е затоа што живееме во машки свет, па неверството им се простува. На која жена би ѝ се простило ако го остави мажот со децата и најде 20 години помлад дечко? Би ја ставиле на столбот на срамот. Само, кои сме ние да ѝ судиме на љубовта“, истакна Десанка. Разводот бил особено трауматичен за Беба бидејќи Дикан инсистирал да го добие старателството над синот, а во таа борба бил толку немилосрден користејќи лаги и манипулации. Иако никогаш официјално не било потврдено, овој бизнисмен намерно ја прогласил Беба за алкохоличар и ја сместил во клиника за борба против алкохолот. Потоа ѝ понудил компромис - да заборави на детето што го родила, дека тој ќе му обезбеди најдобри услови за живот и ќе му го препише целиот недвижен имот. Наводно, Беба повторно воспоставила контакт со синот Лео (39) дури кога тој заминал да студира во Лондон, а таа ја користела секоја прилика да го посети. Интересно е што на почетокот на 2000-тите белградското радио Б92 ја прогласи Беба за „најдобра риба на векот“, а таа дојде да ја прими наградата среќна затоа што помладите генерации така ја оцениле. Беба денес живее во Дорќол каде што се родила и израснала. Го сака животот и ужива во него. И на 78 години изгледа фантастично – таа е родена дама, и тоа се гледа и во осмата деценија! Нејзината грациозност и елеганција не бледеат со годините!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветХамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање. „Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА. Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили. Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката. Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија. Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаЗеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област. Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаТри маскирани лица ограбиле обложувалница во ЧаирОграбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. „Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook